Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Како играше Таиво?? :) Имав некои обврски па неможев да стигнам да гледам :@
 
...кога го покажаа Сержињо во публика и одма после него Таиво, ми дојде нагон да се заклучам во шпајз и да плачам едно 2 саата.

Добро е што не го покажале Бонера или Антонини ... ќе те немаше цела година. :pos:
 
Искрено се плашам нашава 33 -ка да не летна во облаци од многу фалби дека е закон. Последните две со Болоња и Сиена потпросечен, а и со Плзен како копач доста слаб. Дај боже да не е така.
 
Многу повеќе ми се допаѓа Милан со Аквлини отколку Милан со Сидорф. Аквилани моментално е подобар и покорисен играч од него. Сидорф ќе одигра еден до два потега на иснипарација, но толку е од него, а најлошо е што таа страна секогаш останува отворена за напади кон наш гол. Ночерино само го ротираат во такви ситуации, во Плзен исто со Емануелсон, а и вечерва со Сидорф. Сидорф треба да игра само кога некој играч мора да одмори или е повреден, а најдобро би било да се сведе како замена на Боатенг, таму е најмалку опасен по нашиот гол.

Таиво не го бива, тоа е факт, доста се муабетите не го пуштеле, требало да му веруваат. Погледнете ги Ночерино и Аквилани како се изборија за место во тимот. Но, тоа се фудбалери, овој црниов го слушам има силен глас, може на Шара да си дојде да се довикува со овци. Ова полусезона послабите игри на Антонини беа на ниво на најдобрите на Таиво. Колку и да ме пцуете кога ќе го читате ова, тоа е сепак реалност. Ако нема некоаков проблем со Замброта, тогаш најдобро би било тој да биде стартер против Каљари. За да видите колку не го бива Таиво погледнете го Мексес. И покрај полне време неиграње, кое оставило последици, се гледа дека дечково може и знае, кога го гледаш Таиво немаш такво чуваство, туку се прашуваш кај го најдоа. И Бонера е подобар играч од Таиво.
 
Добра утакмица грешка на Алегри што стартуваше Сидорф се изгуби имаше неколку грешки во додавање но брзо реагираше,Ночерино звер за без пари го земаа а игра најдобро ова во Европа најдобар трансфер ќе го прогласат :)
 
Добра утакмица грешка на Алегри што стартуваше Сидорф се изгуби имаше неколку грешки во додавање но брзо реагираше,Ночерино звер за без пари го земаа а игра најдобро ова во Европа најдобар трансфер ќе го прогласат :)
Ако го плаќаа Ночерино како на Виери на времето Фиорентина мислам беше каде дојде за 0 евра и се плаќаше 100.000 евра за постигнат гол,во тој случај Милан веке го има Ночерино гратис т.е плус 100.000 евра ќар.:pos:
 
Како играше Таиво?? :) Имав некои обврски па неможев да стигнам да гледам :mad:

Таиво беше просечен-ништо посебно, неколу пати беше лошо позициониран па Силва требаше да расчистува/покрива на неговата страна...

За лев бек да се земе Бочети од Рубин во Јануари, може да игра лево, десно и како штопер, кога беше во Џенова беше прилично солиден, а го поврзуваа и со трансфер во Милан, мислам дека може така од никаде да го земат него :)
 
Од Taiwo полош фудбалер тактички уште неам видено. Физички и технички не е лош ама поима нема од тоа како треба да се постави на терен. Али може да биде играч од него.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom