Абе деца не пцујте до толку аман. Уништувате и слика и се за навивачите на Македонија ЃП. Таков јазик на улица да го зборите а не тука. Дајте малце конструктивни разговори а не само вулгарности.
E aj dokazi mu na ACAB ! Potpolno se soglasuvam so tebe , zosto ke se napravi slika deka sme Indijanci . Prvo sebe da se pocituvame pa posle drugite . GJORCE SAMPION :helou: Se izvadija Sponcite u Gjorce ama toa e koga igravme bez 3 standardni igraci :
МАКЕДОНИЈА ЃП ОСТВАРИ ДЕЛУМЕН ПЛЕН НА ДЕРБИ "ПРЕСМЕТКАТА" СО РЕНОВА
Божијанов "украде" бод од Ѓорче
* Во натпревар со многу шанси на обете страни Македонија ЃП беше на прагот да стигне до трите бода, но Ренова во финишот на средбата успеа да стигне до "реми"
МАКЕДОНИЈА ЃП - РЕНОВА 1:1 (1:0)
Стадион во Ѓорче Петров, Скопје. Гледачи: 500. Главен судија: Зоран Петковски. Помошници: Петре Кодовски и Горан Манасиев (сите од Велес). Делегат: Дано Тодоровски (Кавадарци).
МАКЕДОНИЈА ЃП
Павловиќ 2,5
Јовановски 2,5
Амбурует 2
Митрев 2
Милевски 2,5
Мојсов 2
Лена 2,5
Брњарчевски 2
(87' Столевски /)
Клечкароски 2,5
Де Брито 2
(79' Симовски /)
Оса 2,5
РЕНОВА
2,5 Ковачевиќ
2 Стојанов
2 Степановски
( 2 Ангеловски 59')
2 Стојанов
(2 Исмаили 46')
2 Мемеди
2 Трајчов
(2,5 Божијанов67')
2 Емини
2 Деспотовски
2,5 Нухију
2,5 Тодоровски
2 Ибраими
Од записникот:
Стрелци: Клечкароски 37' (МЃП), Божијанов 80' (Р). Жолт картон: Ибраими (Р).
Играч на натпреварот: Нијаз Лена
Лидерот на табелата во дербито на колот стигна до делумен плен во дуелот со Ренова. И двете екипи имаа по неколку стонастотни шасни за гол. Домашните поведоа, но во финишот на средбата гостите успеаја преку нововлезениот Божијанов да стигнат до бод.
Првото полуврме мина во знакот на ѓорчепетровци. Тие тргнаа офанзивно кон голот на Ренова, која играше претпазливо. Иницијативата на "лавовите" им донесе една стонастотна шасна за гол, а доминацијата новото засилување Клечкароски успеа со својот гол првенец за својата екипа да ја претвори во водство. По ова и Брњарчевски имаше шанса за гол, но од неколку метри шутираше непрецизно. На почетокот на второто полувреме ѓорчепетровци тргнаа повторно офанзивно, но реализацијата повторно падна на испитот. Клечкарсоки и Лена од идеални позиции не успеаја да го зголемат водството. Во последните петнаесет минути гостите се ослободија од притисокот и создадоа три "зицери", а еден од нив успеаја да го претворат во водство. Гостите од Џепчиште во финишот на ја преземаа иницијативата, ја запоседнаа половината на домашните, создадоа неколку убави шасни за гол, но Павловиќ не дозволи Ренова да стигне до пресврт.
В. Фотиновски
МАКЕДОНИЈА ЃП - РЕНОВА
4 корнери 1
7/5 удари/во 3/3
19 прекршоци 21
1 офсајди /
/ ж. картони 1
Минута, по минута...
11' - Де Брито изведе корнер од левата страна, топката одеше директно во голот на Ренова, Ковачевиќ беше на место и ја отстрани опасноста.
35' - Де Брито доби убава топка по левата страна, влезе во шеснаесетникот, се најде сам пред голот на Ренова, шутираше во десниот долен агол, Ковачевиќ брани.
1:0 37' - Јовановски избега по левата страна, нафрли во шеснаесетникот, одбраната на гостите подзастана, топката дојде со Клечкароски, кој од неколку метри шутираше прецизно во голот на Ковачевиќ.
42' - Јованоски убаво се продре по десната страна, нафрли пред голот на Ренова, Клечкароски ја пропушти топката, таа дојде до Брњарчевски, кој се најде сам пред голот на гостите, но од неколку метри од прва шутираше над голот.
54' - Одлично бешен проигран Клечкароски пред шеснаесетникот, се најде сам пред голот, но Ковачевиќ реагираше навремено и ја отстрани опасноста. Домашните бараа индиректен удар, но судијата Петковски не мислеше така.
66' - Одлична акција на домашните, Клечкароски велемајсторски го проигра Брњарчевски по десно во шеснаесетникот, овој веднаш ја протна топката до Лена, овој од неколку метри шутираше од прва, Ковачевиќ со прекрасна интервенција го одбрани неговиот удар.
74' - Нухију од левата страна нафрли на вториот дирек, домашната одбрана направи "кикс", топката ја прифати Емини, шутираше од неколку метри, но Павловиќ одлично реагираше , го прочита и ја исфрли топката во корнер.
77' - Клечкароски упати удар од околу 25 метри, Ковачевиќ го скроти во своите раце.
1:1 80' - Нухиуј повторно се одлучи на центаршут од левата страна, тоа го стори на вториот дирек, домашната одбрана повторно извиси, а нововлезениот Бо1ијанов со прецизен удар со глава од нколку метри ја "закова" топката во мрежата на немоќниот Павловиќ.
83' - Мемеди центрираше од левата страна, топката во шеснаесетникот повторно ја прифати Божијанов, но реагираше неумешно и не успеа да се запише во листата на стрелците.
86' - Ибраими по изведената комбинација од слободен удар од околу дваесетина метри упати силен удар, Павловиќ со крајни напори ја исфрли топката во корнер.
ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ
ИЛЧО ЃОРЃИОСКИ
" Тежок и тврд првенствен натпревар. Лошиот терен за игра н$ овозможи да одиграме онака како што посакувавме и ваквиот терен ќе ни претставува проблем, особено на натпреварите што ги играме дома. Потврдивме дека кај нас се игра фудбал без притисоци . Се одигра едно крајно фер и коректно дерби. Имавме мниогу шанси и прикажавме добра игра, не успеавме да реализираме неколку стонастотни шанси, а во финишот како по некое непишано фудбалско правило примивме гол. Но, тоа е фудбалот, кога нема да се искористат сите шанси следува казна. Ренова потврди дека има квалитетна екипа со квалитетни поединци. На 1:0 пропуштивме три убави шанси за гол, а и гостите во финишот имаа неколку обиди сериозно да го загрозат нашиот гол.
ВЛАТКО КОСТОВ
" Тоа беше дуел на две рамноправни екипи. Во првото полувреме одигравме претпазливо и примивме еден случаен гол. Во вториот дел тргнавме порешително, а измените што ги направивме ни донесоа резултат иако во финишот имавме и неколку убави шанси да направиме пресврт и да стигнеме до трите бода. Со оглед на шансите на двете страни мислам дека крајниот резултат е реален. Благодарност за домашните за одличната организација и за фер и коректната игра на овој дерби натпревар".
Теренот, катастрофа
Теренот на стадионот во Ѓорче Петров беше "енигма" за двете екипи. Топката отскокнуваше како пинг-понг топче и фудбалерите тешко ја контролираа играта. Сето тоа бараше допонителна концентрација и не дозволуваше да се развие добра игра. Едноставно топката тешко се контролираше.