Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Деко reloaded!
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ништо../ изгубивме../
 
Ух бестрага... заврши 2-3. Баш ми е криво. :toe:
 
Поразот сега е добра работа, поарно пораз во подготовки отколку наесен. Е сеа јебига баш против гејците фанавме пораз ама тоа е тоа. Нека чкрта бенитез по тефтерот како треба и како не треба.
аха ќе забораев, БРАВО ЗА КУТИЊО!!!!!!!
 
Хахаха леле јака рекламава шо ја дадоја после утакмицава....:):):)
Иначе резултат како резултат....па припремна утакмица е така да ништо не е сташно...а башка и Панатинаико не се тим за потценвење:)
 
Тоа е тоа,, интересна утакмица . Многу сум срекен за Кутињо детето го бива ептен исто и за Биабиани. А слободно Мансини,Суазо,Мунтари ,Бурдисо и остали вишок можат да си бараат нов клуб.Не заслуживме пораз но неискуството на повекето млади играчи во првото полувреме си го покажа своето... не ми е криво за поразот ама малце ме јаде дека станува збор за грчки тим (јас незнам како без бензин\керозин стигнале до тука :) ) Лека нок Интераши и форца ИНТЕР!
 
Важно Бенитез ги играше сите 168 играчи :pos:
3 состави сменивме ејјј
Се кладам дека би ги ставил и оние децана што стоеа покрај ау линија ако имаше уште време..

А Мунтари за ова кратко време што играше успеа да ни потврди по незнам кој пат дека е тежок камен.
 
А Мунтари за ова кратко време што играше успеа да ни потврди по незнам кој пат дека е тежок камен.

што ти згрешија камењата па со мунтари да ги споредуваш? :)
 
Ok, Милито само удри потврда дека е 1 од многуте што едноставно незнаат да играат со глава у нападот на Интер. :)
Тоа што ептен ме израдува денес е играта на Коутињо и Бијабијани, убаво рече Морати за Балотели, Интер има и други таленти во својот тим а овие двајца се доволни у случај Бало да замине, т.е., повеќе од доволни се.

Се удри потврда дека имаат неколку отпади у тим ко Мансини и Мунтари, Албиек ме разочара, не ми се свиѓа ко профил на играч али ипак 20 мин не се некој репер за асална оцена. Оној левион бек, што го збрца и на Сити од друга страна е ок, има супер преглед на игра и одличен прием и контрола на топка, дефинитивно може да се смета и на него за некоја сезона а до тогаш Парма, Киево или некој трет тим за да го осети Серија А искуството и првотимскиот статус. Такоџе истиов муабет важи и за Оби.
 
Она бе Nwowaiwa многу ме бендиса.Топ изигра. А и минатата ко влезе супер играше...
 
Какво стримче си најдов за второто полувреме, фантазии. Sky Sports HD си пуштив преку лаптоп на плазма ТВ и исто ко на сателитска да ја гледам утакмицата :)
Иначе Оби и Бираги имаат голем потенцијал, за Кутињо немам зборови.
И да, Маикон пак потврди зашто е најдобриот десен бек.
 
Да реагираше подобро Милито на одличниот пас на Маикон, ќе си гледавме продолжениа :)

И покрај тоа што загубивме мило ми е за мали бразилац Кутињо...одличен гол постигна!
Edit:

Видовме што значи Маикон за Интер...2 одлични додавања (Кутињо и Милито) и јаки продори по десна страна.

Маикон да остане, Бало да си замине и
images
:icon_bigg
 
За 3-4 години, овој период, на форумов ке преовладуваат линкови од goal.com за сумата која ја бара Интер и сумата која ја дава Реал за Коутињо. :tv:

Топ е топ е копиљов, игра ко да е тука 5 сезони, желен е да се докаже и денес покажа дека е одличен и со лева и со десна нога, деснак е а со лева збрца добро голче ...
Ми се свиѓа што игра без респект за противник и без тежина у нозе со оглед на тоа дека е сеуште дете а игра за голем тим.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom