Солидни засилувања сте земале, мислам солидни за настап во втора лига

Реално со овој состав Ринија нема потреба да стравува од испаѓање и лесно може да заврши во првите 6-7 екипи. реално и покрај засилувањата 11 Октомври, Лисиче, Тиквеш, па можеби и миравци сеуште се каде каде подобри од Ринија, но ако се задржи костурот на екипата за следната година, лесно може да гледате прва лига за две сезони (прилично сум сигруен дека Ринија ќе успее во следната сезона да заврши во првите две екипи, пошто гледам дека се работи амбициозно). Оваа полусезона очекувам да тепате на домашен терен на скоро сите мечеви, и да собирате чат пат по некои бодови од гости.
Сепак за клубот да не доживее иста судбина како ред други клубови од ваков тип, редно време е да напоравите и подобра школа, сигурен сум дека во Гостивар има доста деца што сакаат да тренираат