Многу од членовиве на фан-клубов изглеа уште ги немаат научено Галијани и Берлускони а?

Немојте никако да се обидувате да прогнозирате за трансфери според нивни изјави и однесувања затоа што сигурно ќе погрешите! Јас барем тоа го научив..

Затоа нема ни јас да спомнувам имиња за тие кои би дошле во Милан,само ќе кажам дека јас им верувам и на Галијани и на Берлускони и знам дека и тие сакаат да можат да носат играчи како Фабрегас,Торес,Озил,Коентрао,а тоа што италијанскиот фудбал е таков каков што е,јебига,не е до нив.. Ни фали играч во среден ред,можда и двајца,значи кого и да донесат од овие кои вие ги викате „најлоша опција“ ќе биде подобро отколку сега.Ќе биде подобро во секој случај.Галијани многу ретко изјавува дека трансфер маркетот за Милан е уште отворен,а тоа го направи вчера и верувам дека ќе донесат уште најмалку еден играч.Кој и да е тимот ќе биде посилен од овој досега.За уигрување,губење време и тренинзи не се секирам затоа што ми текнува на Ибрахимовиќ,Робињо и Ван Бомел претходнава сезона..
Веќе досега без пари зедовме 5 пати бољи лев бек од мувата без глава која играше на таа позиција претходните 2 сезони,за ротација одличен централен дефанзивец(од Бонера сигурно подобар,па и од Јепес) и еден од најталентираните,а можда и најталентиран(според фудбалските експерти) млад играч од Италија.Алегри изјави дека освен Пато уште некој ќе не изненадел во наредниве 6 месеци,јас прогнозирам дека тоа ќе биде Емануелсон!
Милан и претходните 2 трансфер периоди и овој сега,паметно,рационално и интелегентно работи на трансфери,финансиски тоа веќе и се осеќало во клубот.
Исто,не заборавајте и дека имаме доста играчи во ростерот,никој не е продаден и тоа ствара проблеми!
И немојте да се носите во ситуација да плукате по Берлускони,па после на 31 август да го правите Господ!Лошо ќе се осеќате коа ќе ви текне дека сте го прозивале за курвите!

Верувам во нашата управа,Галијани и Берлускони знаат што прават и верувам дека и следнава сезона ќе бидеме конкурентни секаде! Убаво напишал еден фан поназад..За ЛШ не е екипата на играчи од пресудно значење.Потребно е нешто појше,а Милан тоа го има!
Работите се движат на добро во тоа уопште не се сомневам и топло ви препорачувам и вие да не се сомневате!

FORZA MILAN!