ДУПИ СИ ГИИИИ
Бетис-Депортиво 1-2

Седмиот бод од третото гостување годинава, подобри се од Барса у пичку материну

Мртво прво полувреме. Виктор се реши да ги одмара Лукас Перез, Луис Алберто, Хуанфран и Боргес, па Депортиво во првото време скоро и да не нападна туку играше на 0-0.
Феде Картабиа беше најактивен на теренот, ја погоди и стативата со еден шут од далечина.
Домаќините имаа една шанса откако Лукс лошо дегажираше, нашиот екс играч Рубен Кастро излезе сам пред голман, ама лошо шутираше крај голот. Додуша и му стартуваа и беше сомнителна ситуацијата, меѓутоа мислам дека сепак немаше допир за пенал и повеќе беше глума.
Картабиа сосема заслужено го отвори вториот дел со погодок и водство на Депортиво.
Само што поведовме, Картабиа при една контра доби луда идеа да врати назад, ја загубивме топката и примивме ефтин погодок за 1-1.
Виктор направи три замени, Перез влезе место Родригез, Боргес место Домингез и Хуанфран место Картабиа. По една прекрасна акција меѓу Луизињо, Боргес и Фахир, поведовме со 1-2, откако спуштената топка од Боргес, Фахир со волејче ја смести во мрежата. До крајот бевме невнимателни во одбрана, особено при прекините, меѓутоа мрежата мируваше.
Многу важна победа особено после несреќниот пораз во претходното коло.
Во претходното коло:
Депортиво-Хихон 2-3
Неколку дена не можам од поразот да се соземам. Колку ги мрзам маме им ебам

Се вака се спасуваат

Постигнаа два брзи голови преку Санабриа, по истата грешка на одбраната на Депортиво. Остана да се поправи уште овој сегмент од тимот. Набрзина, со головите на Лукас Перез и Хуанфран, Депортиво израмни на 2-2, а потоа во една акција, судијата на два пати не виде чист пенал за Депортиво. И само што почнавме да напаѓаме за водство, ни бапнаа гол од контра. Второ полувреме притискавме, ама без посериозни шанси за погодок.
После 5 кола освоени се 8 бода, уште 32 за опстанок
