Дури сега прочитав дека сте втори по плати .. многу е тоа бе, барем тим да имавте, проследен со добри резултати, па да не ви е жал .. доколку Берлускони остане на лето мора голема чистка да правите, па макар ги давале играчите без оштета(оние кои земаат голема плата, а не ги бива) .. јас само незнам зошто управата кај вас упорно купува слободни агенти, претежно играчи со одмината слава и големи плати, точно ги земате за ситно или без пари, али таквите ве заробуваат со 2-3 годишни договори, а во блиска иднина неможете да се откачете од нив .. пишав јас од поодамна, мотивацијата за вложување во тимот кај Берлускони е сведена на минимум, се гледа по трансферите кои ги прави последните неколку години ... секоја година иста трансфер политика само секоја година со различни цели за сезоната, значи да не ме разберете погрешно, ама лошата трансфер политика се водеше уште една сезона пред да го освоите последното Скудето .. трансферот на Ибра во Милан беше доказ дека таа година ќе се атакува на Скудето, целта беше остварена, но тоа се покажа како краткорочно решение за тимот, можеби целта ги оправдува средствата, освоивте Скудето, но не требаше да продолжите со иста трансфер политика, беше земен Балотели по можност повторно да се освои Скудето, но квалитетот со заминувањата на Ибра и Силва се намали, па така и целите се сведоа на пласман во ЛШ, па затоа се донасаа повторно слободни агенти со големи плати, целта повторно беше исполнета, но паразити и играчи со големи плати од година на година ги има се повеќе во тимот .. мислам дека ќе беше подобро уште по освојувањето на Скудетото или па една година подоцна кога не успеаја да го повторат успехот, да почнат со ремонт на тимот, уште тогаш да се ослободуваа од играчи како како Мексес и слични на него,а со тоа да се намалеа сумите за плати на годишно ниво, башка послено ќе се ослободевте од некои, бидејќи сеуште имаа некоја си вредност,а и некое евро ќе приберевте, па потоа да се смислеше некој проект со купување на млади играчи и таленти кои ветуваат, кои во иднина би биле костурот на Милан, а истиот таков тим не би имал големи давачки за плати би имал простор да се надогради со некој квалитетен но што е најважно во најдобри години играч .. да се започнеше таков проект можеби до сега ќе имавте стабилен тим, кој можеби сеуште ќе го немаше квалитетот за пласман во ЛШ, но би бил полн со млади играчи кои многу ветуваат .. а управата напротив, продолжи во ист стил се до ден денес, дури сега сета трансфер политика изгледа помизерна,сега целта не е дури ни пласман во ЛШ ... ја незнам стварно што планира Берлускони да прави со овој Милан, ама греота е да продолжи вака, менува тренери, купува евтини играчи се со цел дека наеднаш работите ќе тргнат на подобро, но шансите се мали, играчите се тие, било кој тренер да дојде истото ќе е, доведување на играчи како Есиен и да ја оправат малку работата, тоа повторно ќе биде само за една година,а веќе следната добиваш инвалид со голема плата .. доколку Берлу реши да го оправа Милан и повторно да инвестира, на лето не само што ќе мора некои играчи да ги дава без оштета, туку на некои ќе мора да им го исплати договорот само за да си одат бидејќи за истите ќе нема заинтересираност од никој клуб, никој не би ги зел ни со намалена плата, кога правите ремонт, ова е најтешкиот дел, одстранување од таквите играчи и тешко дека во едно лето ќе може да се ослободите од сите, за таква чиста се потребни 2-3 години, некои ќе ги позајмувате и повторно ќе им давате пола од платата, само колку да бидете во помала загуба од таквите .. доколку почневте уште по освојувањето на Скудетото со вакво нешто, барем сега немаше да има такви во тимот, ќе знаевте на што сте, ќе знаевте кој вреди, кој има потенцијал, кој би бил корисен, а притоа ќе имавте олеснат буџет со плати кој ќе дозволеше трансфер на некој добар играч ... јас мислам доколку Милан почне да прави реконструкција, тоа нема да биде со Берлускони, повторно ќе треба да вложува многу пари, време и нервози, што мислам дека не е спремен на такво нешто, нема мотивација,а можеби му изгледа скапо ...
Плановите за нов стадион се само доказ дека тимот ќе ви оди на продажба, така направи и Росела година дена пред да го продаде клубот, имаше изработено план за стадион кој би се викал по нејзиниот татко Франко Сенси, но тоа беше само фарса, потег со кој на момент ги дига акциите на клубот со можност да се извлечат повеќе пари, а и таа како и Берлускони последните години зимаше играчи со големи плати како Симплицио, Адриано, Бориело, Бурдисо, Дони имаше нов договор со кој земаше 4.2мил по сезона, а тука беа земени 1-2 години порано играчи како Баптиста, Сисињо кои земаа големи плати, а Хуан, Пизаро и уште некои ги продолжуваа договорите и примаа над 3.5мил по сезона ... еве и ден денес сеуште неможеме да се отарасиме од Бориело, кој последните години зема околу 4-5мил ..