Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
26349_521263591257441_905998483_n.jpg


:P
 
Без потреба се искомплицира целава утакмица, овие сељациве беа многу агресивни нема да ме чуди сеа да се откријат неколку ситни повреди. Се надевам дека Мекцес и Пацини се ок и дека ќе играат со Барса... дефанзивнава игра добро ја пичеа на крај... тоа ќе ни се најде за некој ден :D

се чека Марли со рубриката Драг дневнику, денес има материјал
 
Ако има барем 1% вистина во тоа дека Џенова му поклонува бодови на Милан сигурно немаше да ни го покосат пола тим.;)

Очигледно уште од самиот старт беше дека играчите на Милан со паметот се на Ноу Камп па од таму дојде и оваа лоша игра.Немаше желба да се нападне,немаше желба да се игра фудбал кај ниту еден од играчите но на крај собравме 3 бода од ова тешко гостување.Она што го направи Пацини е нешто кое што многу ретко се гледа на терените.Тие 5 минути пред да го даде голот ги играше со една нога но стисна заби и не излезе пред да се подготви замената и даде еден многу убав гол.Голот на Балотели дојде во вистниски момент и што е најважно црново продолжува со постигнување на голови.Единствена замерка за него ми е тоа што кога топката е кај противникот делува премногу статично и се надевам дека за брзо време ќе се промени во тој дел од играта.

Сега најважно е да е се во ред со Пацини и Мексес(?) и двајцата да бидат спремни за најверојатно натпреварот на сезоната во вторник со Барселона.
 
Аа ниско Клипче, ниско удираш нема смисла! :pos:
За политика би зборел до утре, ама не тука, може во било која друга прилика.. :)

Мислам дека видов и други мислења поназад со “одмарање“ демек и затоа пишав.. Ме нервираат генерално такви безвезни ротации а-ла Бенитез.
Абе само се нашалив,не ми е омилена тема политиката XD

Иначе за собиранка Пејо кажа да не праиме малер па сеа вие одлучете :D

Може пример за со Јуве да се собереме :D
 
Добра е :) Најмило ми е кога ќе видам дека тоа што очекував, т.е осеќав не се оствари.. Јавно си признава "стручњачката" Мартина дека згреши :D Абијати беше ѕвер - MOTM.. Се гледаше дека овие од Џенова одеа да ни скршат се што може да се скрши.. така да откако го отепаа Бало после Пацини више и сватив дека теоријата со тоа да им поколнибе бод падна во вода :) Што се однесува за "пеналите".. само неш ќе кажам - секогаш сум била реална и признавала дека има енац или офсајд или било што ама... лани ништо немаше судено во корист на Милан.. ДА, имаше 2 игри со рака, но освен тие 2 можности во кои дојдоа Џенова ниш др не покажаа.. епа сега тоа е :D лани ние се нервиравме за поништени голови, моменти кога другите тимови даваа голови од офсајд, па дури и добиваа пенали надвор од 16 м.. сега треба и ние малце да се порадуваме на судиски грешки :D up next - barca
 
Многу важна победа за Милан. Се насетуваше дека на некои од момците веќе размислуваа на дуелот со Барселона али ипак успеаа да дојдат до сите 3 бода вечерва.

Знам дека формацијава каква што е сега си функционира супер ама многу сакам да ги видам Бало и Пацо заедно напред со Шарави како АМФ. Греота е онаков гол играч како Пацини да грее клупа. И треба некој да седна малку и со Нианг да поработи. Детето игра супер али претерува со дриблинзи а и на моменти се губи тотално и заборава да помогне во одбрана. Ама ајде млад е па има време ќе научи, само да го удри в глава уште од сега дека е некој superstar играч.

Значи сигурно си грабиме кон тоа второ место кое ќе ни донесе директен пласман наредна сезона во ЛШ. Реваншов со Барселона ќе биде тежок натпревар. Ништо чудно и да изгубиме. Амброзини во 90 мин ќе даде почесен погодок за 3-1:)
 
Уште на почеток коа видов дека игра Пацо а не Балотели си реков да го чува Пацо на клупа да не се деси некоа повреда и ете се деси, незнам дал да го кривим Алегри... ама и да не беше Пацо кузнае како ќе беше утакмицата, неговиот гол беше важен! Играчиште е... и со клицкање успеа да распали!
Нашите не се замараа ИЧ, си вежбаа дефанзива изгледа за со Барса како ќе биде и убоо им идеше чим не примивмо гол :D
Констант ѕвер!!! (y)

Сеа да се надевамо ќе бидат спремни сите за со Барса...
 
Пацо, ваков таков 13 гола сезонава....

Нека си гризнат од муда и Морати и краставиот...

И не очекуев дека ќе кажем вакво нешто у животов, али Пацо страшно ќе ни треба за со Барса...

Днска на ниво свите, тоа Бово педерчето требаше да добие еден нос у око барем да биде црвениот на место...


пс.

Драг дневнику, еве ме пак, со пенкалото во една рака, и депрозепамот во друга...
Не ги бројам веќе натпреварите, 6,7,9 11.... И повторно одлична игра на просекот, одличен во напад, многу спринтови трчање напред назад..
А зема голема плата мајку му...
Но за прв пат од кога просекот го доби перманентниот договор имам измешани чуства, и тага поради добрата игра, но и пеперутки во стомакот по таа волшебна 65-та минута...
Просекот доби црвен, падна на провокациите на играчот од провинција, и го остави својот тим на цедило...
Се потврдува мојата теза дека не е класа играч, каков му треба на мојот сакан и мил Милан..
Класа играч како Ибра ќе му опалеше нога на провинцијалецот по сред чело...
Драг дневнику чуствувам дека пенкалото ми се празни, не буквално и физички туку психички...
Ми останува само депрозепамот..
08.03.2013 Питу Гули...
 
163370625-referee-antonio-damato-shows-the-red-card-to-gettyimages.jpg


Констант се налути против бившите соиграчи.
--- надополнето: 9 март 2013 во 13:44 ---
163370258-sebastien-frey-of-genoa-cfc-and-mathieu-gettyimages.jpg


Фламини симулаторот.
--- надополнето: 9 март 2013 во 13:47 ---
163368828-giampaolo-pazzini-of-ac-milan-celebrates-gettyimages.jpg


Каква е ситуацијата со Пацо?
Се надевам дека ке игра против Барса,во форма е.
--- надополнето: 9 март 2013 во 13:49 ---
163374873-mario-balotelli-of-ac-milan-celebrates-gettyimages.jpg


Добра асистенција на Запата кон Балотели.
 
Narduzzo, Ferretti, Antonini, Lucarini, Piccinocchi, Pacifico, Pedone, Bortoli, Henty, Lora, Ganz

Милан примавера против Модена!

едит: Кристанте денеска тренирал со првиот тим на Милан во Миланело!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom