Каква фама имаше на темава на 30 август а сеа живо пиле нема))
Разочарани до максимум![]()
Добра ти е забелешката... Трансферите навистина влијаат врз психата на навивачите, посебно тоа што се случува последно.
Погледни што се случува во фан клубот на Интер... Таму владее дури и еуфорија. Очекување титула не може поинаку да се окарактеризира. Заборавија на разочарувањето со трансферот на Ковачиќ, на Хернанес не ни обрнаа внимание.
Кај нас, пак, се заборавија добрите трансфери, иако главна грешка им е што конечно не направија еден добро избалансиран тим.
Можеби Интер е само поради тоа малку во предност. Немаат тие ништо екстра, но имаат играчи да се склопи добар тим, кој ако игра организирано може да направи нешто, иако тоа прво место е тешко достижно.
Манчини сака да изгради цврст тим, кој што нем да прима лесно голови, а во напад да се сведе на индивидуалност. Некој дриблинг и пас/шут од Јоветиќ или пробив од Перишиќ.
Не се ништо екстра, ниту е Милан очаен. Има голем хендикеп, тоа не е спорно, но нема оправдување ако не се при врвот. Јас навистина очекувам добар резултат сега против Интер, само да не се изглупираат нешто...