Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Во ред е да си против носење на некој играч, ама јас стварно би сакал, некој од тие кои се категорично против Врсаљко, да ми објаснат зошто е Шиме Врсаљко дебакл?
Стварно ме интересира со што е поткрепен тој став.

Тоа дека се вика Шиме, доаѓа од Џенова, купен од дилетантот Мамиќ и што би дошол уклучен во трансфер - размена со Матри, е ултра глуп аргумент против, ако се заснова само на тоа.

Јас го неам многу глеано, ама тоа што го глеав против Бразил, па и против Мексико (иако таму цела Хрватска беше слаба), сигурно не беше дебакл.

Еве видов дека @wARMAN69 е категорично против, ако и некој друг сака, нека одговори..
 
Еве сега гледам како замена за Балотели сакаат да го земат Мартинез од Порто(овој е звер) ни оди во профил шо не го играа на светсково и ценава малце му падна па не е научна фантастика да заврши во Милан за околу 30 милиони

Мислиш ни оди во прилог? :icon_lol:

Нејќам да доѓа никаков десен бек ради кој Де Шиљо ќе игра лево. Таа неприродна позиција не му дава да го извади најдоброто од него не му дава да напредува и да се гради.
Е сеа ако намерата е да се продава Де Шиљо летово и ради то се носи овој Шиме, тоа е друг муабет веќе.

Ja koлку што знам Шиме е лев бек ...
 
Десен бек, лево играше против Бразил затоа што немаа Хрватите подобра опција.

А како поминува времето, се помалку сум убеден дека Шиљо е (или би бил) екстра подобро кога би игра(л) десно, а не лево.
 
Едни од своите најдобри утакмици и во Динамо и за Хрватска ги има изиграно као лев бек. Хрвативе по форуми ги издвојуваат утакмицата со Гиор за Динамо и оваа против Бразил. (на двете лев бек), иако матична позиција и поконстантно добар е десно. Очигледно добро се снаоѓа и таму и таму.
Минатата сезона, првата утакмица против Интер ја играл како десен бек и таа му е најдобро оценета утакмица за Џенова. Втора најдобро оценета му е против Рома.

Исто така, не треба да се заборави дека за Џенова, лани играше во усраната 3-5-2 на Гасперини, значи повеќе како крило, отколку како бек. Исто така не треба да се заборави дека поради повреди, вкупно има пропуштено 16 утакмици за Џенова, а кога бил здрав обично играл во прв тим.

Од друга страна, и јас верував дека Де Шиљо само се гуши како лев бек и мора да го вратат десно, ама тој пред месец дена изјави дека многу подобро се осеќал како лев бек, таму имал појше простор за игра (?!) и се гледал себеси као лев бек.
Двајцата знаат да играат и лево и десно, ако дојде Врсаљко и ако Шиљо ја врати формата од предминатата сезона и двајцата играат во прв тим, нека се менуваат, ништо страшно, во прилог им оди тоа што не се ограничени само за една страна.
 
Нино, но Шиљо во последно време игра подобро лево од десно.

Од октомври (можеби ноември) 2012, имал подобри натпревари лево, отколку десно.

И друго нешто. Во право беше Малдини кого велеше дека на Шиљо му е потребна поголема агресивнст, тука немаше некој напредок. Но, имаше добар центршут, дури и со двете нозе. А не памтам во последно време да имал добар центршут ниту со десна нога.

2012/13 му е подобра сезона од 2013/14, можеби поради повредите.

А Шиме е полош лево од Шиљо, тоа мислам деа е сигурно. Па и на натпреварот против Бразил, офанзивно не направи нешто добро, иако во дефанзива заврши одлична работа.
 
Последно уредено:
@Hm_Hm Се согласувам со се.

Сигурно и тој затоа изјавил дека сака да игра лево и се глеа како лев бек. Па и Прандели го виде као таков.
Апсолутно е точно и тоа дека предминатата сезона му е далеку подобра од последнава. Јас искрено се надевам и верувам дека тоа е така поради повредата и поради тоа што немаше константност. Затоа и реков дека би сакал да ја врати таа форма од 2012/2013.
Апсолутно е точно и тоа со центаршутевите. Верувам дека ќе се среди и таа работа. Шиљо има огромен потенцијал, посебно за дефанзивниот дел од играта и му треба само константна игра без повреди и паузи и самодоверба која со тоа доаѓа.
Заедно со Шарави, се надева дека нареднава сезона ќе го имаат тоа.

Немам ништо против Шиљо да остане лево, а Врсаљко да игра десно, баш напротив, поготово после изјавата на Де Шиљо.
 
Иначе ве кејфа како летаат непотребниве од Милан сеа за сеа?

Мене ме изненадува што скоро се што требаше да си оди си отиде а у нареднава недела ќе си отидат уште 3-4 играчи сигурно.

Инаку Итурбе,Грижман,Черчи,Валбуена се опциите за RW и мене освен првиот ниеден од овие другиве не ми е по кејф.

Итурбе е прав погодок, млад перспективен играч со потенцијал и гледајќи го денешниот пазар цената од 30 милки не ме изненадува. Таа е таа.

За местото на Балотели денеска влезе у игра Џексон Мартинез кој најверојатно има уште една година договор и Порто не можеле да ризикуваат да си иде ко free agent па нашиве можно е да загризаат.
Може некој да го провери ова со договоров?

Врсаљко десно и Шиљо лево ми е сосема океј.
 
Според transfermarkt, Мартинез има договор со Порто до 2016. Тешки се Порто кога се купува од нив, се сомневам во изводливоста на тој трансфер, освен ако ептен Мартинез не притисне или ако се приморани од некој икс фактор.

Во врска со ова што се чисти, јас засеа сум половично задоволен, затоа што се некаде до пола. :) Од страв, не сакам да се залетувам, рано ми е.. Добро се одвива тоа засега, ама Закардо, Констант, Робињо, Матри, Есиен се уште се во тим, се надевам набрзо, еден по еден ќе се пакуваат.
 
Мартинез лани беше у ситуација кога имаше уште година од договор и тогаш Порто му ја накачија платата и му продужија уште 2-3 сезони...
Ја пак сум за Манџукиќ, ако си иде више Бало, али го сакам црното па и да остане нема да се жалим, али под услов да дојде некој од тие крилата, само да не е Валбуена, незнам али мене ич мерак не ми прае...
 
Валбуена никако. Ем 30 години има ем после не можеш ни да го продадеш и истото важи и за Лавеци.

Грижман нели повеќе игра лево кај Шарави? Да го бутаме со сила десно мислам дека не иде.

Черчи би го прифатил единствено ако за остатокот од парите земат добар CM. Штета што ни избегаа Струтман,Наиголан и слични на нив годиниве наназад.

Иначе ако Абате иде у ПСЖ се збори Рабиот+некое евро за него. Знам дека Марли го хејта малиов али за него заинтересирани се Арсенал,Интер,Рома,Јуве па зашо да не се проба?
Бољи тој него Кучка.
 
Валбуена никако. Ем 30 години има ем после не можеш ни да го продадеш и истото важи и за Лавеци.

Грижман нели повеќе игра лево кај Шарави? Да го бутаме со сила десно мислам дека не иде.

Черчи би го прифатил единствено ако за остатокот од парите земат добар CM. Штета што ни избегаа Струтман,Наиголан и слични на нив годиниве наназад.

Иначе ако Абате иде у ПСЖ се збори Рабиот+некое евро за него. Знам дека Марли го хејта малиов али за него заинтересирани се Арсенал,Интер,Рома,Јуве па зашо да не се проба?
Бољи тој него Кучка.

Гризман секаде ти игра во напад, во Сосиедад сезонава играше и како лажна 9ка и на доста други позиции доста добар играч а и во Франција се виде почнува лево и нон стоп влегува во средина втрчува..доста подобра опција е од Итурбе.

Рабиот го гледав неколку утакмици сезонава доста добар е технички но за прв тим незнам дали е, а и таму имаме еден куп играчи башка Кристанте го оставија.
 
Можам да се кладам дека Абот ако остане и овој Врсаљко ќе успее да му го земе местото.:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom