Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

  • Креатор на темата Креатор на темата staki
  • Време на започнување Време на започнување
Нема ништо ново во Депортиво во погледот на засилувањата. Во меѓувреме во јавноста излегоа уште две имиња кои што се поврзуваат со Депортиво. Според весникот Марка, Депортиво е заинтересиран за напаѓачот на Бетис Б, Израел Баскон. Овој играч во сезоната 2005/06 беше голема надеж на тимот од Севиља, но доживеа тешка повреда по која беше надвор од терените долго време. Изминативе години го носи дресот на Бетис Б, но сепак мислам дека би бил солидно засилување за нас. На форумот на депор е добро прифатен и сите би биле задоволни од некој ваков трансфер.
Истотака се шпекулира и за левиот бек на Словачката репрезентација Марек Чех. 27-годишниот играч можно е да биде замена за Фелипе, но мислам дека ова е само една шпекулација. Во меѓувреме во трката за Фелипе покрај Атлетико мадрид се вклучија и Интер и Ливерпул. Сепак последниве две екипи немаат досењга ниту една понуда, а Лендоиро несака никакви преговори со Атлетико бидејќи они не сакаат да платат во кеш туку во три рати :)
Според мене единствена добра понуда би била онаа од Атлетико 12 милони плус Камачо и Диего Коста, ама и тоа е далеку да се оствари. Добро е што до сега нема многу интерес за Гвардадо. Сакам да го задржиме нашето крило и со поголеми амбиции да се влезе во следната сезона. Се заташкаа работите и со Саул. Иако уште одамна се знаеше дека ќе биде наш играч, сепак поради проблемите кои ги има со свбојот агент, ќе чека да му истече договорот со него а тоа е на 31 јули, па после да се приклучи на нашиот клуб. Лошото е што подговотвките почнуваат уште следната недела во петок на 9 Јули, и тој би пропуштил цел месец.
Би сакал и него да го видам во клубот и конечно да бидеме одлично потковани на крилните позиции. Конкуренцијата во составот за следна година е се поголема. Доколку заминат Фелипе и Гвардадо тогаш нашата битка ќе биде за долниот дел, во спротивно апетитите растат :icon_mrgr
 
Работите во Депортиво одат кон подобро.:icon_mrgr
Останавме без уште еден од непотребните играчи. Бодипо кој не постигна ниту еден гол во минатата сезона заминува на позајмица во Романскиот Васлуи од една година, а потоа е слободен играч. Во меѓувреме во трката за Фелипе се вклучува и Парма:)

Овој пост ќе му го посветам на еден играч кој максимално гокритикував во последнава сезона. Играч кој во последниве две години не беше ни сенка од тоа што беше порано, но и играч од златните генерации на Депортиво. Серхио е последниот играч кој го наппушти нашиот клуб. После цели 9 сезони поминати во Ла Коруња, не најде заеднички јазик со раководството и реши да замине. Не ми се допаѓа ова однесување кон едни од најдпбрите играчи. Истото го снајде и Тристан, а сега и Серхио. Можеби повеќе не го заслужуваше нашиот дрес, ама начинот на кој беше држен во неизвесност до последен ден е бајаги лош!
Можам само да му заблагодарам за се што направил за Депортиво и за секој убав момент во изминативе 9 години, и нека му е со среќа во иднината.
 
http://www.goal.com/en-us/news/1110...012439/toronto-fc-signs-spanish-striker-mista
Миста во Торонто..
Ах тие проклети Шеици и Американци го расипаа фудбалот со парите.:toe:
Па и не го расипаа до толку, Миста одамна веќе не личеше на напаѓач за примера. Само што сакав да ја пишам инфорамцијава ама си ме преварил :) Сега е партнер со екс играчот на Депортиво, Де Гузман.
 
Па и не го расипаа до толку, Миста одамна веќе не личеше на напаѓач за примера. Само што сакав да ја пишам инфорамцијава ама си ме преварил :) Сега е партнер со екс играчот на Депортиво, Де Гузман.
Али можеше да замине во послаб клуб од Примера нели?
Немораше за тие пусти пари и раскошен живот да иди таму..:toe:
 
абе земавте нешо сезонава ?
Земавме. И официјално денеска е објавено дека чеврто засилување за новата сезона е екс играчот на Елче, Саул Фернандез. Потпишува три годишен договор, а ќе биде претставен на јавнмоста во четврток.
Покрај него досега купивме уште еден играч Ивес Десмаретс (дојде од Виториа Гимараеш), а позајмени се Мичел од Валенсија (има и клаузула со која може да го откупиме на крај), како и најголемото засилување младиот 20-годишен Уругваец кој е позајмен од Порто, Уретавицкаја. Можеби ти звучат непознато, т.е. сигурен сум дека звучат непознато, али за мене сите се солидни засилувања, освен првиот за кого оставам времето да покаже :icon_mrgr
Истотака, Атлетико Мадрид притисна бајаги за Фелипе, па можно е да се сели кај нив. Алекс Бергантињос е блиску до Ксерез, а Иван Перез до Понферадина. И двајцата се млади и најверојатно ќе одат на позајмици иако Алекс може да биде и целосно продаден. Тимот покрај Миста и Серхио, го напушта и Бодипо кој последната година од договцорот ќе ја изигра како позајмен во Романскиот прволигаш Васлуи. Се ослободивме од три дрва, добивме солидни играчи., Досега доброи котираме на пазарот:)

Али можеше да замине во послаб клуб од Примера нели?
Немораше за тие пусти пари и раскошен живот да иди таму..:toe:

Па не баш... Незнам колку си го следел Миста во последните две години, али искрено не заслужува да носи дрес ни на тим од Сегунда. Америка му е таман за неговата моментална форма :)
 
20/7 vs Young Boys at Grenchen, Switzerland
22/7 vs Stuttgart or Twente at Grenchen, Switzerland
25/7 vs Union Berlin at Berlin, Germany
31/7 vs Cardiff at Cardiff, UK
3/8 vs Newcastle at Riazor (Teresa Herrera)
7/8 vs West Ham at London, UK

Еве ги веќе закажаните утакмици на Депортиво во предсезоната. Подоготовките почнуваат од 9 Јули, а првата контрола е на турнирот во Швајцарија, каде што покрај Депортиво и Јанг Бојс, ќе настапат и Штутгарт и Евертон, што значи дека не очекува уште еден меч од овој турнир. Освен веќе закажаните утакмици меѓу кои најважна е онаа од Турнирот кој традиционално се одржува во Ла Коруња, Тераса Херера и за разлика од други години овој пат ќе се одигра само еден меч и тоа со Њукасл, има и уште неколку понуди. Понуда од Тенерифе, понуда од Селта за обновување на Галициското дерби и повик од Јапонија за турнир меѓу 4 екипи од Шпанија, Депор, Атлетико Мадрид, Севиља и Валенсија. Планот е да се одиграат десетина подготвителни меча :)

И една новост околу нашиот веќе екс играч Серхио. Легендата на Депор е блиску да потпише со новиот прволигаш Леванте :)
 
И ден исполнет со многу новости во Ла Коруња. Вчера на Риазор на првиот тренинг на депортиво беа преставени 4-те нови засилувања.
Џонатан Уретавицкаја
urreta02.jpg
:vozbud:
Ивес Десмаретс
desmarets03.jpg
:vozbud:
Мигуел Анхел Хереро Мичел
michel02.jpg
:vozbud:
Саул Фернандез
saul03.jpg
:vozbud:
Еве ги и сите че6творица заедно
look:21149,zoom:399x305,crop:400x305

Колку се "насмеани" затоа што го носат дресот на Депортиво :pos:

Но тука не се застана со засилувањата. Денеска Депортиво го доби 5-тото засилување за новата сезона, односно третиот играч кој е целосно откупен. Младиот 22 годишен лев бек, кој досега го носеше дресот на Санта Клара во втората португалска лига, Јаник Сантос Таварез или скратено Стопира, е нов играч на Депор. Овој лев бек кој доаѓа од Зеленортските острови, би требало да бида замена за Брајан Ангуло и втора алтернатива после Фелипе. Во случај да замине Фелипе што е доста извесно, откако и Барселона се вклучи во борбата за него, можно е да биуде и прв лев бек. На таа позиција Депортиво веќе има одличен играч од младата школа, Раул, и тој треба да води жестока конкуренција со Стопира и замената на Фелипе во случај да си замине.
Еве го и Стопира
66990_stopira.jpg


Интересни случувања во Депортиво. Со оглед на тоа што Гвардадо најверојатно останува би имале одличен состав за следна година. Уф едвај чекам да почне сезоната :vozbud:
 
look:21160,zoom:399x332,crop:400x332

Вчера беше презентирано и петото засилување во составот на Депортиво. За сума помала од 100 000 евра Депортиво потиша со перспективниот 22 годишен екс играч на Санта Клара. Многу веројатно е дека ова лето ќе загубиме барем еден од нашите клучни играчи. Лендоиро му ветил на Фелипе дека ако пристигне добра понуда за него тогаш има слобода да решава за својата иднина. Но Депортиво сигурно нема да прифати сума под 15 милиони евра. Јас сметам дека и ова е малку. Кога Лацио може да бара 22 милиони за Коларов, зошто и Депор не би барал 20 милиони за Фелипе! Али ете долговите притискаат и приморани сме да ги шиткаме играчите.
Како посакувана замена за Фелипе се споменува името на Сехио Ескудеро од Реал Мурсија. Овој млад играч се смета за играч со светла иднина пред себе. Откако Мурсија падна во третата лига депортиво би можел да го земе за ниска цена, и плус со остатокот од парите од Фелипе може да се земе уште еден добар напаѓач.
Првите проблеми се појавија поради револтот на Адријан Лопез Писку. Тој одбил да се појави на тренинзи и сака да го напушти клубот. Лендоиро не најави казна туку преку разговор ќе се обидел да ги реши недоразбирањата. Досега ми се допаѓаат сите потези, освен тенденцијата да се продадат Ајтами и Алекс Бергантињос. Лани одлично се покажаа на позајмицата во Ксерез и мислам дека треба да им се даде шанса, особено на Ајтами кој мислам дека е подобар и од Зе Кастро и од колото, а не е далеку и од перформансите на Лопо!
 
Нема скоро ниишто ново во Депортиво. Една од малкуте новости е тоа што Алекс Бергантињос е даден на позајмица во Гранада во Сегунда. Се надевам дека вториот играч кој лани беше позајмен во Ксерез покрај Алекс, дефанзивецот Ајтами ќе биде задржен во клубот иако и тоа ми е малку веројатно. Други трансфер новости скоро и да нема. Па ќе ја искористам приликава да им честитам титула на двајцата екс играчи на депор, Капдевиља и Арбелоа во Шпанската репрезентација :)
Друго ново е дека, на 13 Август Депор ќе гостува на Сицилија против Катанија, и дека уште на стратот со мала повреда се соочува нашиот прв голман Дани Аранзубиа :tapp:
 
Пууу да ти ебам долговите веќе тотално не закопуваат. Иднината на Депортиво е неизвесна поради дологвите кон своите екс играчи. Откако Серхио не успеа да се договори со Депортиво, поднесе тужба со која бара да му се исплатат ни помалку ни повеќе туку 2 милиони евра :nesvest: Депортиво и Серхио имаа договор кој траеше 9 сезони и кој завршуваше во Јуни 2009 година. Меѓутоа имаше клаузула во која било договорено ако изигра одреден број на натпревари истиот договор автоматски да се продолжи за една година. Тоа и се случи, меѓутоа во меѓувреме двете страни се договориле на помал договор, но Серхио посакал поради тоа што ќе зима помала плата, побарал и клаузула од 1 и пол милион ако не се обидат да му го продолжат договорот за следнава сезона. На таа сума од 1.5 милиони се придодаваат и долговите од платите за оваа сезона и се доаѓа до конечната сума :pop:
Идеме понатаму... Од никаде се појави Уругваецот Себастијан Таборда. Еден од најголемите дегени што сум ги гледал во сино белиот дрес кој истотака испратил тужба во Шпанската федерација.
Свои барања имаат и Мајорка на која не и е сеуште исплатена последната рата од трансферот на Луке :pop: (трансфер стар 7-8 години...) како и Атлетико Мадрид на кого му должиме 1.5 милион за трансферот на Зе Кастро. Ситуацијата сега е скоро јасна. Атлетико ќе притисне за Фелипе, ние ќе им го дадеме за цена околу 12 милиони под нивни услови, они ќе ни го поништат долгот кон нив, а останатите пари ќе одат за исплатување на овие 4 долга што ги набројав. Ако Депор не ги подмири долговите нема да може да се засилува во оваа сезона (што значи дека сите досегашни трансфери паѓаат во вода), а истотака ќе се соочи со одземање бодови а во краен случај забрана за настап во Примера. Иако Лендоиро изјавил дека ситуацијата планира да ја решво наредната недела сепак немам многу верба...
Лоша ситуација со оглед на тоа што покрај овие долгови ни висат и оние старите кои ќе ги враќаме до крај на животот :icon_mrgr
Депортиво должи накај 125 000 000 евра....

И покрај се, тимот работи на создавање на јак состав за следната сезона. Како што најавив три екипи тргнале по талентиранниот лев бек на третолигашот Мурсија, 20 годишниот Серхио Ескудеро. Од сите три клуба (Депор, Сарагоса и Алмерија), се шпекулира дека токму Депортиво испратил највисока понуда и дека е блиску до ангажирање на овој играч. Искрено ова би било совршена замена за фелипе :vozbud:
Во интервјуто на Колото, Аргентинецот изјавува дека е среќен со новите засилувања и дека екипата треба да се бори за Европа. Е редно време е, али покрај сите овие долговииииии.... :nesvest::pop:
 
Лелеее:jaj:

Жално е за екипа како Депортиво да минува во таква криза, ама тоа е тоа.
Директна или индиректна вина во тоа има шпанската федерација. Знаеш на што мислам, на распределбата на ТВ-правата.
 
Лелеее:jaj:

Жално е за екипа како Депортиво да минува во таква криза, ама тоа е тоа.
Директна или индиректна вина во тоа има шпанската федерација. Знаеш на што мислам, на распределбата на ТВ-правата.

Тоа е тоа...
Скоро сите екипи од Италија и Шпанија кои се издигнаа во тоа време поради светската криза западнаа во големи кризи и им се отежна враќањето на кредитите. Ќе ги истакнам Лацио, Парма, Реал Сосиедад и Селта Виго како клубови кои прилично настрадаа. Од сите нив само Депортиво успеа колку толку да се одржи во шампионатите. Незнам само како настанале овие долгови. Депортиво никогаш немал ѕвезди во својата екипа. Сето тоа беа играчи кои се на некое просечно ниво...
 
Денеска беше платен долгот кон Таборда, и остана да се подмири оној кон Серхио...
Инаку на Ухрен купот во Швајцарија, Депортиво отпатува со следниве играчи :
Aranzubia, Manu, Diego Rivas, Manuel Pablo, Laure, Rochela, Aythami, Colotto, Lopo, Ze Castro, Filipe, Raul, Antonio Tomas, Juan Rodriguez, Juan Dominguez, Saul, Pablo Alvarez, Urreta, Valerón, Michel, Desmarets, Riki, Adrian and Lassad.
Гвардадо има дополнителен одмор поради светското првенство, додека Стопира последното засилување сепак ќе настапи за Фабрил на почетокот од сезоната!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom