Фан клуб: Милан

Саше?

  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Одличен почеток за нас во ЛШ. Останавме непоразени кај актуелните шампиони.

Браво за Алегри кој денес одлично ја имаше поставено играта. Повредата на Боатенг малку му ја наруши концепцијата и барем според мене тука направи грешка што не го внесе Емануелсон на неговото место. Со влегувањето на Амброзини, Сидорф кој до тој момент беше најзвер на теренот отиде понапред и малку се изгуби. Амброзини требаше да затвора по левата страна ама некако многу се гушеа со Ван Бомел во средината. Убеден сум дека да го имавме здрав Робињо на местото на Касано натпреваров ќе беше решен уште во првото полувреме. Онаква искомбинирана одбрана на Барселона нема шанси да ги допре продорите и на Пато и на Робињо.

Сега ни следуваат барем на хартија 3 лесни натпревари во ЛШ од кои очекувам 9 бода па средбата на Сан Сиро со Барселона да одлучи кој ќе биде прв во групата.
 
Брате тоа е зошто нашиве не праеа тоа,а се знае како глумат жабарите...Тоа е тоа не сум јас единствен што тврди дека глумат :) такви се јбга го заебале и драмски спрема мене :))
--- надополнето: Sep 13, 2011 10:46 PM ---

Ај ај ова на дете од 2 години да му го кажуваш само денес надвор што бев ми кажа најмалку 10 навивачи на Барселона деќа Милан нема да помине испод 5...
Не зборувам јас за надвор,зборувам за овде.
Ако не постигнивте гол во последната минута,дали пак ќе го величевте Алегри и фудбалерите што цело време се бранеа и после 2-1 , или ќе имаше критики кои ги нема сега ?Само ова прашање и толку од мене.....поздрав и се најубаво....
 
Да. Само овој одговор и толку од мене.....поздрав и се најубаво....
 
Не зборувам јас за надвор,зборувам за овде.
Ако не постигнивте гол во последната минута,дали пак ќе го величевте Алегри и фудбалерите што цело време се бранеа и после 2-1 , или ќе имаше критики кои ги нема сега ?Само ова прашање и толку од мене.....поздрав и се најубаво....
ДА, ќе ги величевме (зборам за мене, не за другите).
 
Само ми е криво што Сидорф се направи многу паметен и не му ја пушти горе на Пато кога беа три против три во контра!

FC+Barcelona+v+AC+Milan+UEFA+Champions+League+v9xfEwsHyK7l.jpg
 
Не зборувам јас за надвор,зборувам за овде.
Ако не постигнивте гол во последната минута,дали пак ќе го величевте Алегри и фудбалерите што цело време се бранеа и после 2-1 , или ќе имаше критики кои ги нема сега ?Само ова прашање и толку од мене.....поздрав и се најубаво....

Да ти одговорија и другите наместо мене...
 
Дека немаше глумење од страна на играчите на Барса немаше да бидеме реални сега ...

Многу нормално,глумењето е само против реал како одговор на прегрубата игра.
вечерва си беше коректно ако не барате влакно во јајце за секоја ситуација.
 
Не зборувам јас за надвор,зборувам за овде.
Ако не постигнивте гол во последната минута,дали пак ќе го величевте Алегри и фудбалерите што цело време се бранеа и после 2-1 , или ќе имаше критики кои ги нема сега ?Само ова прашање и толку од мене.....поздрав и се најубаво....

Секако. Барса освен по грешката на Абате не направи ниедна шанса за гол од отворена игра. Сите шанси им беа од прекини или пак шутеви од центар. Алегри вечерва ја постави единствената тактика која може да и контрира на Барса. Да сакавме да гледаме отворена игра од нашиот тим против Барса ќе бевме фанови на Арсенал или Реал а не на Милан
 
Дечки, вие што сте одлични за визуелизација, дај најдете гиф анимација од моментот Меси кога удираше по тревата. :icon_lol:
 
Брате тоа е зошто нашиве не праеа тоа,а се знае како глумат жабарите...Тоа е тоа не сум јас единствен што тврди дека глумат :) такви се јбга го заебале и драмски спрема мене :))
Се знае, паѓаат во 16ник за да добијат пенал, а не да се фрлаат околу центар или покрај аут линија за да добие жолт/црвен картон противникот. :)
Одличен почеток за нас во ЛШ. Останавме непоразени кај актуелните шампиони.Браво за Алегри кој денес одлично ја имаше поставено играта. Повредата на Боатенг малку му ја наруши концепцијата и барем според мене тука направи грешка што не го внесе Емануелсон на неговото место. Со влегувањето на Амброзини, Сидорф кој до тој момент беше најзвер на теренот отиде понапред и малку се изгуби. Амброзини требаше да затвора по левата страна ама некако многу се гушеа со Ван Бомел во средината. Убеден сум дека да го имавме здрав Робињо на местото на Касано натпреваров ќе беше решен уште во првото полувреме. Онаква искомбинирана одбрана на Барселона нема шанси да ги допре продорите и на Пато и на Робињо.
Споменав и претходно да излезеше со "елката" на Анчелоти ќе беше уште подобро, грешката според мене беше во играњето на Касано, кој не беше психички спремен за ваков натпревар, го немаше никаде не работеше воопшто во одбраната, исто како играч помалку да имавме. Ако се играше Емануелсон уште на почетокот место Касано ќе имаше и многу повеќе простор за контри со оглед на честите излегувања напред на Алвес, од друга страна ќе добиевме играч знае да покрива и во одбрана, истото би го работел и Боатенг од десната страна, така и Сидорф би имал повеќе слобода на онаа позиција која што си ја играше на почетокот како лев централен играч во средина, после кога отиде на треквартериста позицијата нормално беше дека ќе се загуби дека се бара многу трчање на тој дел од теренот, затоа и Боатенг игра на тоа место кога играме со двајца напаѓачи. Сепак за тоа што го направи мистер Алегри со одбраната секоја чест ! :cuc:
--- надополнето: Sep 13, 2011 11:18 PM ---
Дечки, вие што сте одлични за визуелизација, дај најдете гиф анимација од моментот Меси кога удираше по тревата. :icon_lol:
И моментот на Сидорф врз Чави и Алвес чинам беше, где је лопта ! :icon_lol:
 
Igor Filevski
Абате дома, а Тјаго Силва по семки... :)))

Igor Filevski
‎... а Абиати по боза...останатите од Милан веројатно по слатки, кој од Апче кој во Палма... :)

Дајте да собериме по некој денар и на Филе да му купиме пелени... искакан е лом е напраен гарант.
 
Кој е гикот ? xD
Се гледа дека малу сака да го фаќа патот :D
 
Кој е гикот ? xD
Се гледа дека малу сака да го фаќа патот :D
Филе, кој пред 2 години имаше емисија пред ЛШ на Канал 5 и го испоте со таа Барса, води Топки (не знам уште дали ја има таа емисија).. сигурно го знаеш. :)
 
Филе, кој пред 2 години имаше емисија пред ЛШ на Канал 5 и го испоте со таа Барса, води Топки (не знам уште дали ја има таа емисија).. сигурно го знаеш. :)

Офф хаха тој има и профил на кајгана незнам како му беше xD
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom