Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Санчез во ПСЖ за 15 милиони евра и 5 милиони плата.
 
Според тоа како работат, поголеми шанси има да не доведат никого, отколку да влечат некој паничен потег. А и сигурно беа подготвени на ваква разврска, што не значи дека ќе инвестираат во друг.

Треба да очекуваме сега некој од списокот на Монкада, веројатно Французин, можеби некогаш и се појавила вест дека бил следен од Милан или некое попознато име, но на позајмица.

Дури не би ме изненадило, доколку имаат проблем да најдат некого за мали пари, Раде и Адли да бидат тие што ќе треба да пополнат во среден ред, а да тргнат посериозно по Зијеш.
 
Побега останува значи.
 
Според тоа како работат, поголеми шанси има да не доведат никого, отколку да влечат некој паничен потег. А и сигурно беа подготвени на ваква разврска, што не значи дека ќе инвестираат во друг.

Треба да очекуваме сега некој од списокот на Монкада, веројатно Французин, можеби некогаш и се појавила вест дека бил следен од Милан или некое попознато име, но на позајмица.

Дури не би ме изненадило, доколку имаат проблем да најдат некого за мали пари, Раде и Адли да бидат тие што ќе треба да пополнат во среден ред, а да тргнат посериозно по Зијеш.
Ја мислам дека Раде ќе го рачунаат за таа позиција пошто сега добро се покриени на AMC и нема потреба таму да игра. Тонали, Бенасер, Побега, Адли, Крунич и Бакајоко ќе е средината. Освен што викаш со некој француз на Монкада да изненадат.
 
Побега останува значи.

Мислам дека Побега секако ќе останеше. А и заслужи да остане барем една сезона, па потоа здравје. Бакајоко е тој што треба да си отиде.
 
Ако остане ростеров вака тогаш не е страшно и ако не се одбрани титулата, ама ако дојдат ок играчи за у средина и одбрана ( под ок мислам класа над Бало Туре или Салемакерс тип на играчи ) ондак титула мора да биде целта и се друго да биде промашај.
 
Титулата беше освоена со +2, секако дека не е страшно ако не се одбрани. Битно е да останат во борба и да се види прогрес.
 
Освен Лукаку, кој ако експлодира ќе биде гадно, ништо друго што донесе конкуренцијата до oвој момент не ме плаши.
Во моментов сме во игра за скудето, не сме фаворити, ама не бевме фаворити ни лани, а тешко дека од сега натака некој ќе донесе фудбалер што прави голема разлика.
 
ПСЖ повисока плата му понудиле на Санчез и тоа е.
6 мил кај нас никогаш немаше да добие од старт.

Проблем е што засега немаат алтернатива и премногу чекаа на него.
 
ПСЖ повисока плата му понудиле на Санчез и тоа е.
6 мил кај нас никогаш немаше да добие од старт.

Проблем е што засега немаат алтернатива и премногу чекаа на него.
Ima alternativa .. SMS
 
Таман го научивме Салемакерс како се вика, го донесоа овој.. а тек го бараат и Танганга, со име ко од човекојадно племе од западниот брег на Африка. Среќа Челзи го зедоа тој Чуквуеменка и се надевам скаутиве нема да избацат некој нов сличен дека тешко и нас овде и коментаторите на Арена...


Ете се интересираат и за Ндомбеле
 
Де кеткекреркеаелере е солиден трансфер, ама има доста аспекти во својата игра што може да ги подобри и ќе му треба време на детето во оваа лига.

Само ми е страв како и кога новите ќе се интегрираат во тимов, пошто делува дека ќе почнеме со доминантно старата постава и постепено ќе ги интегрира Пиоли. Се надевам дека се ќе си дојде на свое место.

Милан може континуирано веќе некое време со 2 добри трансфери да се прошета низ лигата и без притисок да помине групи. Вака, или ќе има тресење или молење кон семоќниот господ бог. Мислам дека финансиската стабилност и принципи кои ги имаат поставено како да им се побитни отколку фудбалската доминација која објективно е на дофат.
Со Санчез многу добар играч испуштивме, да не се лажеме. Но, такви времиња дојдоа што да понудиш некому 6 милиони што не е бог знае колку астрономска сума може да предизвика бунт, незадоволство и револуција во соблекувална составена од играчи чиишто мозоци се исперени од сумљиви агенти и пробисветови.

Многу сезонава ќе зависи од повреди и колку ни е добра клупата. А тука стоиме доста тенко.
Едноставно право чудо ќе биде ако не станеме АЦ Болница во текот на сезонава како што е случај изминативе катаљарда години наназад.
Исто и прашање е колку Кјаер е спремен и колку е вратен во натпреварувачка форма. Многу ќе зависи од него сезонава, бидејќи тука стоиме доста сомнително и тешко дека ќе можеме цела сезона да ја истераме само со Фикајо и Калулу. Габиа ми е ептен сумљив.

Еден во средина очајно фали, не знам колку тие што моментално се поврзуваат со нас се тоа што ни треба.

Не знам што да очекувам од Дивок да бидам искрен, некако ептен чуден лик е човеков. Како да не му се игра фудбал многу, но можеби тоа е само моја потсвесна реакција потхранета од сите оние години мизерување. Се надевам дека ќе има жар и желба да се бори.

Навистина штета за Санчез, ама 1000% сум убеден дека типот одлично ќе се вклопеше во екипава.

Очекувам да гризат првите кола до Ноември дечкиве, бидејќи имаме многу играчи кои се на граница од тоа да бидат повикани на СП, некои од нив и да се покажат па да добијат шанса во први 11 за својот национален тим. Сепак, и тоа не е за потценување и очекувам екстра буст во таа смисла.
 
Ima alternativa .. SMS
Утре сабајле.

Ете им играч, ама сега ќе кошта многу. Потценет со оглед во кој тим игра моментално и поефтино ќе ги кошташе ако го земеа уште кога играше во Удинезе мислам тогаш го бараа како замена за Кесие.

 
Ете се интересираат и за Ндомбеле

Пази ова сеа..

Знаев дека Монкада нема да разочара. Еве, само што излегоа нови имиња коишто се следеле за таа позиција: Raphael Onyedika од Мидтиланд и Lesley Ugochukwu од Рен.

Јас мислам дека прво ќе чекаат да ја средат ситуацијата со Бакајоко, да го тргнат и после тоа ни нема бегање.. ќе донесат некоја црна аждаја од француска, белгиска, данска лига што од дома не го знаат каде е, излегол коа имал 7 години и уште не е вратен.. и Господ не може да му го погоди името.

А можда треба да се пази и на името Флоријан Грилич, моментално е без клуб. Ако не го лапне Галијани во Монца, гарант нашиве го имаат во некоја комбинација.
 
Само што таа позиција не трпи неискуство, друго се е ок.

Треба да се бара искусно решение по можност од Италија со веќе створен кредибилитет кај судии. Ако земеме дете што ќе го чекаме колку што го чекавме Кеси, Тонали и Бенасер за да проигра нема ништо да направиме.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom