Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Chombe_United
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Се враќам по 1 месец на темава и да ви казам дека игравме супер се искачавме на врвот ноп бидејки немозевме да ги тепавме на сандерленд но честитки до руни а и до младинците браво и за нив а и во лш одлично играат досеа како што претпоставам мислам дека немаме пораз во групата.
 
Гледам многу новости поврзани со Јунајтед...

Конечно од следниот натпревар ке имаме добар голман како што наликува...Фостер нека не се чуди зашто е изоставен зашто тие грешки што ги правеше во тимот на Јунајтед го натера Капело на тоа:toe:
Во врска со изјавата на Овен,во право е ама после таа изјава сигурно уште повеке ги разлутил фановите на лузерите и ке биде интересно вракањето на Енфилд...
 
Дaј бе престaнете дa плукaте по Фостер, сепaк нaш игрaч е, кaко секој друг.Нaпрaви некој киксови, но достa плукaвте ебaго.Дa не бaрaм постови низ постaрите теми, кaде сите му предвидувaте блескaвa иднинa.Секој зaслужувa вторa шaнсa, пa тaкa и тој.
 
Дaј бе престaнете дa плукaте по Фостер, сепaк нaш игрaч е, кaко секој друг.Нaпрaви некој киксови, но достa плукaвте ебaго.Дa не бaрaм постови низ постaрите теми, кaде сите му предвидувaте блескaвa иднинa.Секој зaслужувa вторa шaнсa, пa тaкa и тој.

Точно дека секој прави киксови...но тој речиси секој натпревар прави киксови кои би можеле да не чинат титула.Сети се за натпреварот со Челзи во комјунити,еден пенал не знаеше да одбрани,со Сити...
 
Точно дека секој прави киксови...но тој речиси секој натпревар прави киксови кои би можеле да не чинат титула.Сети се за натпреварот со Челзи во комјунити,еден пенал не знаеше да одбрани,со Сити...

...со Сандерленд... и со уште колку други екипи ќе имаше киксови од негова стана...среќа што го имаме ВДС !

Фостер е многу несигурен голман. Мора да се најде негова замена во Јануари ( друга опција, Кушчак) а тој да си се врати во некој нисколигаш...како на пример во Ватфорд.
 
Tom Heaton...можеби тој би бил идеалната замена...незнам колку време му трае позајмицата во QPR,ама мислам дека голманов има настапи за Јунајтед...Во карлинг купот или некои пријателски...
 
Tom Heaton...можеби тој би бил идеалната замена...незнам колку време му трае позајмицата во QPR,ама мислам дека голманов има настапи за Јунајтед...Во карлинг купот или некои пријателски...
Хитон???!!!!Ти тоа сериозно?!Па дечкото ни во КПР не игра во првиот тим.
Размислувањата од типот,млад е,има време да се докаже,не држат вода,ако реално се земат неговите квалитети како голман.
За Фостер јасно е,тој е виновникот што тимот во моментов не е на челната позиција.Ајде да е еден кикс,ама веќе тие не можат да се избројат.Колку евтини голови изнапримивме благодарение на него,абе едно чудо од голови,не верувам дека и во ерата на Бартез беа повеќе.А дека ќе се поправел,па мајка му стара не може на сметка на Јунајтед некој да стекнува своја (де)афирмација.
И сега јасно е,Ферги што требада бара за засилување наредното лето,
ако не веќе и во зимскиот преоден рок.Како што шпекулираат медиумите на островот,тој го свртел вниманието кон Акинфеев,а и кон голманот на Спортинг од Лисабон.Некои пак,шпекулираат со Лорис,кој според мене е вонсериски голман.Кај и да падне изборот,верувам дека
ќе е подобро решение од Фостер.
А за Капело што го изостави Фостер,па нормално дека и тој не сака нов Скот Карсон во репрезентацијата.
 
Акинфеев, Муслера и Руи Патрисио беа најспомнуваните имиња :toe:
Муслера е во неверојатна форма во Лацио, иако лани беше смешки, сеа типот е неверојатен.
 
Чудна работа. Толку многу да му наштетиш на клубот, а сепак да бидиш толку многу и толку долго популарен во сите дискусии на сите форуми. За ниеден играч толку не се дискутирано без оглед дали позитивно или негативно се зборува. Тоа ви е Фостер, без конкуренција во оштетувањето на клубот, а сепак најполуларниот, најспомнуваниот, најпублицираниот. И за тоа треба мајсторија :). Би сакал што побрзо да го заборавиме и него и неговите натприродни киксови, но прашање е дали можеме? :)
 
http://www.manutd.com/default.sps?pagegid={F9E570E6-407E-44BC-800F-4A3110258114}&newsid=6640985

Добри вести :)
 
Јас ова дерби го чекам, за да ги изгазиме!!!

Owen eyes Anfield trip

Glory Glory!

Интересно ке биде дербито и вракањето на Овен,а уште поинтересно доколку постигне гол,ке има ист пречек како Тевез на ОТ...ке биде проследено со многу исвиркувања...Мислам дека ке настапи уште на почетокот од проста причина што е можно отсуството на Руни.

Гигс број 1 во Јунајтед за Септември

Велшкиот ветеран Рајан Гигс според анкетата на официјалниот сајт на Манчестер Јунајтед е најдобар играч за месец Септември.

Дури 81% од фановите кој учествувале во анкетата го дале својот глас за 35-годишниот Гигс.

Втор на анкетата но многу далеку од победникот беше Вејн Руни со 8% а додека трет е Дарен Флечер со 6%.

Во текот на септември Гигс го постигна првиот погодок во оваа сезона. Со тој погодок велскиот играч за врска стана единствениот фудбалер кој се запишал во сите сезони од Премиер Лигата.

После тоа Гигс направи 3 асистенции во дербито против Манчестер Сити, тука спаѓа и онаа за победничкиот погодок на Мајкл Овен во дополнителното време.

Велшанецот имаше уште 2 асистенции при тешката победа во средбата против Стоук Сити а на крајот од месецот го постигна и својот 150 погодок за клубот при победата од 2-1 против Волфсбург на Олд Трафорд во натпревар од Лигата на Шампионите. Во истиот натпревар Гигс беше учесник и во акцијата за победничкиот погодок на Мајкл Карик.

:pipi:

Aко го има ова постирано веке извинете:smir:
 
Девојката на Руни може да се стисне уште саат ипол па после тоа нека го вади ако веќе баш тогаш е денот Д :icon_lol: без Руни ништо не правиме! Најбитен играч ни е, а и сезонава тој ќе не направи класа погоре од сите останати, секоја чест на другите играчи, ама тие се само работници, овој е новата ѕвезда и лидер!
Така да, не верувам дека Овен би играл од прва, покрај бугарот или пак тактиката на Ферги со само еден напаѓач...како и да е ќе им даде гол па после нека го убијат, џабе!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom