@Hm_Hm Да, богами сум во шок, ама не претерано се радувам за тоа како изглеа Абате во моментов..
Да се разбереме.. Тој да станал асистмен преку ноќ и не ми се верува баш. Само го очекувам моментот и она треснување од земја кога овие асистенции ќе ни ги извади низ нос!

Значи таква глава е, оваа негова добра игра мора скапо да не кошта кад-тад. Као таа приказната со кравата која давала млеко и на крај ја клоцнала кофата.
Сигурен сум дека овие асистенции негови ќе ни се одмаздат со некој пенал/и, грешка/ки, црвен картон/и кога ќе ни биде најгусто. Абате е тој, истата онаа мува без глава со само една финта во џеб која знае само да трча. Истиот тој Абате кој го гледаме неколку години наназад, истиот оној Абате кој само случајно во недостаток на десни бекови периодов во Италија, стана репрезентативец..
Тој и сеа има десет неупотребливи и ЕДЕН употреблив центаршут по утакмица од укупно 11, само што сеа тој еден се користи за гол..
Да не претерувам, сакам и јас да верувам дека човекот научил да центрира, да проигрува и да биде одличен десен бек, ама некако не ми дава ни срце ни памет да поверуам во таква бајка. Слушајте ми го зборот, ќе ни наплати тој за овие асистенции, обавезно ќе ни наплати.
Инаку што се однесува на натпреварите досеа, нема многу што да се разглаба. Одбраната е главен проблем очигледно. Имаме еден куп потпросечни и можда еден просечен дефанзивец. Плус Де Шиљо кој досеа сезонава е просечен во најдобар случај. Што е до мене,јас сите заедно би ги избркал на клоци, освен Шиљо (само поради потенцијалот и тоа што е наше дете) и скроз нова одбрана би градел. Ама тоа мислам дека не е можно, овие сите најверојатно еден по еден ќе си одат, а управава досега покажа дека нема посериозна намера да ја средува одбраната, така да, уште неколку години ќе се нервираме со тоа.
Нам не ни треба еден или двајца, нам ни требаат четворица или петмина солидни дефанзивци, моментално во тим нема ниту еден. Ако не се деси чудо, ќе почекаме малце за тоа.
А ова што олку го чуваат и му веруваат и го играат Мунтари никад нема да им го опростам. Ќе речете не е лош, има и полоши од него во тим, се бори, се труди, ама најверојатно поради тоа што и во управата мислат слично, се потпираат на него, си мислат дека таа позиција не е приоритет за засилување и тој упорно си држи место и унакажува една од најбитните позиции во тимот. Тој не е лош, ама на таа позиција не смее да игра некој кој “не е лош“ и кој “се бори, трча и остава срце на терен“. Таков имаме - Де Јонг. Ни треба некој кој ќе повлече и почне напад, а Мунтари тоа не знае да го прави. Неговиот негативен допринос во играта е многу повидлив и со многу појше одлучувачки и негативни конкретни последици од позитивниот допринос кој се сведува на истото секогаш: “трча, се труди, се бори и слично...“
Ама јас си зедов хашиш и се возам со змејов моментално, тој вика дека Абате го удрил астероид по таа глупата глава и сеа е нов човек, дека ќе се деси ова чудото што го спомнав за одбраната и дека набрзо ќе земеме квалитетен средњак и продаеме Мунтари, така да не се секирам.