Не тоа ти го спомнав зашто ти споредуваше, иначе нешто сум у гужва, и не ти го прочита цел пост, само делот за грешко. Ќе ти одговоарам на другото покасно а и други работи ќе ти дадам да ги одговориш.
Едит:
Од 15то коло па до грешките на Цезар пресудни(според тебе) за тоа дали Интер ќе беа шампиони или не:
Порази од Јувентус
Нерешено со Аталанта
Нерешено со Бари
Нерешено со Парма
Нерешено со Наполи
Нерешено со Сампдорија
Нерешено со Џенова
Пораз од Катанија
Нерешено со Палермо
+ 7 победи:
Ќе ги издвојам најважните:
1. Со Милан 2-0 (Голот на Пандев за 2-0 и одбранетиот пенал на Цезар) - по овој меч Милан се откажаа од првото место
2. Со Сиена 4-3(Маки мачевме со последниот тим во Серија А и победивме во 99та минута со гол на дефанзивец)
3. Со Удинезе 3-2(Макиии)
Ај сеа во сите овие порази и нерешени исходи најди ми 2 почетнички/катастрофални/идиотски/марадонски грешки со кои таа огромна предност пред Рома на крај се стопи.
Тим што претендира за 1во место, да има во 16 натпревари да има повеќе од 50% изгубени или нерешени исходи е несфатливо, и во секоја друга лига доколку на крајот тој тим испаднеше или се задоволи со 7мото место(Тука и Јуве би го стаил) не би рекол дека голманот би бил крив за последните 7 кола што направил 2 катастрофални грешки.
2 победи од тие 9 наптревари, само 2 победи ќе го решеа првенството 4 кола пред крајот.
Али ипак среќен сум што испадна вака, подобро е да не знаеме што ќе беше ако беше на 4 кола пред крај осигурана титулата.
До вчера муабетот беше дека поради начинот на судење и однесувањето на фудбалската федерација Интер го јадеше бедот, али сега само ради Цезар, друго нешто е проблемот. :tv:
Ко прво во една сезона еден клуб не е изводливо да е перфектен, Интер секогаш имале падови во игра од Јануари нагоре, само што овој пат тие падови се должеа на виша сила за која ти говорев претходно.
Пак се навраќаме на тоа дека Грешко сепак не е крив според твоиве логики, бидејќи Интер во второ коло ако не се лажам, гости со Парма изигра 2-2, со Киево дома загубија, гости примија гол у 93та и тн и тн.
Значи пак, ако одиме по твоиве логики, не смееме Грешко да го наведеме ко најголем виновник ? Или сега дека последно коло било па имало некоја разлика иако до прееска беше со ставот
А јас упорно сакам да ти го доловам оној момент дека да сеедно е дали е последен или 5-6 пред крај на сезона.
што укажува на фактот дека си контрадикторен.
И многу убаво од тебе што го спомна мечот со Јуве а од друга страна го утепавте од потење за интервенцијата на Касиљас, мнооогу убаво, од проста причина што иди на јутуб и види како го примија првиот и пред Се вториот гол. :tv:
На мечот со Наполи Интер имаа скратен чисти пенал од иста судиска тројка која досуди пенал за Бари во слична ситуација, со Бари Интер мораа да играат со играч повеќе у последни 15 мин бидејќи стартот врз Пандев за пеналот по кој израмнија според сите правила и прописи беше за чист црвен, мечевите со Катанија и Џенова ги изиграа без тренер, на мечот со Сампдорија имаа 9 играчи по пола час игра. Кога ке го склопиш цел мозаик од тука ке укапираш зашто се загубени бодовите во овие мечеви по кои разликата драстично се стопи и секој нареден меч ( Удинезе, Палермо, Катанија ) го играа со еден тон притисок. Она на Абате ( претседателот на ИФФ ) се отствари, лигата стана повторно интересна ( за кого како ).
Бранка, Морати, Ориали, Мурињо, Занети, сите даваа изјави за овој период, сите знаеме какви беа истите, дури и Михалович кажа, пак се повторувам, дупло се послаби без Мурињо на клупата ...
На крајот во статистиката не е изводливо за Интер да стои 38 0 0, мора да има и по некој нерешен и пораз, али 60% од лошите резултати у вториот дел од сезоната беа виша сила. Дури и со Аталанта Снајдер доби смешен црвен, па потоа домаќините израмнија.
Интер во првиот дел од сезоната направи огромна разлика пред Милан и Јуве кои тогаш беа нивни главни конкуренти, пред Рома да не зборам, па затоа и имаа кредит за трошење на бодови, штета што истиот во најголем дел беше потрошен у мечеви каде друг диригираше услови за тек на натпревар. Тој кредит вака или така ке го трошеа али до разлика плус 6 бодови, најмногу ради ротации поради ЛШ, вака беа приморани и тој период со најдобрите да играат. И пак, на крајот повторно беше Се во рацете на Интер само што сега беа ставени во ситуација каде веќе не смее да се греши ( троши оној кредит ) и тука дојдоа проблемите со Цезар зашто тука тој беше директниот виновник за лошите резултати и губењето на првото место во период кога секој нареден меч беше '' да се биде или не '', префикс кој го немаше на пример во првото коло со Бари, кога и тогаш изиграа 1-1, или во петото коло со Сампдорија кога загубија, или во Февруари кога играа со Парма 1-1 на гости.
Колку да ти доловам и на друг начин дека правиш грешка со оноа сеедно кое коло е, ке ти ја дадам и изјавата на Мурињо по петото коло кога Интер загубија од Сампдорија по катастрофална грешка на Сантон, он кажа, губиме како тим и победуваме како тим. А по мечот со Фиорентина, каде Цезар прави втора аматерска грешка у 2 недели он кажа, ставени сме во ситуација веќе ништо да не зависи од нас поради грешки на одредени играчи, нормално, не прецизираше кој.