Мислам дека нема да згрешам ако кажам дека ја одигравме најдобрата утакмица оваа сезона, штета што изостана реализацијата. Ако за претходните утакмици со Лудогорец и Спал не ми беше јасно како ги добивме со 3 и 4:0 (буквално се што шутнавме влезе), денес не ми е јасно како Сампдорија си оди со само 1 примен гол од Сан Сиро. Промашен пенал, поништен гол на Бонучи (оправдано), пречка на Хакан и уште 3-4 чисти позиции за истиот, шансата на Калбарија кога одбрани Вивиано ... нејќеше да влезе за втор гол маму и ибам.

На крај можеше да го изедеме за сите пари, но за наша среќа се извади од памет оној од Сампдорија кога виде во каква шанса се наоѓа.
Играта на целиот тим е подигната за неколку нивоа, но страшно е колку напредува Хакан од утакмица во утакмица.

Денес без дилема најдобар и најопасен поединец беше од наша страна, иако и играта на останатите не е за потценување. Пример одбраната делува се подобро и подобро (Калабрија искина денес), средниот ред исто така го крева нивото на својата игра, едино Сусо некако падна во последно време. Денес најслаб поединец од наша страна и мислам дека Гатузо згреши што не го замени со Борини. Некако ми се чини дека и он е свесен дека игра под своето ниво па почнува да форсира некои шутеви кои немаат никаква поента. Во секој случај очекувам и сигурен сум дека ќе ја врати и он старата форма.
Андре Силва конечно нешто изигра.

Денес за оние 20ина минути што ги изигра прикажа многу повеќе од Кутроне што треба сите да не радува затоа што ако така продолжат и двајцата ќе добиеме двајца напаѓачи кои што ќе се надоплнуваат кога на едниот нема да му е денот.