Vartolu
The Infamous Mobb
Токму така.Јуве ја почна сезоната со 4-1-2-1-2 дијамант формација и таа мислам дека е најпогодна за составот на играчи кој го поседува Јувентус.Но, после натпреварот со Џенова, Чиро почна да ја користи 4-3-1-2, и го постави Мело како организатор во средината. И покрај препораките од Дунга, Корвињо, Прандели и многу фудбалски стручњаци во Италија и светот упатени кон Чиро дека Мело не е организатор, Чиро го форсираше Мело на позиција која воопшто не му припаѓаше на Мело, и тоа е главна причина поради која Мело не играше на нивото кое се очекуваше од него.Епа тоа е и проблемот, погледни за репрезентациите како играат нашиве а погледни како за ЈУВЕ и ќе видиш колкава разлика има, Италија никогаш не прима многу голови на утакмица а истата одбрана игра и за ЈУВЕ така да проблемот е во раководството а не во играчите, Мело кога играше за Фиорентина играше перфект, и за Бразил игра маестрално, е тука кога на секоја утакмица има различна позиција и кога се менува формација на секоја утакмица нормално дека ќе нема успех а нема ни да има![]()
Медиумите створија голем притисок врз него, Чиро ниту еднаш не излезе да ги одбрани од медиумите ниту Мело, ниту Диего, нешто што секој тренер треба да го направи. Чист пример како треба да се брани тимот од медиумите е Мурињо.Ето беше критикуван за неговите игри, и Мурињо излегува со изјава „ Ето е најдобар напаѓач на светот, медиумите можат што сакаат да напишат“, и ниту еден медиум ден денес во Италија нема напишано дека Ето нема постигнато гол од Декември а зема 11 милиони плата, за разлика од случајот со Амаури кога немаше постигнато гол од натпреварот со Сиена, медиумите секојдневно пишуваа за тоа.