Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Поради големата плата од 7 милиони што му ја даваат на Ибра Милан не може да си дозволи да потпише друг центарфор па макар и на позајмица.Inaku imavme sansi da zememe konkurenten napagjac..
Zatoa i igraci samo od Francija barame sto poeftino da e..bar da go zemea onoj od Brest.
Откако им се врати од повреда Мандрагора, Побега не добива многу простор. Не сакаат да развиваат фудбалер на друг клуб, доколку не мораат. Ако им дојде Ричи од Емполи, уште потешко и од клупа да влегува нашиот.
Во секој случај, има голем напредок во однос на оној Побега од Специја.
Баш така, играчите сите изјавија се бориме за титула а менаџментот уместо да ги подржи и да донесат засилувања на толку повреди они шутурец од црвена ѕвезда купуваат....Реално не треба да се излага и да се збори одиме по титула кога немаш џеб, бркај си место лига шампиони џабе да се лажеме, кажи немаме пари и тоа е. Јувентус го носи Влахович, Интер Госенс а црни Милан го носи Марко Лазетич и ке го бркале Интер XDD
Што е уште победно од денеска најблискиов медиум до Милан форисра као у лето ке дошле 3ца светска класа играчи тешење на максимум, на крај бонера ке го вратат од пензија.
Кеси требаше да лета летоска уште у Јуни или нив договор или марш надвор....бар ќе земеа 20-30 миљона ќе го собереа Ренато Санчез за истите пари и немаше да бидеме ништо полоши али ќе немавме дупка у средина ова лето...Од овие што си отидат како слободни Милан најмногу можеше да заработи на Донарума. Но, да бидеме реални, кој би прифатил да го продадат во 2019? Елиот доаѓа во клуб и го продава најдобриот и најталентираниот фудбалер во тимот!?
Тоа ќе беше прифатено од навивачите? Следното лето веќе беше короната, со што беше и потешко за продавање, но ни тогаш никој не би прифатил да го продадат, би биле плукни до Америка и назад.
Нормален договор не беше можен, од една страна висока плата, од друга договор само на година-две плус. Дури и премногу пробуваа да им угодат, воопшто и не треба да се разговара за таков договор.
Хакан и Кеси почнаа да покажуваат нешто добро кога договорите почнаа да им истекуваат. Тука е проблемот со нив. Хакан во последна година ипол почна да дава знаци дека заслужува нов договор и покачување на плата, иако и тоа е прашање ако се читаат коментарите. 80% од фановите беа против негово останување.
Проблемот е што тогаш беше последниот воз да се затвори договорот со Кеси (при евентуална продажба од него би можело да се заработи повеќе отколку од Хакан), но не можеш да се ценкаш со еден, а да си ја уриваш преговарачката позиција со прифаќање на условите на друг. Тука се изгуби моментумот со Кеси, кој патем беше Президенте, лидер, спремен да гине за клубот, даваше изјави дека сака да остане... Потоа му се отворија подобри можности и тука веќе привршуваат шансите на Милан.
Не ги оправдува ова Малдини и Елиот, кои што и ги пропишуваат правилата околу висината на платите, но мене повеќе ме нервираат некои други работи. Иако и не може да се води инает со платите, ако конкурентите се спремни, да ги дадат тие пари без никаков проблем.
Ако ти фали десно крило или полушпиц, ти фали креативец, си избрал два-тројца, не ја оставаш целата сезона на цедило за еден до два, па и пет нека се, милиони евра. Да додадоа два милиони за Фавр немаше ни да се глупира, толку, а можеби и еден милион да додадоа за Адли немаше да мора да го остават во Франција.
Не сакале да преплатат фудбалер?! Не знам баш дека добро ја поставуваат границата. Еве и да не сакаат до донесат сега некого за 10-15-20 милиони во одбрана, затоа што не се сигурни дека би донел некое значајно подобрување во однос на овие што ги имаме (и сакаш да тргнеш поозбилно по тој Ботман или некој сличен), но ако си проценил дека тој младиот од Шалке може да биде добар дефанзивец, дај и 8, ако си планирал само 5.
Вакви работи ми пречат повеќе.
Кеси требаше да лета летоска уште у Јуни или нив договор или марш надвор....бар ќе земеа 20-30 миљона ќе го собереа Ренато Санчез за истите пари и немаше да бидеме ништо полоши али ќе немавме дупка у средина ова лето...
Неспособни се да бидеме реални...