Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

  • Креатор на темата Креатор на темата staki
  • Време на започнување Време на започнување
Сепак Стопира влезе на местото на Фелипе во составот за Швајцарија. Како и што типував, парите кои ќе ги добиеме за Фелипе ќе одат за подмирување на долгот кон Серхио, но и за купување на Ескудеро. Вчера Лендоиро преговарал со претседателот на Мурсија. Понудил 1.5 милион евра, но овие барале 2 милиони. Се надевам дека што е можно побрзо ќе направат некоја спогодба.
Кога е веќе јасно дека Фелипе заминува би сакал да добиеме сума од барем 15 милиони евра за него. Но бидејќи сега тимовите знаат дека ни гори под нозете ќе можат да го земат и за бадијала.
На врвот на таа листа е Атлетико Мадрид кој најверојатно ќе го добие нашиот најдобар играч...
 
Jornada 1/20: Deportivo – Zaragoza
Jornada 2/21: Sevilla – Deportivo
Jornada 3/22: Deportivo - Getafe
Jornada 4/23: Villarreal – Deportivo
Jornada 5/24: Deportivo – Almería
Jornada 6/25: Real Madrid – Deportivo
Jornada 7/26: Deportivo – Osasuna
Jornada 8/27: Real Sociedad – Deportivo
Jornada 9/28: Deportivo – Espanyol
Jornada 10/29: Levante – Deportivo
Jornada 11/30: Mallorca - Deportivo
Jornada 12/31: Deportivo - Málaga
Jornada 13/32: Racing – Deportivo
Jornada 14/33: Deportivo – Hércules
Jornada 15/34: Atlético de Madrid – Deportivo
Jornada 16/35: Deportivo – Sporting
Jornada 17/36: Athletic de Bilbao – Deportivo
Jornada 18/37: Deportivo – Barcelona
Jornada 19/38: Valencia – Deportivo

Еве го распоредот за оваа сезона. Добар ждреб за првите неколку утакмици. Во првото коло Сарагоса мора да паѓа на Риазор. Лошото доаѓа во крајните три кола :icon_mrgr

Да си го довршам монологот за Фелипе :icon_mrgr
Стварно сме значи за жалење. Депортиво ќе направи некој играч да биде ѕвер и ќе се појават долгови по грешки на раководството и тие играчи мора да бидат продавани за багателна цена. Слично беше поради грешката по која го изгубивме Лафита, слични долгови се случувале и во минатото. Подобро да му го продолжеа договорот на Серхио во оваа сезона барем ќе го задржевме Фелипе, а вака 100% дека тој си оди од Депор. Бидејќи ни гори под нозе, Лендоиро мораше да ја прифати било која цена. Имаме шанса до 2-ри Август да го продадеме Фелипе и со тоа да се соберат пари за долгот кон Серхио, во спротивно бај бај Примера.
Веќе се знае дека следната дестинација на Фелипе ќе биде Атлетико Мадрид. Цената на целиот трансфер би изнесувала околу 12 милиони евра, и плус простување на долгот од 1.5 милиони кој го имаме за Зе Кастро.
Но проблемот е што парите нема да ни ги дадат во кеш. Прво ќе добиеме 6 милиони, па 3 милиони па третата сезона пак уште 3 милиони. Трансферот би требало да биде официјализиран деновиве, а мали се шансите некоја друга екипа да се вклучи во преговорите за него. Лендоиро се обидува да извади некое евро повеќе и тоа е главната причина поради која трансферот сеуште е блокиран.
Еххх жал ми е за Фелипе. Играч од таква класа да мора да се задовоулва со игри во не толку силен тим, иако изјавуваше дека ако остане во Шпанија освен Депор, други избори би му биле само Барса и Реал.
Али тоа е тоа, дојде време да си оди. Со оглед на тоа што го купивме за 2 милиони, а го продаваме за многу поскапо, овој трансфер и не би изгледал за толку лош. Факт е дека да не беше повреден пола сезона ќе го продадевме за многу повеќе.
Проблемот е што знам како ја одигравме претходната сезона без него. Катастрофален учинок и имавме среќа што не испаднавме. Се молам само да стигнеме до Ескудеро. Денес е првата пријателска на Депортиво па баш ме интересира како ќе изигра Депортиво. Мислев дека Лотина ќе игра со Гвардадо лево а Уретавицкаја десно во следната сезона. Но овој изјавил дека и двајцата ќе се борат за левата крилна позиција. Каква грешка прави....
Ондак кој ќе игра десно. Пак ли ќе му уништува кариера на Родригез или ќе игра дрвото пабло Алварез...
Извесно е дека Иван Перез ќе иде некаде на позајмица, а еден од Ајтами и Писку ќе го напушти клубот или пак ќе биде даден на позајмица. Тоа што фали е уште еден напаѓач, али не ми се верува дека ќе биде доведен таков.
Јас би сакал тимот за следна сезона да изгледа вака :
Аранзубија
Лауре/Пабло Лопо Колото Ескудеро/Раул
Уретавицкаја Родригез Мичел/Домингез Гвардадо
Рики Адријан​

или пак

Аранзубија
Лауре/Пабло Лопо Колото Ескудеро/Раул
Томас
Уретавицкаја Родригез Гвардадо
Валерон/Адријан
Рики​


--- надополнето ---

П.С. заборавив да спомнам дека уште незапочнати со сезоната а веќе почнавме со повредите. И погодете кој? Желката Жука :tapp:
Повреден на неколку недели...
 
Пораз во првиот подоготвителен меч. Во првиот меч од Ухрен купот, домаќинот Јанг Бојс славеше со 1-0 против Депортиво. Депортиво настапил во комбиниран состав. На голот бил резервниот голман Ману, десно мануел Пабло, во дефанзивата Лопо и младата надеж Давид Рочела и лево истотака младиот Раул. Лотина повторно ја играл тактиката 4-2-3-1 :tapp: На позициите ДМ играле Хуан Родригез и Хуан Домингез, а во средината настапиле тројцата нови засилувања. по десно атакувал Саул, по средината Мичел а од левата страна Урета. Единствен во нападот настапил Ласад. Првото полувреме поминало во доминација на депортиво, а особено разиграни биле новите играчи од средината но немало напаѓач кој можел да даде гол. И кога судијата не досудил очигледен пенал врз Урета, во продолжението на акцијата црвен картон за Давид Рочела. Тогаш (од 36 минута) до крајот на првиот дел Јанг Бојс владеел на теренот по што стигнало и водството. Вториот дел бил многу досаден и Депортиво иако напаѓал и внесол два напаѓачи (Рики и Адријан) сепак не успеал да израмни. Останува уште мечот за трето место...
Инаку да надополнам и дека запна трансферот на фелипе, поради тоа што Атлетико несака одма да ги плати првите 6 милиони...
 
Уште малку фали да се комплетира трансферот на Фелипе, најверојатно веќе се е договорено и се чека само официјално да се објави :)
Лендоиро сепак успеа да се исценка за трансфер чија вкупна вредност е меѓу 13.5 милиони и 15 милиони. Значи идеме вака. Депортиво од трансферот на Фелипе добива 12 милиони евра, (од кои 6 милиони во кеш одма, и по 3 милиони следните две сезони), простување на долгот од 1.6 милиони за Зе кастро, учество на два од следните 4 турнири Тераса Херера (оваа клаузула е проценета на вредност од милион евра) и плус дополнителна клаузула од која Депортиво би добил неколку стотитни илјади евра во зависност од одиграните мечеви на Фелипе.
Се на се, на крајот се изборивме за солиден договор. Притоа Фелипе веќе ги договорил и неговите примања, и ќе зима милион евра годишно, што е доста скромно за играч од таков калибар :)
Во поглед на трансферите, се надевам дека ќе биде донесен Ескудеро, а најверојатно нема да се земе нов напаѓач па после 6 години шанса ќе добие Рубен Кастро :)
Што се однесува до пријателските... Вчера Твенте загуби од Штутгарт, па ќе биде наш противник во борбата за трето место во Ухрен купот. И уште нешто кое неможам да го сватам...уште непочната сезоната а веќе имаме тројца повредени. На Жука и Аранзубиа им се приклучи и Хуан Домингез кој ќе отсуствува една недела и ќе ги пропушти дуелите со Твенте и Унион Берлин!
 
Денеска и официјално го губиме нашиот најдобар играч од претходната сезона. Фелипе денес патува во Мадрид на медицински прегледи, по што ќе се обелодени договорот под условите коии ги набројав во претходниот пост.
-12 милиони евра (6 милиони одма, 3 милиони следната сезона, 3 милиони за две сезони)
-простување на долгот од 1.6 милиони евра за Зе Кастро
-учество на Атлетико на два од следните 4 Тераса херереа турнири кои се играат на Риазор (проценето на 1 милион евра)
-дополнителен 1 милион евра во зависност од бројот на одиграните мечеви на Фелипе

Се на се Лендоиро склопи договор вреден околу 14.5-15.5 милиони евра. Тоа беше се што можеше да се извлече за Луси Фелипе. Епа му посакувам се најубаво во кариерата и да не направи горди :) Му посакувам и се најубаво во борбата за дресот на Бразил.

Единствено нешто кое сега би ме направило задоволен е носењето на Ескудеро, меѓутоиа преговорите запонале иако од 4 понуди, Ескудеро ја преферира онаа на депортиво, бидејќи и самиот изјавил дека сака да го носи сино-белиот дрес.
Истотака денеска Иван Перез беше испратен да собира искуство во второлигашот Понферадина.
Вечер во 18 часот Депортиво-Твенте за трето место на Ухрен купот...

--- надополнето ---

Депортиво иде во живо на Еуроспорт. И одма Рикииииииииииииииии 1-0 :icon_mrgr
 
Депортиво-Твенте 1-1 (4-5 пенали)

Депортиво на крајот го загуби и мечот за третата позиција на Ухрен купот, и се задоволи со последното место. Одиграа меч во кој имаа фуриозно 20 минути. Почнаа феноменално, и уште од првата акција Рики одлично помина и погоди за 1-0. Веќе во следните напади, грешка на одбраната на Твенте, но Десмаретс пропушти две шанси. Најпрвин еден на еден, шутираше право во голмнанот., и кога топката се одби еден од одбранбените играчи го блокираше со клизач вториот шут на Десмаретс. Веќе по изведениот корнер одличен шут на Пабло Алварез но голманот на Твенте повторно одбрани.
Тогаш иницијативата на Депортиво замре. Твенте почна да напаѓа но без шанси. По една акција добија корнер, и повторно истите грешки. Колото не затвори на време и 1-1. Тоа беше се од првото полувреме. Идиотот Лотина повторно ја форсира неговата 4-2-3-1 формација. Во ова полувреме настапи со мешан состав. На голот беше Ману, во одбраната Лауре, Колото, Ајтами и Стопира, на позициите ДМ играа Родригез и Томас, во средината Алварез, Валерон и Десмаретс а како осамен во нападот беше Рики.
Дека оваа тактика не води кон никакво подобрување се виде уште во ова полувреме. Депортиво ги имаше истите маки. Освен во првите 20 минути, во остатокот средината одново неможеше да сврзе ниту една топка. Дека тие двајца играчи измеѓу средината и одбраната се непотребни се виде одма. Валерон сеуште е најкреативен, и испраќаше добри топки кон останатите. Пабло Алварез ме изненади во првиот дел. Заедно со лауре истрчаа многу и имаа добар придонес. Но Десмаретс изигра многу лошо. Се покажа тоа дека е просечен играч, а единствена придобивка од него ќе имаме поради тоа што е брз.
Во одбраната Лауре беше најдобар. Стопира кој е планиран за Фабрил, беше просечен во текот на целата утакмица. Ајтами изигра на ниво цел меч, а Колото играше само во прво полувреме и беше истотака просечен. Рики беше еден од најобрите и иако одигра само еден дел беше прогласен за играч на натпреварот.
Во второто полувреме, неколку замени но формацијата остана иста. Изелезе Колото а влезе Давид Рочела. Одбраната во вториот дел беше подобра. Но средината одново беше ужасна. Се до 70-тата минута ниту една екипа немаше шпанси. Беа направени многу рокади и неможеа ниту едната ниту другата екипа да створат шанса. Од новите играчи влегоа и Саул и Мичел а не го видов само Урета. Мичел изигра солидно, беше борбен, а од Саул не видов многу пошто влезе при крајот. Раздвижување се случи кога во игра влезе ласад. Одигра добро , имаше неколку пробиви, а еднаш одбраната на Твенте чистеше од линијата. Истото се случи и во последната минута кога Ласад одлично додаде до Саул овој испрати прекрасен удар од страна а Твенте одново спасуваа од линијата. Холанѓаните беа послаб противник на овој меч, и освен голот имаа уште две шанси кога најпрво лауре а после и Ајтами спасуваа со клизачи.
Се прејде на пенали. На голот на Депор, беше третиот голман Диего Ривас.
Прв кој утна од Депор беше Пабло Алварез, но Ривас возврати со одбрана. Беше 4-4 кога се влезе во шестата серија. Мислам дека промаши Саул, а погодија Твенте и победија.
Убав меч од кој треба да се извлечат неколку поуки, се надевам дека Лотина ќе престане да игра со ебаната тактика.

Инаку Фелипе и официјално во Атлетико мадрид...
 
Нема победа за Депортиво ниту во третиот пријателски меч. Унион Берлин-Депортиво 3-3.
Со оглед на тоа што немаше никаков стрим за утакмицата немам врска како изиграле Депортиво, но ќе дадам извештај за некое време пошто луѓе од форумот на Депор во живо го следеа мечот :)
Единствено нешто што е познато е дека Депортиво водел со 3-0. Како успеале да прокоцкаат волкава предност за триесетина минути тоа е енигма. Два гола дале новаците Мичел и Десмаретс, а еден гол бил дело на Рики.

Инаку во склоп на продажбата на Фелипе, Депортиво најверојатно ќе добие еден играч на Атлетико. Ова досега не беше обелоденето, но се очекува денес да излезе и официјално. Станува збор за DM-то на Мадридскиот тим, 20 годишниот Рубен Перез. Доаѓа на позајмица од 2 години, и на крајот има оопција да го купиме.
Мислам дека ова е непромислен потег на раководството на Депортиво. Само трупаат играчи на истите позиции, а на пример нападот воопшто не беше засилен и е доста мизерен. Имаше и други позиции кои требаше да бидат пополнети, а они се изнакупија средњаци :tapp:
 
Интересно интервју со Лендоиро од кое може да се дознаат многу работи. Се во врска со трансферот на Фелипе, за играчите за кои што сме заинтересирани како и за финансиската состојба на клубот. Значи да сумираме Депортиво од трансферот на Фелипе добива, 12 милиони (6 сега, по 3 во наредните две сезони), учество на Атлетико на Тераса Херера, двајца играчи кои ќе бидат позајмени (го добивме веќе Рубен Перез на две годишна позајмица со можност да биде купен на крајот, а вториот играч ќе биде по избор и изборот најверојатно ќе падне на Мигел Лас Куевас), а новината е дека ќе земеме 15% од следниот трансфер на Фелипе, како и опростување на долгот за Зе Кастро во вредност од 1.6 милиони евра. На крајот ова излезе дека е и повеќе од одличен договор за Депортиво. Што се однесува до финансиската состојба, таа се повеќе и повеќе се подобрува :vozbud: Да успее Депортиво да опстане во лигата уште 3-4 години, и после ќе можеме да се бориме и за високите позиции како во старите добри времиња :vozbud:
Околу составот... Депортиво е многу блиску до Ескудеро, а најверојатно ќе се решиме и од вишокот на дефанзивци, бидејќи веќе месец дена не се знае каде е Адријан Лопез Писку, кој откако потпиша нов договор, сакаше пооглема плата и ги бојкотира тренинзите. Многу покажал па да бара пари :tapp:
За разлика од минатата сезона, оваа година Депортиво е многу подобар. Можеби изгубивме лидер во одбраната, но сепак добивме многу засилувања на крилните позиции како и во целата средина, а се надевам дека ќе биде донесен Ескудеро за да го покрие заминувањето на Фелипе. Да ја засилевме уште малку навалната линија и ќе бев сигурен дека ќе го избегнеме отпаѓањето, вака ќе живеам во неизвесност :)
 
Се заострува битката за левиот бек на Мурсија, Серхио Ескудеро. Според Мурсискиот весник Ла Вердад, Лендоиро веќе ја договорил сумата за Ескудеро (1.8 милиони), и сега преговара со играчот околу неговата плата. Проблемот е што во битката покрај Сарагоса која му нуди многу подобри услови се вклучува и Шалке. Феликс Магат силно притиска за овој играч. Шалке може да му понуди многу повеќе за разлика од Депортиво. Му нуди многу поголема плата, играње во ЛШ, битка за титулата и слично. Депортиво неможе да му понуди многу, и ми е жал што се замрсија овие напредни договори, затоа што стварно сметам дека Ескудеро е вистинската замена за фелипе :( Сепак се надевам на најповолното за нас!
Истотака при крај се преговорите за Рубен Перез, кој 95% веќе е наш играч, а останатото останува само и јавно да се официјализира. Дали би земале уште еден играч на Атлетико кој би го добиле од договорот за Фелипе, ќе видиме понатаму. Се споменува еден напаѓач, но истотака се споменува и тоа дека Депортиво е многу блиску до позајмица на голгетерот на бетис, Серхио Гарсија :vozbud:
Најверојатно ќе се направи некој договор со кој они би го добиле Рубен Кастро, и би ни го позајмиле Гарсија за оваа сезона. Ова би бил одличен потег за нас, и мислам дека ако го доведеме ќе се пополнат сите позиции и иднината барем за оваа сезона треба да ни е сигурна!
 
Се заострува битката за левиот бек на Мурсија, Серхио Ескудеро. Според Мурсискиот весник Ла Вердад, Лендоиро веќе ја договорил сумата за Ескудеро (1.8 милиони), и сега преговара со играчот околу неговата плата. Проблемот е што во битката покрај Сарагоса која му нуди многу подобри услови се вклучува и Шалке. Феликс Магат силно притиска за овој играч. Шалке може да му понуди многу повеќе за разлика од Депортиво. Му нуди многу поголема плата, играње во ЛШ, битка за титулата и слично. Депортиво неможе да му понуди многу, и ми е жал што се замрсија овие напредни договори, затоа што стварно сметам дека Ескудеро е вистинската замена за фелипе :( Сепак се надевам на најповолното за нас!
Истотака при крај се преговорите за Рубен Перез, кој 95% веќе е наш играч, а останатото останува само и јавно да се официјализира. Дали би земале уште еден играч на Атлетико кој би го добиле од договорот за Фелипе, ќе видиме понатаму. Се споменува еден напаѓач, но истотака се споменува и тоа дека Депортиво е многу блиску до позајмица на голгетерот на бетис, Серхио Гарсија :vozbud:
Најверојатно ќе се направи некој договор со кој они би го добиле Рубен Кастро, и би ни го позајмиле Гарсија за оваа сезона. Ова би бил одличен потег за нас, и мислам дека ако го доведеме ќе се пополнат сите позиции и иднината барем за оваа сезона треба да ни е сигурна!

Серхио Гарсија од Бетис се поврзуваше и со Валенсија, како играч кој му се допаѓа на Унаи Емери, така да ако отиде во Депортиво ќе биде добро за тимот. :)
 
Нема заебанција со Гвардадо бе :tv:
Инаку деновиве и он се приклучи на четата и се поизвесно е дека и следната сезона ќе го носи дресот на Депор :vozbud:
Денеска добивме уште едно засилување за новата сезона, а тоа е Рубен Перез кој како што кажав доаѓа на две годишна позајмица од Атлетико Мадрид, но нема бај аут клаузула како што беше најавено. овој 21 годишен играч се смета за еден од подобрите кои излегле од школата на Атлетико во последните години, па ќе видиме колку може да помогне.
2988.jpg
Еве го и на сликиче :)
Лошото околу трансфер пазарот е неизвесноста околу замената на фелипе. Иако се беше договорено со Мурсија сепак во битката за Ескудеро се вклучија сериозно и Шалке и Сарагоса. Мали се шансите да го избере Депор бидејќи и двата тима може да му понудат многу повисоки плати :( Лендоиро изјави дека нема да се откаже, но и покрај тоа ги разгледува другите алтернативи на пазарот. Инаку следниот пријателски меч е во сабота со Кардиф, во Велс.
За репрезентацијата на Зеленортските острови беше повикан Стопира, за Уругвај Урета, додека за Шпанија под 21 година беа повикани Адријан и Мичел.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom