Онаква утакмица ко синоќа, Верона нема да има во следни 5 сезони. Два прекини, два гола и мртвило. Голманот фати невозможни топки, Тео Ернандез промаши невозможни зицери, една статива, еден промашен пенал и два гола поништени, 35 шута на Милан, 10 во оквир.. Што да праиш на таква утакмица ај..
Паузава иде во вистински момент, јас се надевав дека и Ломбардија како и некои други региони во Италија ќе им забрани на играчите да одат во репрезентации, барем ќе останеа во Миланело, ќе одмореа, ама ај и вака е добро. Треба да се издржи во добра форма и горен дел на табелата до јануари, а тогаш да се потроши она што се зачува летоска. Фали уште еден добар дефанзивец и еден искусен средњак во овој тим иначе Кјаер и Кеси ќе се распаднат до април. Ако успеат и некако Саличе да го избркаат и да соберат десно крило би било врв, ама не верувам во таа бајка уопште. Ни ја ни змејот чак. Бар до лето.
Точно е и дека нема потреба од стварање притисок со Скудето муабети, затоа што баш играњето без притисок после корона паузата го створи овој моментум на Милан, ама јебига, позицијата, утепаноста и изедначеноста на лигата во моментов си го праи своето. Најверојатно ќе мора да покажат и дека можат да се носат со притисок.
Не беше лоша утакмица вчера, не сакаше да влезе јебига, се дешава. Само се деси во лошо коло, со лош противник, кога можеше да се искористи шанса за да се соберат бодови и разлика пред конкуренцијата. Добро е што криминално лошата партија на имбецилот Калабрија се деси вчера, ипак знаевме дека иде и кај и да е ќе се деси. Не значи дека и следната нема да му е иста, ама мислам дека по теорија на вероватност би требало и гол да им дае на Наполи (што не му е страно нему), па таму некаде со Џеноа/Сампдорија да кикса пак. Вчера успеа да го напраи тој Закањи мисиш играчиште у пичку матер, ебате кретенот.
Пиоли вчера беше лош со измените. Немаше никакво фајде и потреба од Ребич, буквално ништо не изигра цело полувреме. Требаше Брахим наместо него да влезе во онаква ситуација и Хакан мораше многу порано надвор. Да се надеваме дека паузава ќе помине добро, нема да се појават нови коронаши и нема да се повредат таму низ терените во Лихтенштајн, Литванија и Ерменија и да глеаме добра утакмица против Рино Гатузо за две недели.