Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Само ќе кажам дека ова се утакмици кои мора да се победат.И тоа изи 2:0 оти многу лесно би не коштале ЛШ. Реми рамно на пораз. Она што не го сакам е повторно и повторно да се дава шанса на играчи кои одамна си го кажале своето.
 
Уште ќе кажам дека овакви утакмици се добиваат на мотивација,без да ти треба посебна тактика, тренинг,кажи го како сакаш. Аморим поарно да игра со младите и полека уште Јануари да брка еден по еден.
 
Како смее Аморим да го вади неговото височество и стрелецот за Јунајтед.

Требаше да го игра индајд форвард... :(
Не му е погодена позицијата..

Инаку Same shit different package
 
Да ми је знати оптимизмот од кај го црпаат одредени членови па очекуваа чуда со Аморим од старт? :D

Ќе му треба време на Аморим да ги најде позициите на дел од играчите. Од тоа што го видовме денес Далот не треба да припари на лев винг бек, ужасен. Еванс исто. Касемиро- Ериксен исто лоши, Угарте со Коби би сакал да ги видам.
Амад мора да оди десно но во тројката напред, не може најпробивното крило во тимот да го лимитираш на десен бек.
Рашфорд никад не бил шпиц нема ни да биде некогаш, треба Хојлунд да се зацементира на таа позиција.

Секако денес немаше многу избор Аморим, дел од играчите штотуку се вратија од повреди дел беа со репките и се со оваа нова формација дали и 2-3 дена па така изгледаа и на терен, како прв пат да се гледаат во животот. Очекувам да бидат подобри од натпревар во натпревар но можеби ќе потрае додека заличиме на тим кој треба да биде при врвот на табелата.
 
Последно уредено:
До кога ќе го толерираат веќе Тен Хаг со очајов, очоболов?
Што е разликата од очоболот пред 3-4 недели и овој?

И не, не е ова ништо на сметка на Аморим. Он ќе биде само уште еден у низа тренери кој ќе ја има судбината на предходникот негов. Кога на уште не дојден Аморим, играчите ти искачаат по медиуми или социјални мрежи да сакаат Ван Нистелрој да остане, знаеш колку е саат. Едино исправно решение и спас за Аморим и клубот е да пола тим биде уште у јануари избркан на клоци. Ова денес беше очај најголем.
 
До кога ќе го толерираат веќе Тен Хаг со очајов, очоболов?
Што е разликата од очоболот пред 3-4 недели и овој?

И не, не е ова ништо на сметка на Аморим. Он ќе биде само уште еден у низа тренери кој ќе ја има судбината на предходникот негов. Кога на уште не дојден Аморим, играчите ти искачаат по медиуми или социјални мрежи да сакаат Ван Нистелрој да остане, знаеш колку е саат. Едино исправно решение и спас за Аморим и клубот е да пола тим биде уште у јануари избркан на клоци. Ова денес беше очај најголем.
Имаше слика пред некој ден "winning team" значи не е до играчите, ќе мора да бараме друг менаџер изгледа. :D
 
Се надевам Аморим брзо ќе го сфати овој reality check, да знае со какви шупаци си има работа во тим.
А кога сме веќе кај нив, што да се каже, ти доаѓа нов менаџер наместо да земеш да гризеш да се докажеш пред него овие си тераат старо.
 
Кога ќе потпишат за Јунајтед играчите забораваат да играт фудбал. Оваа е веќе видена работа. Искрено незнам што ќе смени со смена на тренерот кога ТХ со вакви играчи извади максимум ( знам ќе каже некој он си ги бираше ) зимат преголеми плати и не се замараат треба удирање по џебот.

Жал ми е за тренерот искрено ќе уништиме уште една кариера.
 
Мислам дека е проколнат клубов и нема фајде, ама да не брзаме толку со заклучоци. Од овој ростер и квалитет на тимов не гледам дека нешто би направиле, треба да изиграат над својот максимум а не верувам, премногу ми се спори, мрзливи, летаргични и на моменти ми делуваат ко да забораваат да играат фудбал..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom