Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
И јас не сум за продавање на Вучко, само не знам колку тој би се нафатил да греј клупа, кога веќе се знае дека во Италија Јуве и следната сезона ќе игра 3-5-2 а во таква формација нема место за него, покрај Тевез и Лавот.Сигурно нема да останува да биде првотимец само за Копа Италија :D. Во ЛШ најверојатно ќе се оди на 4-3-3 варијатна и таму може да игра во триото напред.

Сакам да кажам дека Вучко нема личен карактер што би седел на клупа.

Тоа да, проблематичен играч е. Но доколку сакаме да атакуваме на сите фронтови мора да се има и квалитетна клупа, сите екипи кои одат далеку во ЛШ имаат солидни замени така да мора да имаме и ние.:)
 
1017275_600496383316645_1005437792_n.jpg
ко комент
 
Тој е играч што бара прва постава,

Вучко е играч што бара прва постава...? Ма немој да не јебеш, нели Вучиниќ и Конте оваа сезона имаа договор само кога резултатот на тимот е неповолен тогаш да влага во игра. Го има она Црногорското во душа, оваа година повеќе ќе грее клупа, но ако се повреди некој од Љоренте или Тевез, тој ќе биде прва опција за нападот, се разбира ако Марота не донесе уште некој... Па кога ќе размислам, ако го донесеме Јоветиќ, јас не гледам причина зошто Конте не го играл веќе испробаното Црногорско дуо во нападот... ама за ова ќе зборуваме некаде во септември, сега е премногу рано за тоа ;)
--- надополнето: 29 јуни 2013 во 13:23 ---
 
Вучко е играч што бара прва постава...?
Ок, секој си има право на свое мислење:). Еве ќе почекаме, ќе се навратиме на постовиве во Јануарскиот трансфер рок (ако не го продадат летово).
 
Според Шпанската Марка Фернандо Љоренте би можел да биде представен на 2 јули во 16 часот инфо тутто јуве They arrive in Turin confirmed the imminent arrival of Fernando Llorente. According to reports from Spanish newspaper Marca, Juventus will present his new striker next Tuesday at 16.
 
Љоренте еден куп натпревари преседе сезонава, не му е загарантирано местото во прва постава во никој случај.
А ако Конте продолжи да ги ротира напагачите ми се чини дека Вучинич нема да се буни многу многу, пошто вака или онака ке изигра 30тина натпревари.
 
Точно е дека преседа еден куп натпревари на клупа али типацот заедно со Пепе вежбаат напорно за да се спремни за во новата сезона + и сам знаеш дека колку се тешки тренинзите од Конте
 
Чим олку рано доаѓаат напаѓачиве, уште во првиот ден од трансвер периодот, значи дека Конте планира да им ја врати формата/кондицијата кај нив, и да испробува варијанти на натпревари со тимови од пониските лиги. Па еве со доаѓањето на Огбона, изгледа Антонио сака да го има целиот состав за следната сезона на подготовките. Е ова ми се свиѓа...:D
 
Па ова сеа и беше гаранција за останување на Конте во Јуве тој јавно кажа што повеке од желбите на Конте да бидат доведени пред почетокот на подготовките иначе ке го напушти Јувентус.
 
Овој што е као Дел Пиеро повеќе на Фиго ми личи :вонзем: , добри му се на овој од гоал.ком карикатуриве ама оваа ја утнал :)

Мислам дека не е негова, обично он ги потпишува :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom