Чудна работа праи ова карма што го викаат.

Се створи таква црна енергија околу Милан после заминувањето на сенаторите, трансферот на Силва и Ибрахимович измешана со немото посматрање на трошењето на шеиците, што одма почнаа катаклизми да се предвидуваат, најцрни можни сценарија.
Некој на фан-клубов да ни го понудеше Пацини кога беше во Сампдорија, не така одамна, ќе го прифатевме мислиш Дрогба во најдобри денови. Ме мрзи да барам низ темите, а сигурен сум дека овде се свршуваше на Пацини. Дури и Анчелоти го бараше во Челзи, се сеќавам. Е сега кај нас иде во ситуација која ја опишав погоре, година-две постар, навивачите разочарани, снуждени, помирени со пропаст на екипата па бити.
За Запата е иста ситуација. Исто се свршуваше и на него, “ау да го имавме овој Запата, чудовишен играч, бла-бла...“, сега, дојден во ваква ситуација, на позајмица, ги праи навивачите незадовлни, депримирани, пак помирени со пропаста на Милан.
Како што рече Димче, медиумите вистина влијаат, ама влијаат и на еден друг начин. Влијаат така да више навивачите не се задовлни со играч купен за помалку пари, не дај Боже земен на позајмица или слободен трансфер. Влијаат така да некој побрзо би дал 7 милиони за некој Нијанг кој МОЖДА ќе стане класа играч, поседува само потенцијал, отколку за некој посигурен, барем кога се работи за Италијанско првенство.
Јасно ми е дека Милан во моментов не може да ги следи најдобрите во Европа, дека ова е и ќе биде многу тежок период, ама верувам дека даваат се што можат од себе за да се изборат со оваа ситуација.
Имаме многу појше просеци во тим, што би рекол Димче, ама јас сакам да мислам дека тие просеци ќе пркнат кај нас, затоа што и Гатузо и Пирло беа просеци коа дојдоа.
Се растури стариот Милан (по што и плачевме да бидеме искрени), се ствара нова генерација и ниту еден таков потфат не оди лесно, а камо ли во ваква ситуација во опкружувањето. Ќе биде заебано можда, ама барем ќе гледаме скроз нов Милан во изградба, сменет од темел, Милан кој ќе се надоградува.