Би било супер ако пред да оцените некој играч, се прашате дали уопште го имате глеано во животот, ако ништо друго.
Јас го имам глеано Абел Хернандез, го имам и Муриел ( за кој ќе сте давале 13 милиони попрво), го имам глеано и Љаич...
Имав еден пост некаде околу февруар, март, кога Палермо беше во зона на испаѓање, а не верував дека ќе отпаднат, во кој пишав дека ако отпаднат, од кај нив вредни за купување би биле само Иличич и Абел Хернандез.
Се сеќавам дека коа Кавани играше во Палермо, а и во првата сезона на Пасторе таму и кога Палермо играше против нас, Хернандез беше третиот играч од Паелермо од кој најмногу се плашев коа игравме со нив. Е сеа, после тоа Кавани и Пасторе стануваа појаки играчи, првиот играчиште, а овој стагнираше поради повредите. Се сеќавам и дека не реши една утакмица.
Хернандез е солиден напаѓач. Брз, експлозивен, со одлично чувство за гол. И тоа како би го зел во Милан, под еден услов, поготово затоа што се бара напаѓач за ротација, за клупа, а не за прв напаѓач.
Условот ми е, да се гарантира некако дека ќе му ги средат повредите. Секоја сезона има долги периоди надвор од терен, повредите најчесто му се мускулни. Ако тоа можат да му го средат, Хернандез е и појше од солиден играч и одличен избор за некој кој би можел да се додае на напаѓачите кај нас и да се бори за место.
Љаич е перспективен играч, добро ќе му дојде на Милан, во врска со него единствен ризик ми е тоа што е безвезен карактер и коа ќе ми текне на епизодата кога успеа да го донесе Делио Роси во ситуација да му удира шамар на сред утакмица, малце ми се плаши око во врска со него. Поделено мислење имам за Љаич, ризично ми е само поради карактерот. Без тој ризик, би бил скроз ЗА негов трансфер. Вака, сум скептично, а оптимистички ЗА.
