Черчи не е толку лош, многу е подобар за разлика од претходната утакмица, уште во 20та минута го имаше првиот успешен центаршут, а следуваа и уште неколку, ама сепак треба почесто да се напаѓа преку левата страна. Со тој стрим што почнав да гледам не забележав зошто излезе Абате, ама го фатив моментот кога тоа голманчето ги покажа своите способности, јес да одбраната беше небитна, од офсајд позиција, ама добри рефлекси покажа. Кој ќе брани ни е најмал проблем, дали Лопез или Донарума не менува многу, ама треба Лопез да си брани, пред се е големо понижување да брани дете од 17 год. пред него, може во купот да му се даде шанса.