Ме изненади Пиоли со изјавата, секогаш кога ќе го прашаа за трансфери, велеше дека има добар тим, а раководството ќе направи се доколку може да го засили тимот и дека знаат што прават.
Дека треба засилувања на сите ни е јасно, не е лошо тренерот, а и Малдини да изјават вакво нешто, само не знам дали си прави алиби за сезоната што завршува или има врска и со тоа што следи!?
Инаку не ќе беше лошо и малку поголема самокритичност да видовме од негова страна.
Би сакал изјавата да биде малку форсирана од медиумите, да ја повтори и кога ќе заврши последниот натпревар, да видиме како ќе реагираат овие што го водат клубот.