Каков трагичар е овој Серхио тоа е нешто неверојатно. Им подарува чист гол на Сарагоса и веќе губиме со 0-1 на наш терен. Стрелец е играчот кој очајно го посакувам во дресот на Депортиво, Колунга

Инаку играме со крпен тин во кој шанса доибија многу играчи од Депортиво Б.
На гол е Аранзубиа, десно мануел Пабло, па Давид Рочела (играчот на Фабрил), Лопо и Раул лево (истотака играч на Фабрил). Во средината Родригез, Жука, Серхио и Перез, и во нападот Ласад и Рики

Колку да заврши првентсвото...
Уште еден пораз на вчерашниот меч

Депортиво-Сарагоса 0-1. Резултатот не го отсликува тоа што се случуваше на теренот. Депортиво беше подобрата екипа, и заслужи да победи и тоа убедливо. Сарагоса имаше само еден шут, и за несреќа Колунга стрелаше за 0-1. Младата одбрана со Раул и Рочела беше на ниво во целиот меч. Одново трагичар беше Серхио. Ако стартувавме со Антонио Томас, овој пораз сигурно ќе беше избегнат. Ама баксузот продолжи, Томас се повреди на загревањето, по што Ањон кој живее блиску до стадионот веднаш беше повикан за да биде на клупата

Една од посмешните ситуации кои сум ги прочитал во животов

И дури доби и шанса да заигра. Се повреди Рики, кој воедно беше најдобар поединец на теренот заедно со Жука, кој изненади со прикажаното. Во првиот дел имавме една сто процентна можност, но по нафрлувањето на Иван Перез, Родригез промаши за малку

Во вториот дел, Рики имаше неколку продори, но најчесто неговите удари завршуваа над голот. И тогаш како што спомнав по една шанса се повреди и влезе младиот Давид Ањон. При својот прв допир ја погоди пречката, откако гостинскиот голман со одлична парада ја чепна за таа да не влезе во гол :pop: Тоа беше еден одличен продор на Адријан и прекрасно нафрлување, но најголемата шанса сепак не ја валоризиравме. Имавме уште неколку полушанси, додека Сарагоса немаше ни шут кон гол. Не дека поразов менува нешто, али ќе беше одлична одмазда ако ја тепавме Сарагоса, за да ја вратиме во втора лига, бидејќи поради нив на неколку дена од почетокот на првенството ни го лапнаа единственото добро десно крило Лафита, по смешни судски одлуки :kesa: