Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
факт е дека и двата не добиваат употребливи топки во шеснаесетникот,досега тука трезеге се покажал како далеку поефикасен од амаури,но не можиме да искористиме никој од нив благодарејќи на слабите пробиви од играчите од средниот ред:toe:

значи наведов да не гледаме на ефикасноста за голови сезонава.у осталом има youtube па може да видиме какви му се головите на трезеге сезонава.:smir:
 
Трезеге е потег играч ... точно е дека е далеку од она што беше али од нигде никаде може да реши утакмица , сепак тоа што му е вродено не може да го изгуби , со тоа се раѓаш ... значи се сложувам дека е во најмала рака катастрофален сезонава али подобар напаѓач немаме ...

Амаури не е вреден ни за коментар ... напаѓач 30 годишен кој во својата 10 годишна професионална фудбалска кариера има постигнато 62 гола ... :tv: Реков во една прилика дека Хозе Луис Чилаверт има постигнато повеќе голови од Амаури ...

да не споменуваме дека е еден од најплатените играчи во Јувентус ...:helou:
 
головите му се типични за него.....нема кој да го “храни“ иначе не е проблем никаков за него и со глава и со нога е одличен,брзината никојпат не била негова одлика-секако.....амаури еве скоро 2 години е во јуве,првите 6 месеци ги изигра на ниво-оттогаш не личи на фудбалер,посебно ме нервира кога наместо да трча и да се бори тој ги крева рацете и коментира нешто:toe:
 
ок.секој си има свое мислење.ја мислам така за трезеге во моментов.сепак најважно е да се нижат победи.:smir:
 
мислам и касерес ко да подспомна типон на телма
Касерес неколку месеци се влечеше дали ќе се оперира или не. Пред некоја недела беше во Барса и тие да потврдат дека се за операција. Не вервам толку експресно да го оперирале и да закрепни. Не беше за увогрлонос операцијата. бтв ако добро памтам типот од телма само еднаш го спомна ко помина камерата таму кај шо седеја болните.
 
изгледа барса не сака лесно да се ослободи од него по покажаните игри,сигурно ќе влијае на цената за неговото обештетување ако не го побара назад:toe:
 
изгледа барса не сака лесно да се ослободи од него по покажаните игри,сигурно ќе влијае на цената за неговото обештетување ако не го побара назад:toe:

мислам дека уште при договорот за позајмица,има поставено клаузула дека доколку сака јуве да го откупи и дека таа е фиксна.ми се чини дека е негде околу 7 милиони евра.Јас би го задржал касерес во тимот,затоа што може да игра на сите позиции по десната страна.:smir:
 
Јувентус има опција да го купи Касерес за 12 милиони евра ... значи доколку Јувентус биде расположен да ги плати тие 12 милиони Барса не се прашува ништо тука , значи Јувентус ја има предноста ... исто така можно доколку се согласат двете страни цената да биде и намалена ....
 
дечкото не покажа баш интелегенција во играта,можеби тоа се должи на неговиот јужноамерикански темперамент(скриви неколку пенали) но одлично го надополнува со ангажирањето и борбеноста-еден од ретките наши фудбалери кои би излегле на теренот со сето свое срце,мислам дека треба да се откупи
 
григера,молинаро,зебина......да не покажаа повеќе интелигенција?????
Одличен е касерес оваа година.мора да го задржиме.:smir:
 
Касерес за едно 10 милиона ќе биде одлична зделка.Сигурно подобра опција од Григера и Зебина ако остане ќе се меша тука
 
ок.секој си има свое мислење.ја мислам така за трезеге во моментов.сепак најважно е да се нижат победи.:smir:

Брат види вака, јас барем сум голем фан на Трезеге и го гледам неговото движење секогаш кога игра и можам комотно да ти кажам дека тој ти е типичен `чекач`. Значи според мене секој тим мора да има напаѓач кој е подвижен, технички спремен( како Меси, Анри, Дел Пиеро) и т.н. чекач кој што има неверојатна реализација во шеснаестерец и може со еден потег или полушанса да забие гол ( Трез, Џеко, Тони). Сега фала Богу малку му е падната формата оваа година( па 33 г. има човекот) ама и остатокот од тимот се далеку од посакуваната форма и мое мислење е доколку Јувентус има(ше) течни акции и попрецизни нафрлувања( не како тие на Григера), Трезеге и во оваа форма ќе имаше далеку повеќе постигнато голови. Како што кажа некој погоре, он го има тоа чувство за гол што многу други напаѓачи би му завиделе само треба почесто топката да се уфрла во тој простор од 16 метри.:wink:
 
Касерес неколку месеци се влечеше дали ќе се оперира или не. Пред некоја недела беше во Барса и тие да потврдат дека се за операција. Не вервам толку експресно да го оперирале и да закрепни. Не беше за увогрлонос операцијата. бтв ако добро памтам типот од телма само еднаш го спомна ко помина камерата таму кај шо седеја болните.
Касерес нема да се прави операција,тоа беше потврдено на медицинските прегледи на медицинските тимови на Барса и Јуве. Се очекува да се врати 31 коло.

Пјерпаоло Марино изјави дека Јуве веќе се во активни преговори за ангажман на Симон Кјаер и Чезаре Прандели. ЛИНК

Јувентус има опција да го купи Касерес за 12 милиони евра ... значи доколку Јувентус биде расположен да ги плати тие 12 милиони Барса не се прашува ништо тука , значи Јувентус ја има предноста ... исто така можно доколку се согласат двете страни цената да биде и намалена ....
Пред некој ден имаше информација дека многу веројатно е позајмицата на Касерес да се продолжи на уште 1 година.
 
Најнова шпекулација околу наследникот на Закерони, се спомнува дека Масимилијано Алегри е во пол-позиција.

http://football-italia.net/mar30h.html

Побарав нешто за типов на википедија, но нема многу информации. :toe:
 
Најнова шпекулација околу наследникот на Закерони, се спомнува дека Масимилијано Алегри е во пол-позиција.
И претходно беше некој постирал дека Моџи повеќе го гледа Алегри како наследник на Зак, отколку Прандели.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom