Ниту играчите, ниту стручниот штаб на римскиот клуб Лацио не смеат да даваат никакви изјави поврзани со клубот по нерешениот натпревар одигран во гости кај последно пласираната Сиена.По ужасниот почеток на оваа сезона во Калчо лигата, Белосините решиле да воведат медиумска тишина, а новоста била објавена на нивниот официјален веб сајт.
Последниот разочарувачки резултат ги сместува Лацијалите на 15. место на табелата во италијанското првенство, само два бода над зоната за испаѓање. Според медиумите во Италија се поблиску е денот кога тренерот Балардини ќе ја напушти клупата на тимот, а за кој би бил негова евентуална замена се уште нема информации.
Во четврток вечерта Римјаните играат против шпански Виљареал во Лигата на Европа и ако немаат позитивен резултат и во тој натпревар, тогаш може да се смета дека некои од заканите за менување на луѓе од стручниот штаб, ќе преминат во практични дејствија.