Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

  • Креатор на темата Креатор на темата staki
  • Време на започнување Време на започнување
Поминаа 10 години откако Депортиво ја крена својата прва и единствена титула во Шпанската Примера.

Тоа беа времиња кога во светот колку толку се играше фудбал, и во Шпанија секој можеше да победи секого. Барселона завршуваше меѓу последните, друга сезона меѓу првите, Реал беше главен конкурент со Валенсија, јака екипа имаа Реал Сосиедад, Селта, а Депортиво едно 5-6 сезони по освојувањето на титулата беше редовен учесник во ЛШ, и имаше одличен фудбал за око.

Ама времињата се сменија. Не гледам тим кој што во следниве 10 години, би можел да им се спротистави на Барселона и Реал. Ете почнаа да им одат и играчите на валенсија, екипа која можеби беше најконкурентна на гореспоменатите. Депортиво одамна е далеку од трката за шампионската титула. Можам слободно да кажам дека следна година, ако од Депортиво си отидат Гвардадо и Фелипе, тимот 99% ја напушта Примера. Не дека и некогаш Депортиво купувал играчи кои биле ѕвезди, но во денешно време Депортиво неможе да си дозволи да купи повеќе од просечен играч. Такви ќе бидат засилувањата и за оваа сезона. Веќе стандардно се обидуваме да ги купиме најдобрите играчи од сегунда, ако може да се позајми некој од просечните од Примера, и ако може да се најде некој поефтин играч од Јужно Американскиот континент.
Оваа година, Депортиво не ни аплицирал за лиценца за Европа, што значи и да завршевме погоре немаше да настапиме во некое Европско натпреварување. Финансиската ситуација во тимот е просто разочарувачка. Играчите од Декември па навака примале само по 12 000 евра месечно, и на оние кои им се должи плата ќе се најде начин да бидат исплатени во следнава сезона.
Околу засилувањата веќе е познато дека Саул е скоро наш играч, а 90% е сигурно и доаѓањето на средњакот од Валенсија, Мичел. Но, немаме пари ни него да го купиме, па ќе дојде на позајмица од една година со можност да биде купен на крајот. Во нападот е планирано да бидат задржани Рики, Адријан и Ласад, а да се донесе некој кој што е висок и има добар удар со глава, а Лотина за вистински играч на ова место го смета Лекиќ од Ѕвезда :tapp:
Се поизвесно ми е дека Гвардадо ќе си замине уште во овој шампионат, а најверојатно негова следна дестинација ќе биде Валенсија, која ќе потроши добра пара откако заработија 40 милиони за Виља.
Ќе почекам до стартот на тренинзите за нивата сезона, а дотогаш само ќе шпекулираме. Сепак немам голема надеж за следна сезона, и ако заминат Фелипе и Гвардадо ондак очекувам пласман од 14-20 место :(
И играчите се на одмор до 8 Јули :)
 
Овој пост ќе го посветам на вториот тим на Депортиво. Депортиво Б ака Фабрил, успеа по само една годсина да се врати во третата лига :vozbud::vozbud::vozbud: Момците имаа и круцијална улога и во првиот тим од Ла Коруња во оваа сезона. Често пати беа повикувани за настап во првиот тим, а дел од нив беа прекомандувани во првиот состав, па за идна година можеби ќе бидат и носители на товарот. Откако првиот меч во Бургос (тим кој беше најтежок можен проитивник во баражот), заврши со 0-0, иако Фабрил напаѓаше скоро цел меч на Риазор, сепак се заврши со истите 0-0 како и во првиот. Пеналите одлучија Депортиво Б, да влезе во трета лига, а резултатот на пенали беше 3-0 :)
Има надеж во овие момчиња предводени од Тито Рамало, па не би ме чудела ако Депортиво биде првата екипа чиј А и Б тим ќе настапува во ист ранг :pos: (со оглед на тоа што првиот тим се повеќе тежнее кон Сегунда :tapp:).
Кај Депортиво скоро и да нема ништо ново. Се шпекулира со нови напаѓачи и еден голман, кој сметам дека не треба да го земаме затоа што најмалку ни е потребен трет голман во екипата, кога се нема пари да се исплатат долговите кон фудбалерите. Барани се и двајца напаѓачи, едниот Перуанец, а другиот мислам дека беше од Сенегал, кои се анонимуси во фудбалкскиот свет:)
Страната со форумот на Депортиво е нешто заебана, така да неможам точно да се сетам како им беа имињата на овие играчи :)
 
Мичел, досегашниот играч од средината на валенсија, најверојатно ќе биде првото засилување за Депортиво во новата сезона. Останаа уште понеделничките медицински прегледи за да биде промовиран во нов играч на Ла Коруња. Типов има 21 година и немам многу слушнато за него , ама во Депортиво се продолжува со подмладувањето на екипата, и продолжување на зацртаниот проект. Тоа значи дека посале финансиските кризи, кои за жал сеуште го тресат клубот, Депортиво мора да ги продава најдобрите играчи но и во меѓувреме да произведува нови, но и ДА ОСТАНЕ ВО ПРИМЕРА!!!
Нашиот екс стратег, човекот со кој Депортиво има доживеано најголеми успеси, Хавиер Ирурета, изјавил дек Депортиво ги има едни од подобрите школи во Шпанија за последнава деценија. Скоро сите наши младински категории ги освоија своите првенства во областа галиција :)
Статистиката покажува дека во последните 19 години, Депортиво е четврти тим во Шпанија. Огромен успех за град како Ла Коруња кој брои само 250 000 жители :)
 
мн жално за еден клуб како стое депортиво со западна во ваква состојба :/ депортиво имаше состав кој се натпреваруваше во европа и стигна до полу фуналето на лига на шампиони 03 04 мислам дека беше сезоната од тогаш како да пропаднаја во некој лоша финансиска состојба покрај барса и тие ми се добар тим али тое
 
Ќе биде океј се, само да поминат финансиски кризните гоидини. Лека полека ќе ги оставаме зад нас, но за сето тоа време клубот мора да се одржи во првата лига. Ако Депортиво падне во Сегунда, ондак ќе нема никаков спас за клубот.
Инаку денес Мичел ги помина медицинските прегледи и вечер во 19 часот ќе биде преставен како првои засилување за Депортиво во новата сезона :vozbud::vozbud:
Вчера кадетите на Депортиво ја освоија шампионската титула во Галиција, а јуниорите во првиот четврт финален меч од Копа Дел Реј (како што разбрав ова е натпреварување во кое учествуваат шампионите од сите региони на Шпанија во јуниорска категорија), го совчладаа Атлетик Билбао со 1-0, и се на праг да го постигнат досега најголемиот успех. Маестрални резултати оваа година на младите категории. Во Галиција беа освоени скоро сите шампионати од петлиња до кадети (мислам дека само во едно од 7-8 категории бевме втори), со што се потврдува тезата на Ирурета дека Депортиво допрва ќе блесне со младите категории :vozbud:
 
И конечно беше преставено првото засилување на Депортиво.
look:21100,zoom:350x233

Мичел доаѓа на позајмица од Валенсија и можеби и ќе биде купен на крајот од сезоната. На презентацијата кажал дека ќе го остави срцето на терен за да ги одбрани достојно боите на Депортиво. Изјавил и дека големо влијание врз неговата одлука да се пресели во Ла Коруња имал и нашиот претседател Августо Цезар Лендоиро :)
Искрено од овој играч очекувам да ја пополни дупката на плејмејкерската позиција и заедно со Хуан Домингез да станат наследници на Валерон :vozbud::vozbud::vozbud: Искрено очекувам многу и од Хуан Домингез и од Мичел и нешто ми кажува дека следнава сезона е нивната сезона :)
Брајан Ангуло левиот бек кој минатата сезона ни беше позајмен од лешоеш, целосно го откупивме и потпиша три годишен договор, со што мислам дека е направен вистинскиот потег:vozbud: Но веројатно е дека ќе го загубиме Фелипе. Уште веднаш Атлетико Мадрид почна со понуди, но Лендоиро ги квалификува како смешни и дека не се вредни да бидат објавени во јавноста, а и самиот Фелипе не верувам дека би преминал во друга Шпанска екипа ако тоа не е Реал или Барселона :smir:
Инаку ја изгубивме тужбата за Лафита, и ќе инкасираме само 3,5 милиони евра, од кои за нас ќе идат 2 милиони а милион и пол ќе оди за отплата на некои долгови :tapp:
Вчера беше преставено и првото засилување на новопечениот третолигаш Фабрил (Депор Б), а тоа е 18-годишниот Сенегалец Жулиен Дилал Ндмомбо :) Се надевам дека еден ден ќе стане ѕвезда во првиот тим на Депортиво. А таквца надеж гаам и за некој од нашите кадети кои како што кажав уште вчера станаа шампиони на регионот на галиција :vozbud:
look:20971
 
Што е со страната на Депортиво???

Често се расипува т.е. често ја реновираат или врска немам што...
И форумот се заебува вака често, и скоро увек се бришат многу податоци а со тоа ми отишле сто акаунти :)
Послужи се со CanalDeportivo страната. Инаку Зе Кастро отпаднал од Португалската репрезентација во последен момент. Конечно се свестил Карлос Квеироз :pos: Ме чуди што врвните Португалски клубови се заинтересирани за него и даваат пристојна сума на пари, по што очекувам да биде продаден летово.
И како уште еден доказ дека имаме добри млади фудбалери е влезот на Хуан Домингез во последните 10 од изборот за најдобар млад играч во Шпанија (т.е. играч од 16 до 20 години кој произлегол од школата на клубот). Браво Домингез :)
 
Хуан Домингез го зема бронзениот медал за позицијата десно крило (од оние играчи кои се производ на тимовите), веднаш зад Парехо од гетафе и Баена од Еспањол. Одличен успех на нашиот играч кој многу напредуваше оваа сезона, и момент кој се надевам ќе му биде уште поголем мотив за иднината! Инаку, депортиво го закажа и четвртиот пријателски меч. После турнирот кој треба да се одржи во Швајцарија и во кој Депортиво во првото коло игра со Јанг Бој, а после во зависност од исходот ќе вкрстува со двиојката Твенте-Штутгарт, и после гостувањето на кај Германскиот Унион Берлин, Депортиво ќе патува кај Вест Хем во Лондон, на седми Август :)
 
Сепак Брајан Ангуло го напуштил Депортиво и сега е слободен играч. Инаку најверојатно во нашиот состав ќе се пресели Саул, и ако дојде ќе биде тринаесети играч по ред кој го зимаме без да платиме. Последен пат сме платиле за засилување во 2008 година :nesvest:
Тимот го напушти и Миста, а најверојатно договорот нема да му биде продолжен ниту на Серхио што сметам дека се два правилни потега. И понатаму Атлетико продолжува да го бара Фелипе. Сега понудле 9 милиони плус Камачо и Диего Коста. Камачо е 20 годишен средњак а Диего Коста 21-годишен напаѓач. Изненадувачки Депортиво изрази заинтересираност и за големите Карлос Вела и Џовани Дос Сантос (да се добијат барем на позајмици :)), како и за 20 годишниот Пачеко од Атлас, Мексико. Многу новости дур го немаше сајтот :)
Инаку петлињата станаа шампиони на Галиција со скор 16 0 0 и гол разлика 105-3 :)
 
Fascinantno. :aplauz:
Cestitki. Prosek po nad 6 gola po natprevar
 
Fascinantno. :aplauz:
Cestitki. Prosek po nad 6 gola po natprevar

Е да фасцинатно е, ама топа е само за Галицискиот регион, кај што и немаме некои поголеми противници :)
Мада и на ниво на Шпанија се доста солидни :)
 
Божеееееееееееееееееее не ми се верува :pop:
На праг сме да земеме (уште лекарските прегледи останале) 31 годишно лево крило, кој никогаш не играл погоре од третата Француска и втората португалска лига :nesvest:
Станува збор за Ивес Десмартес кој е 14 играч по ред кој го зимаме за без пари.... Ај може токму сега ќе стане ѕвезда :pos:
Погледот битно му е убиствен (H) :pos:
100px-Yvesdesmarets_cropped.jpg
 
И 99% веќе е сигурно дека Десмаретс (а не Десмартес како што го викав претходно:kesa:) е второто официјално засилување на Депортиво и плус едно кое е сеуште неофицијално (Саул кој е слободен играч откако му заврши договорот со Елче) а шансите да дојде кај нас се исто така накај 99%. Којзнае дали можам да го наречам играчов засилување, поради тоа што до својата 27-та година лутал по Француските нисколигаши и никогаш не заиграл за тим барем од втората Француска лига. Нема ни да кажам во кои тимови играл, затоа што освен два од нив (кои сум ги сретнал или по куповите на Франција или во кладилница) за другите прв пат слушам. Битно играл за Црвена Ѕвезда, ама не Српската туку Француската :pos:
Е тогаш заминал во Португалскиот второлигаш Виториа Гимараеш и за 3 сезони минати таму постигнал 10 гола.
Викаат дека оваа година за него биле заинтересирани Оксер, ПСЖ и Фулам но ете се одлучил да дојде кај нас. Типот ќе прави 31 година за некој месец, а освен на левата крилна позиција можеби да игра и како лев бек и како пивот. Ол раунд играч, кој е тотален анонимус, но што е најважно го добиваме за без пари. Не верувам дека ќе биде некоја значајна алка за следната сезона, но можеби вреди поради тоа што би зимал ниска плата, и би влегувал по потреба. Лошото е што зазима место на помладите....
Еве еден убав гол од него на кој налетав на јутуб.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom