Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Ибра вечерва покажа што највеќе му фали на Јуве и каде ја прават разликата- КЛАСА ШПИЦ.

Милан нема ни подобра одбрана, ни подобар среден ред од Јуве. Со овој кадар што го имаме во одбраната и средината ќе крпиме некако до лето. Најболниот дел е што нема кој да даде гол. Тимот е способен да создаде неколку 100% шанси ама нема кој да реализира.
Тоа е проблемот отиде Кваљарела се изгубија као брод без капетан сме!
 
Бод бод, кој ти дава.:toe:
Почнавме на бод да се радуваме.
 
Ибра вечерва покажа што највеќе му фали на Јуве и каде ја прават разликата- КЛАСА ШПИЦ.

Милан нема ни подобра одбрана, ни подобар среден ред од Јуве. Со овој кадар што го имаме во одбраната и средината ќе крпиме некако до лето. Најболниот дел е што нема кој да даде гол. Тимот е способен да создаде неколку 100% шанси ама нема кој да реализира.

И јас се слагам дека Дел Нери не е Juve material, но мора да биде до крај на сезона. Смена на тренери на сред сезона не доаѓа во предвид, не може да биде на арно. Моја желба е Дешамп кој мислам дека би бил идеален за во Јуве.

Кога веќе знаеа дека немаме пари требаше да си го земеме Касано, ризик не ризик за безпари добро ќе ни дојдеше. Сам ни се нудеше но изјавија не им бил во плановите, е кој им е у плановите Макароне? Каде немаме пари каде пак фраери се правиме, колку добро ќе дојдеше во ваква ситуација, и вечерва докажа дека е класа играч.
 
Кога Јуве можеше да го ангажира Касано,Кваљарела не беше повреден,да се случеше повредата на Кваљарела порано,можеби ќе беше ангажиран Касано, но пред тоа немаше потреба, бидејќи на позицијата втор напаѓач Јуве тогаш ги имаше Дел Пиеро и Кваљарела.

На Јуве најмногу му е потребен централен напаѓач,со висок процент на реализација.
 
Мене ептен ми правеше мерак Касано во Јуве и речиси сигурен бев дека ќе се искористи добриот однос со Марота и Дел Нери и да земеме шампион за ич пари, ама тоа е тоа
 
Касано нема освоено титула не е шампион :)
 
Не го сваќај буквално, кажав шампион во смисла дека е играч кој прави разлика на теренот, нешто што нас очајно ни фали
 
Кога Јуве можеше да го ангажира Касано,Кваљарела не беше повреден,да се случеше повредата на Кваљарела порано,можеби ќе беше ангажиран Касано, но пред тоа немаше потреба, бидејќи на позицијата втор напаѓач Јуве тогаш ги имаше Дел Пиеро и Кваљарела.

На Јуве најмногу му е потребен централен напаѓач,со висок процент на реализација.
Luis Fabiano:smir:
 
Не го сваќај буквално, кажав шампион во смисла дека е играч кој прави разлика на теренот, нешто што нас очајно ни фали
ни фали ама дремат нашите уште 5 дена има за да се купи некој а спијат како се да е сјајно
 
Кога Јуве можеше да го ангажира Касано,Кваљарела не беше повреден,да се случеше повредата на Кваљарела порано,можеби ќе беше ангажиран Касано, но пред тоа немаше потреба, бидејќи на позицијата втор напаѓач Јуве тогаш ги имаше Дел Пиеро и Кваљарела.

На Јуве најмногу му е потребен централен напаѓач,со висок процент на реализација.

Без разлика дали ни беше потребен или не ќе дојдеше за безпари, а не верувам дека таков играч не би ни бил од корист. Ни се враќа што не го зедовме, се повреди Кваља и немаме шпиц. Централен ни треба точно, останува да видиме дали ќе донесат само, според мене приоритет треба да се бековите но што е тука е.
 
ни фали ама дремат нашите уште 5 дена има за да се купи некој а спијат како се да е сјајно

Не е се сјајно,али нема пари другар.Да имаа пари до сеа Форлан или Фабијано ќе беа во тимов.Други засилувања освен Барзаљи,тешко дека ќе видиме во овој преоден рок.На лето ќе има некое звучно име сигурно,али сеа не.:smir:
 
Се поверојатно е дека нема пари. Фабијано супер би ни легнал, но тоа ќе остане пуста желба најверојато. Едино нешто што се надевам дека ќе се случи е дека Ањели и Марота озбилно треба да размислат дека во моментов нешто опасно чкрипи, сериозно треба да се запотиме за место во ЛШ зашто Рома, Наполи, Интер се во добра форма, а опасно не притискаат Палермо и Удинезе. Џабе ќе бидат засилувања на лето, ако не избориме пласман во ЛШ. Ќе тонеме се повеќе....
 
Колку и да е Лоша ситуацијата мене ме радува то што не примивме гол пред се, И дека Chiellini , Bonucci Aquilani i Pepe одиграа прекрасен натпревар,И покажуваат дека во тимот сепак има простор за напредок и за верување.Сите сме револтирани со некупувањето на бекови и еден асален шпиц но што е тука е,Изгледа или пари се нема или се спремаат за нешто големо во Следната сезона,затоа и потенцираа цело време пред сезоната дека главна цел е ЛШ.Според мое мислење на овој тим летоска неколку поединци треба да го напуштат и дупките да се пополнат,со екстра засилувања,за кои што ќе биде одврзано кесето и паметно ќе се купува.

Колку и да е тешко но реалното е дека Јувентус оваа сезона неможе до титула,туку дека почнува да гради тим за во иднина од кои што веќе костурот е познат само ќе треба да биде потпомогнат од поквалитетни фудбалери.
 
Без разлика дали ни беше потребен или не ќе дојдеше за безпари, а не верувам дека таков играч не би ни бил од корист. Ни се враќа што не го зедовме, се повреди Кваља и немаме шпиц. Централен ни треба точно, останува да видиме дали ќе донесат само, според мене приоритет треба да се бековите но што е тука е.
Тутоспорт неколку пати пишуваше дека Јуве ќе земе уште еден напаѓач само во случај да се убеди Амаури да го напушти клубот,па после тоа Амаури изјави дека до Јуни сигурно останува.

Денес, Тутоспорт пишува дека Марота е во потрага на десен бек
 
уште пред почетокот на сезоната СИТЕ ние го знаевме проблемот-бековските позиции и елитен напаѓач(центарфор).....да го снабдеше тимот Марота уште на овие позиции сега неговиот тим ќе го делеше првото место ГАРАНТ.....сепак ова е огромна револуција и нормално е да има слабости во тимот......ако не се најдат добра сума на пари да се фрли за поефикасни напаѓачи,борбата и во наредните сезони ќе се сведи на 4то место,а во ЛШ ќе дејствува како ќор фишек
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom