Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Според најдобриот ЛАЛ блог, ЕСПН ЛА радиото јавило дека дилот со размената дефинитивно се случува денес.
http://www.silverscreenandroll.com/...completed-trade-of-pau-gasol-for-andrew-bynum
Но други извори велат дека дилот уште не е финализиран, ЛА нормално бараат и друг асет (млад играч) заедно со Бајнам. Ако може да го лапнеме Ентони Бенет (Зелер нема шанси) добро би било, ЛА сезонава е право место за да се развиваат играчи.

Ако е вистина ова, тогаш редно е да го поздравиме По Гасол како еден од големите Лејкерџии. Момакот е директно заслужен за освојување на два НБА шампионати и безброј победи. Ама ајде да почекаме, да јават поголемите сајтови.



Во меѓувреме да ве потсетам дека квалитетни снимки на утакмиците на Лејкерси имате тука:
http://thepiratebay.se/search/lakers/0/99/200
720р со 60 фрејма во секунда, на голем телевизор... мхх.. мхх... кеифи за гледање! ;)


Јас знам дека во НБА се е политика, но ова трампањето на големите играчи во други клубови како стока ми е навистина одвратно. Три грла волови за 5 грла овци.

Ужасна работа.
 
@Ставрогин
На жалост тоа е реалноста, НБА е бизнис пред се.
Гледано чисто од аспект на клубот, ЛА годинава не се надеваат на ништо. ОК, преќутно се надеваат на што понизок пласман и што повеќе шанси во претстојниот драфт (кој по сите најави ќе биде еден од најбогатите во историјата на НБА)... но да не дигресирам. Поентата е дека По Гасол уште вреди за скап нов договор кој ЛА нема да му го дадат, и самиот најави дека очекува солидна плата. А во НБА има тимови кои ќе платат за добар центар/висок играч. Па побогу видете колкави плати зимаат еден Енес Кантер и Омер Ашик... По Гасол дури и на оваа возраст и во оваа фаза на кариерата е десет класи подобар играч.
Колку за споредба еве еден клип со Енес Кантер, чисто ако некој не знае за кој зборувам.

 
Копиљите од Кливленд мене лично (rookie of the year и двократен all-star) на NBA 2k14 ме трампаа у Далас. Факинг Далас еј кој 2 сезони по ред беа меѓу најслабо-пласираните. Глупа франшиза се дури и во играта. :D

oн-топик: Бајнам би го прифатил со раширени раце доколку го немаше проблемот со колената, дури и би бил еден од играчите врз кого би градел игра.

Вака, што знам...
 
Мислам дека трампата е 90% извршена со Гасол и Бајнам, али ај да почекаме уште некој саат.
 
Kaј Бајнам повеќе проблеми има во главата отколку во колената.


Уверен сум дека и со таквите бубачки у глава ќе допринесува повеќе од Гасол моментално. :)
 
hFDDECE43
 
И Јанг се повредил...
Страшна е сезонава еј жими се...
П.С. Ова со тенков само јас не го сфатив? :)
 
Срце се пуни кога кубат Рокетс од Лејкерс со 3та постава.
 
Кога играат против Кауард, или против Бостон, или против Мајами... и со победа ќе со помирам. ;)
Треба да се танка, ама против набројаниве сеирот е посладок.
 
Треба да се танка, ама навиваме за тим шо треба да го бара тој збор во речник за да види шо значи. Најконстантиот тим во поглед на титули никад нема да помисли на нешто такво ко танкање, поготово не со Коби. Лесно ни е нас да размислуваме ко просечен тим коа ќе ни одговара, ама друг е моментот кога си на чело на тимот.
 
Хммм... ајде да бидеме реални малку, Лејкерси премногу не разгалија како навивачи. Пар сезони во правење нов тим не се ништо... (таман послатко ќе биде кога ќе бидне работата). Од тој аспект што да кажат навивачите на другите клубови? :)

Ви кажав дека ќе се танка уште прошлото лето, не знам што чекавте од тим каде две третини од играчите се на договори за една година (а другите се старци). Повредиве само ја направија полесна работата, од тој аспект би можело да се каже и дека имаме среќа... ;)


Во меѓувреме...

BdrXwIPCcAAG1A2.png:large
 
Мило ми е што заспав, океј сфаќам танкање ама во една четвртина да примиши 43 коша, а во друга да изгубиш 31-8, епа шо е многу многу е. И тоа Клиперс се без мозокот на екипата. Слаби се, ама не се толку многу слаби...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom