За расизмот не можам да ти забележам дека го имало кон Де Геа на форумов, али на твитер па и овде имаше славје од некои членови кога си одеше Де геа, мислиш банкет му прават на некој. Клубска легенда не заслужува таков третман.
Назад за расизмот, ако кажам за Онана на пример црнец глуп, што има расистичко тука? Дали е црнец - Да црнец е, дали го нарекувам глуп поради некоја негова глупава постапка во моментот - Да. Каков му е интелектуалниот капацитет надвор од теренот, не ме интересира.
Не можам да го бранам или напаѓам секое мислење на темава упатено кон Онана, можам само моите. Кој ме читаше изминатите страни го знае мојот став.
Многу клубски легенди завршиле на ист начин. Кин, Видиќ, Рио, Руни, Евра итн.
Не знам што толку посебно ве заболе заминувањето на Де Геа во однос на другиве, иако освоиле ×10 повеќе трофеи од него, а некои од нив дури и беа неколку пати помалку платени од него.
Ама секој со своите убедувања.
Се направи драма од епски размери оти не му продолжија договор едноставно замислете... А некои го користат тоа како причина да посакуваат Онана да флопне од самиот старт, наместо да го поддржат едно од најновите засилувања на омилениот клуб.
Се трудам да замислам како им се одвива пратењето на еден меч да речеме?
Во еден момент навива Расмус да постигне гол, а веќе во наредниот едвај чека да киксне Онана(?) за да испадне дека бил во право дека е полош голман од Де Геа? ...незамисливо барем за мене.
А што се однесува на навредите и погрдните имиња, викајте го како сакате ваша работа е тоа. Не ми е брат да го бранам јас или толку да ми смета.
Ама кога се претерува, толку многу се спушта нивото на дискусија на темава што едноставно ти ствара одбивност за дискусија. Тоа говори многу за сите нас тука иако не се знаеме. Јас еднаш прекинав на подолг период да ја читам темава баш ради тие причини.
Се надевам нема пак истите тие членови, кои за жал сеуште гравитираат кон ниско ниво на дискусија да ми ја одмилат кајгана.