Нема врска со САФ работава и маркетингот каков ни е, туку тоа што се шпекулира е сосема спротивно на Јунајтед, на традицијата на клубот. Значи сигурно за тие плус 5м за агентот на Хазард не го лапнавме, Погба покрај минутажата исто бараше подобар договор пред да ојде во Јуве и ред други случаеви...
Е сега иако не ги давам од џеб парите јас, сметам дека со секој трансфер, со секое потрошено пени се праќа порака при преговарање за нареден трансфер. Колку и да биде добар Карваљо, ако се дозволи еден Спортинг да не условува за дечко од 19 години кој одиграл неколку добри партии во лига како португалската и за него закачиме 37м, тогаш имаме од старт тешкотии при преговори за играчи како Видал и компанија, а тоа е доста лоша позиција при преговарање. Исто и за задоволство во соблекувална...За тие пари Рома сосе партали ќе ни го даде Стротман реално ако правиме муабет...
Искрено сметам дека и сумите за Ерера и Шо се превисоки, но сепак имаа некои оправдувања тие суми, а за оваа на Карваљо не гледам ништо слично.