Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување

Абе ние сме им најинтересни сега.Сити колку толку го комплетираше составот, Реал купија што им беше во план за летото ама ние трансфер периодот го завршивме со реченицата КЕ КУПУВАМЕ УШТЕ и КЕ ПРОДОЛИМЕ ДА ПРЕГОВАРАМЕ И ПОСЛЕ ТРАНСФЕР ПЕРИОДОТ.До Јануари сите добри играчи на кои нема да им се игра повеќе за нивниот тим или тимот ке сака да ги продаде поради некоја причина или при крај се на договоротили сакаат договор со поголема плата која клубот несака да им ја плати ке се поврзуваат со нас.
А иначе сите овие ми се свиѓаат што се поврзуваат со нас.Зиглер уште летото нели се шпекулираше нешто па.....А од напаѓачите Џеко сакам да дојде.Торес се повредува многу а во италија знаеме каков фудбал се игра и каква е одбраната така да ке се соочи со многу незгодни фаули и страв ме фаќа.А Џеко е створен за нас, едвај чекам да дојде....Само не ми е јасно ако тој дојде, да речеме, кој ке игра со него во нападот?И Дел Пиеро да го продоли договорот сигурно нема да игра прв состав.Квалареља ако го откупиме само или па да дојде некој друг помлад.Еве и Нејмар се спомнува ама мислам дека пари бараа за него многу.Уште со млеко на уста а им качиле милионски цени.....:zid:
 
Ajdee torres!!!slikava od drugata godina samo edna dzvezda fali xD
25007_384414583482_341445878482_4065864_4417815_n.jpg

Ubavo mu stoi dresot.
juve201011.png
 
откога Торес е во Ливерпул повеќе е на рехабилитација отколку на теренот....
 
Коболи Џиљи го искритикува потегот на Жан Клод Блан да се сретни со Марчело Липи,додека сеуште тренер во Јувентус беше Клаудио Раниери,нарекувајќи го непромислен.

Џиљи изјави дека после средбата на Блан со Липи,Раниери престанал да работи како што треба,а и играчите не го слушале како што го слушале претходно.Потегот да се постави Ферара на местото тренер на Јувентус,Џиљи му ја препиша токму на Липи и на влијанието што Липи го имал во Јувентус.

Џиљи изјави дека Блан уште пред да биде Раниери поставен за тренер на Јувентус,тренерското столче му го понудил на Липи,ама Липи не сакал да дојде поради тоа што неговиот син Давиде Липи бил вмешан во судењето за фарсополи. линк
 
А Раниери тренерот јак...еве го со рома се покажа годинава.
 
-Чудно,Кваљарела не е повикан за репрезентација.За него можеби е лоша информација (нема да го носи националниот дрес), но за нас мислам дека е добра информација.Нема да ризикува да се здобие со повреда.Истото важи и за Јакинта иако не е во некоја форма за да го земат за репрезентација.

-Исто така чуден ми е изборот на голмани кои ќе бранат на престојните две средби,но Прандели си знае најдобро :smir:

-Од трансфер шпекулацииве не очекувам многу.Почеток на октомври е,има уште многу до јануари.
 
Според Тутоспорт,Јуве ќе му понуди на Ливерпул 12 милиони евра, да може уште во Јануари да го направи перманентен трансферот на Алберто Аквилани. Моменталната клаузула во договорот на Јуве со Ливерпул за Аквилани е 16 милиони кои Јуве ќе ги плаќа во наредните 3 години доколку се одлучи да го ангажира Аквилани.
 
Според Тутоспорт,Јуве ќе му понуди на Ливерпул 12 милиони евра, да може уште во Јануари да го направи перманентен трансферот на Алберто Аквилани. Моменталната клаузула во договорот на Јуве со Ливерпул за Аквилани е 16 милиони кои Јуве ќе ги плаќа во наредните 3 години доколку се одлучи да го ангажира Аквилани.

Епа супер.Само да го чува господ од повреди зашто....си знаеме колку траеше последната.Сисоко не е ништо поарен во тој поглед каков дадовме татков земавме ама ајде....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom