Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
На Дел Пиеро би му дал 8 за мечов. Не само ради двата гола што беа пола негови, туку и во важни моменти знаеше да задржи топка и изнудуваше фаул. Супер резултат и повторно се враќаме од 1-0 за противникот со победа. Ова е ЈУВЕ
 
браво за одличната игра во второто полувреме првото не бев задоволен кај нас се знае кој беа позабелезителни дел пиеро де челе киелини и мело и мислам дека и тој се врајкат во форма по малце и нормално амаури браво за него нека продолжи мислам дека се врати во битен момент :vozbud::vozbud: а 33 воопшто не забележителен низ цел натрепвар но нај заслужен за победата е мислам буфон спаси неколку ситуации
 
Ај честито нека ни е победата, важни 2 гола у гости.
Арно таа на Мистер Бомбастик само а здрви стативата не влезе :pos::pos:
Иначе Амаури и Дел Пиеро ја завршија цела работа а морам да ги пофалам Де Чеље и Мело кои беа едни од најборбените на терен.
 
Честитки за победата, одлична партија им покажавме на Ајакс.На почетокот по примениот гол мислев дека ќе паднат физички но Јуве успеа да се спротистави и да ги однесе 3-те бода во Торино .. за реваншот очекувам полесен меч без многу неизвесност, бидејќи 2 гола во гости се голема предност за секој клуб.Амаури полека но сигурно влегува во форма, секоја чест и за Дел Пиеро кој покажува дека годините не го спречуваат да ги прави своите мајстории. FoRzA JuVe !!!
 
Нека ни е честита победата за кревање на самодовербата кај играчите.Работата уште не е завршена ни претстојат уште 90 минути работа за да ја завршиме.Очекувам реваншот да го изиграме на едно добро ниво со добра игра пред домашните навивачи и секако со уште некој погодок во мрежата на Ајакс.Мило ми е Амаури што заличува на стрелец и се надевам ќе продолжи да дава голови и во наредните утакмици.А за Il Capitano :zver::cuc::cuc::cuc:,само така нека продолжи до крајот на сезоната и секако да ги подобрува неговите рекорди.
 
Одлично! Не е кој знае колку страшна играта, и не изгледаме застрашувачки за секоја екипа сеуште, ама се гледа огромен напредок, се чувствува дека работите одат на подобро. Амаури е повторно многу близу до тој стариот, се гради за секоја топка, го добива секое нафрлување од Буфон или од одбраната, освен двата гола уште еднаш беше во одлична позиција (прекрасното додавање на Дел Пиеро до Диего, кога овој требаше да му ја додаде на Амаури кој беше сам), што значи дека влегува во форма и ќе дава голем придонес во играта на Јуве.
Резултатот како резултат е одличен, во Торино треба да биде рутински, да се постигне еден гол на почетокот, па после опуштено да се доврши натпреварот. Сите играа доста добро, секако најдобар беше Дел Пиеро заради кого паднаа и двата гола, а за голот на Ајакс, мислам дека беше крив и Буфон, затоа што таква топка требаше да фати. Слабо играше и Зебина ама затоа и беше заменет. Закерони направи грешка што го стави Брацо а не Џовинко, кој ќе можеше да влечи контри кога Ајакс почна да врши притисок, ама тоа е...Важно е што одиме на подобро!:vozbud:
Да влезеше Џио ќе дадевме најмалку уште еден гол.Инаку ме радува жолтиот картон на Суарез (Misses next match) .Можеби вечерва не влезе во форма,но на следниот натпревар нема ни да добие шанса да се поправи.Само да не се радуваме предвреме,во Торино треба да изиграме повторно добро.Бевме сигурни и за мечот против Бајерн во Торино,но изгубивме.Само да не се опуштиме и рутински да го победиме Ајакс
п.с. Амаури,Дел Пиеро,Де Чељо (според коментаторот :) ) и сите останати изиграа извонредно.Мислам дека се враќаме во колосек ...
 
Две победи на последниве два меча, а воедно и три гола на Амаури? Што ли се случува? :леводесно:

Иначе, честито нека ни е победата, не го гледав мечот од оправдани причини, а како што читам, Дел Пиеро, Мело, Де Чеље и секако Амаури биле супер денеска. Топ резултат, и речиси сигурен пласман понатаму. Следни, Болоња. Очекувам продолжување на оваа добра серија на резултати.
 
Две победи на последниве два меча, а воедно и три гола на Амаури? Што ли се случува? :леводесно:

Иначе, честито нека ни е победата, не го гледав мечот од оправдани причини, а како што читам, Дел Пиеро, Мело, Де Чеље и секако Амаури биле супер денеска. Топ резултат, и речиси сигурен пласман понатаму. Следни, Болоња. Очекувам продолжување на оваа добра серија на резултати.
Да се надеваме на продолжување на добрите резултати.Инаку натпреварот ако сакаш ќе ти дадам линкови покасно за да го спуштиш ...
 
абе кај се тие шо му ставаа прекар “дедо перо“ на алекс да ги видам!!! ја враќа старата форма во секој нов натпревар се подобар и подобар,ако продолжи вака Липи ќе мора да смета на него летово...честитки за победата,одлична игра од Алекс,капитенски,маестрално,Диего,Сисоко,бековите беа лавови вечерва,дури и Амаури преодна оценка(најповеќе заслуга за головите има Алекс)...е сеа кој му е врска на Ф.М.-не знам,можеби Папата од Ватикан...Суарез во Јуве??? не благодарам!!!
 
Голема предност на Јувентус пред реваншот на домашен терен, но и реваншот треба да се изигра внимателно, но сметам дека веќе најголемата работа на Јуве е завршена со победата од 2-1 на Амстердам Арената. Оваа победа е многу важна, бидејќи ќе се зголеми и самодовербата на играчите. Буфон, Де Чеље, Киелини, Диего, Мело, Дел Пиеро и Амаури изиграа одлично. Маркизио играше добро во второто полувреме, а Сисоко овој натпревар му беше дефинитивно еден од послабите натпревари во дресот на Јувентус.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom