Особено кога се осакатени со повреди, не е важно како, мора да се собираат бодови, цел месец ќе биде слично. Само нека продолжат да се бранат добро, Фиорентина освен голот, кој во суштина беше автогол, не создаде нешто значајно, а во напад како вчера можеби ќе падне нешто. Веројатно вакви натпревари ќе гледаме и во следните кола, особено против Аталанта и Рома.
Се виде разлика кога влезе Хименез и игравме со класичен напаѓач, а и кога Салемакерс отиде на крило.
Во тие две шанси за гол, после прекин, кога Павловиќ и Томори шутираа неконтролирано, да беа Бастони или Ачерби, Интер ќе имаше два гола и лесно решен натпревар.