Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

  • Креатор на темата Креатор на темата staki
  • Време на започнување Време на започнување
Интересно ми беше што Гути се радуваше како мало детенце кога Реал ги постигнаа головите-На човекот не му се веруваше дека се случува тоа што се случува,а да не праам муабет за Раул-тој сто посто си велел:" ЛЕЛЕ ГОСПОДЕ ВИСТИНА ЛИ Е ОВАА ШТО СЕ СЛУЧУВА ИЛИ ЈАС САМО СОНУВАМ???".Мала шала.Крај со Реал.Догодина почнува втора сезона од серијата "КОШМАРИТЕ НА РЕАЛ МАДРИД НА РИАЗОР".Следува дуелот со малага.Иако ги тепаа атлетко на гости во оваа коло,сепак сум оптимист дека ќе ги тепаме.Точен резултат 0:1 или 1:2.
 
Интересно ми беше што Гути се радуваше како мало детенце кога Реал ги постигнаа головите-На човекот не му се веруваше дека се случува тоа што се случува,а да не праам муабет за Раул-тој сто посто си велел:" ЛЕЛЕ ГОСПОДЕ ВИСТИНА ЛИ Е ОВАА ШТО СЕ СЛУЧУВА ИЛИ ЈАС САМО СОНУВАМ???".Мала шала.Крај со Реал.Догодина почнува втора сезона од серијата "КОШМАРИТЕ НА РЕАЛ МАДРИД НА РИАЗОР".Следува дуелот со малага.Иако ги тепаа атлетко на гости во оваа коло,сепак сум оптимист дека ќе ги тепаме.Точен резултат 0:1 или 1:2.
Moре мене ми е повеќе страв да не почне една нова традиција, без победа на Депортиво во дуелите со Реал на Риазор во следните 20 години:kesa:
Инаку сакав да пишам еден подугачок пост за причината поради го обожавам тимов. Познато е дека одсекогаш ме проивлекувале тимови, кои без помошта на парите се обидувале да постигнат нешто. Тимовите кои го имале ПОТРЕБНИОТ БУНТОВНИЧКИ ДУХ :) Депортиво не е тим со историја, ниту тим кој се издигнал благодарение на парите. Игрите на овие два тима иако имаат преголем број на фанови, никогаш не ме привлекувале. Едноставно тимови кои ги собрале сите најаки играчи и газат се пред себе. Тука нема ништо примамливо што би ме натерало да ги подржувам :) Но затоа се појави тим кој негуваше специфичен стил на игра, игра со фантастични контри кој лека полека почна да се пробива низ Шпанија. Скоро секогаш тоа било пропратено со баксузни повреди, како и 90-тата минута од последниот дуел во шампоионатот во 94 година, кога Џукиќ промаши пенал за титула, и барса ни ја лапна титулата поради подобра гол разлика. Конечно титулата беше освоена во 2001 година. Шампионатот го освои екипа без ниедна ѕвезда, нешто како сега титулата да ја освои Гетафе :) Нема да заборавам како изгледаше прославата на титулата. Играчите качени на пречките и заедно со RIAZOR BLUES ја прославуваат титулата. Со тоа дојдоа првите настапи низ Европа, и нокаут на многу НАЈДОБРИ европски екипи. Екипите со многу поголем буџет и голем број на ѕвезди. адна Баерн на два пати, и на нивни и на наш терен, паѓаше Јуве и на нашп и на нивни терен, екипата на Арсенал која сезоната 2003 газеше беше запрена од Депортиво со 0-2, а Депортиво победи и на Риазор, истото важи и за дуелите со Манчестер кога Макај си го играше Бартез како мало детенце. . Реал И Барслона не беа кадарни ниту да изиграат достоен меч со Депортиво кога мечевите се играа во ла Коруња, а многу често си заминувавме со три бода и од Ноу Камп. За жал тука беше Валенсија која ни ги собра скоро сите титули, и Депортиво не успеа да освои уште некое првенство. Затоа тука беа одличните игри во ЛШ. Скоро секоја сезона игравме во четврт финале, но никако да го поминеме. Најака екипа Депортиво имаше во сезоната 2002/03 кога испаднавме баксузно поради голот на Тудор во 93-тата минута, иако овј играч скоро и немаше постигнат гол за Јуве дотогаш:tapp: На Јуве му се реванширавме следната година со 1-0 и победа на деле Алпи со 0-1 и тоа со можеби најубавиот гол штои некогаш сум го видел на Валтер Пандијани. Следуваше четврт финале со Милан, и почетен пораз од 4-1. Никој не очекуваше дека Депортиво ќе оди даље, но се случи невозможното Во полуфиналето меч со Порто. На гости 0:0 но поради огромната глума на жалната сова Деко за реваншот моравме да останеме без поцрвенетиот Андраде. И тогаш нова глума на Деко, неправилно досуден пенал и победа од 0-1 на Порто :@:@:@ Од тогаш долговите не утепаа. Беше проименет цел тим. Си заминаа Мауро Силва, Фран, Виктор, Макај (уште претходната сезона), а потоа и Пандини, Луке, Тристан, Молина, Хектор, Ромеро, Кадевиља, Најбет по што од тогаш Депортиво крпи крај со крај. Со заминувањето на Хавиењр Ирурета од кормилото се смени и играта, Но сеуште сме тој бунтовнички тим желен да се изгидге далеку над своите можности ::) Немаме пари, немаме историја но сме тим со големо срце :)
hahahal.png

За со малага не очекувам многу. Бод ме задоволува. Конечен тип 0:0 ама има време до тогаш:helou:
 
Како што напоменав следен противник во остварувањето на целта (6-тото место) ни е Малага. Малага претходново коло го победи Атлетико Мадрид и тоа на "Висенте Калдерон", и тоа со 0-2. Еве ги последните десет дуела на теренот на противникот.
The visits to Malaga:

2008-09: MALAGA 1 - 1 DEPORTIVO
2005-06: MALAGA 1 - 1 DEPORTIVO
2004-05: MALAGA 1 - 1 DEPORTIVO
2003-04: MALAGA 1 - 1 DEPORTIVO
2002-03: MALAGA 0 - 2 DEPORTIVO
2001-02: MALAGA 1 - 1 DEPORTIVO
2000-01: MALAGA 1 - 3 DEPORTIVO
1999-00: MALAGA 1 - 0 DEPORTIVO

Интересно е што последните 10 меча завршиле со 1-1. Слично нешто очекувам и сега. Очекувам меч со 0-2 гола, и многу е веројатно дека ако некој прв поистигне гол, тој и ќе го добие овој меч. Не гаам некој голем оптимизам, но секогаш се надевам на три бода:pipi: Победа на овој меч ќе ни биде многу важна, а дали ќе ги совладаме Малага во многу ќе зависи и од тоа дали ќе настапи Рики. При крај со опоравувањата се и Миста, Ласад и Серхио, кои ќе ни бидат многу потребни за следните дуели. Инаку заврши и зимскиот преоден рок во Шпанија. Како по обичај не купивме ништо, најмногу заради ембаргото поради долгот од 360 000 евра кон мајорка. Во план беше да се купи некој лев бек, но откако во последен момент Валенсија одлучи да го позајми Дел Орно на Ваљадолид а не на нас, Лендоиро одлучил да се потпреме на младите играчи од Фабрил. Со среќа:pipi:
 
Интересно ми беше што Гути се радуваше како мало детенце кога Реал ги постигнаа головите-На човекот не му се веруваше дека се случува тоа што се случува,а да не праам муабет за Раул-тој сто посто си велел:" ЛЕЛЕ ГОСПОДЕ ВИСТИНА ЛИ Е ОВАА ШТО СЕ СЛУЧУВА ИЛИ ЈАС САМО СОНУВАМ???".Мала шала.Крај со Реал.Догодина почнува втора сезона од серијата "КОШМАРИТЕ НА РЕАЛ МАДРИД НА РИАЗОР".Следува дуелот со малага.Иако ги тепаа атлетко на гости во оваа коло,сепак сум оптимист дека ќе ги тепаме.Точен резултат 0:1 или 1:2.

:pos2::pos2:Посебно на третиот гол колку ми беше смешен. Клекнал на коленици и се радува како ЛШ да освоил. Со другариве се зезавме сеа си вика "Дали е можно дочекав и јас тука да победам":):)
 
Ах ќерата, се повредил и Пабло Алварез и може ќе го пропушти дуелот со Малага:duel:
Добрата вест е што Гвардадо може ќе го имаме веќе за две недели за дуелот со Еспањол:drk::drk:
 
Ситуацијата се менува од ден за ден. Докторите конечно заклучија дека ниеден од повредените играчи дури ни Пабло Алварез нема да се вратат за дуелот со Малага. Затоа за дуелот со Еспањол, Пабло Алварез се враќа 99%, а шансите да ги имаме Гвардадо, Миста и Серхио се 50-50. Огромна штета е спората рехабилитација на Ласад. Откако никој не е сигурен дали е спремен за нзад, решиле да го пратат на нови три неделни специјални прегледи во Франција :( Што значи дека сигурно ги пропушта дуелите со ;Малага, Еспањол и Ксерез. Добрата страна е што противникот игра без двајцата почетни централни дефанзивци, десниот бек, и напаѓачот Обина :)
Колку е мизерна финансиската состојба во Депор кажува самиот факт што не можеме да вратиме еден долг кон мајорка кој не кочи целосно од ебани 360 000 евра:kesa:
И за крај еве еден клип за потезите на Фелипе. Уживајте:tv:

http://www.deportivo-la-coruna.com/n-news.php?cid=2622
Еве и едно интервју со Москера капитенот на Кастиља кој е роден во Ла Коруња
 
Вчера Реал склушија дфоговор со каналес, за 5 милиони плус да им го позајмат за следните две сезони, или одма да го откупат но да им платат повеќе од 5 милиони. Тоа што на нас не интересира за 2 и пол милиони евра кои ќе ги добиеме од овој трансфер. Сосема сочлидна сум да се поништат долговите за Луке кон Мајорка, за Колото кон Атлас, и за Жаиро и начо Матадор (врска немам кои се овие двајца :))! Прашањето е дали ако Реал се реши да даде повеќе од тие првично договорени 5 милиони, дали ние ќе лапнеме 50% од тој бионус :)
Сега следат очајно лошите вести. Најверојатно во следната сезона ќе останеме без Фелипе, Гвардадо и Валерон. Лендоиро едноставмно мора да продаде некој од нашите ѕвезди поради долговите. За Фелипе беше многу очекувано да премине во Реал на крајот од сезонава за околу 15 милиони, но по повредата ништо не се знае. Жалосно е шпто скоро сигурно остануваме без Гвардадо :(:(:(:(:( И тоа најверојатно ќе замине во нашиот голем ривал Валенсија:tapp::tapp: И тоа најверојатно за само 10 милини, што би било погубно за нас, бидејќи ако веќе го продаваме овој играч треба да бараме најамаалку 13-14 милинои:tv: И за крај, поради тоа што за идна сезона ќе имаме состав кој реално ќе се бори за опстанок, најверојатно ќе останеме и без Лотина:nesum: Така да ако спечалиме нешто, ако влеземе во Европа оваа сезона ќе биде добредојдено :):):)
Затоа мора да се соберат бодови утре :)
Најавениот состав на Депор е
Аранзубиа
Пабло Лопо Колото Лауре
Жука Томас
Родригез Валерон Адријан
Рики​
 
Katastrofa e Pablo Alvarez.Go izgubil kompasot tipot.Ne e roden da bide fudbaler.Pa tolku bez mozok da si jas ne znam.Si dobi zolt,onesvesti protivnicki igrac i sudijata mu progleda niz prsti, i namesto da se smiri toj uste glumi penal...epa stvarno neznam.
 
Одново ужасно прво полувреме. Почетната постава
Аранзубиа
Пабло Лопо Колото Лауре
Жука Томас
Родригез Адријан Алварез
Бодипо​
одигра и повеќе од очајно. Еден единствен шут на Родригез кој е единствениот што изигра нешто, и еднаш домаќините ја вадеа топката од гол линијата откако од никаква акција ќе си дадеа автогол :). На спротивната страна Аранзубиа спасуваше два пати. Сепак за нас поволни 0:0. Но работата е што имаме играч помалку и тоа пабло Алварез, кој доби два жолти картони за 7 минути. Најпрвин при слободен удар домаќ
ините го погодија во рака, и доби жолт и потоа идотскиот судија му додели жолт за глума, иако имаше контакт за пенал, а Алварез не ни побара пенал, туку си падна нормално затоа што беше сопнат, и така си станува да си продолжи по што судијата ја прекинува играта и му дава црвен:tapp::tapp: Жолти имаат и Мануел Пабло, Томас и Родригез. Господ нека ни е на помош во вториот дел:tapp:

Katastrofa e Pablo Alvarez.Go izgubil kompasot tipot.Ne e roden da bide fudbaler.Pa tolku bez mozok da si jas ne znam.Si dobi zolt,onesvesti protivnicki igrac i sudijata mu progleda niz prsti, i namesto da se smiri toj uste glumi penal...epa stvarno neznam.

Не се сложувам баш :) Прво му прогледаа низ прсти а потоа судијата не досуди ЧИСТ ПЕНАЛ!!! Инаку во вториов дел почнавме малку подобро, со шанса на Лопо а и Бодипо беше прекраток во една ситуација. Но и Малага напаѓа.

Конечно 0:0. Задоволен сум со бодов од ова гостување, но тоа што ме загрижува е лошата игра на нашиот тим:tapp: За нијанса бевме подобри од мечот со Реал, но повтроно не изигравме ништо. Нападите на домаќините не беа запирани на време, и на крај мораше да спасува Аранзубиа кој е нашиот најдобар играч на овој меч и му давам чиста десетка. Единствен кој покажа нешто беше Хуан Родригез, а Иван Перез кој влезе во второ полувреме истотака изигра одлично. Со влегувањето на Рики при крајоит одма се виде разлика во нападот. Едноставно Бодипо е невиден камен, па откако влезе Рики имаше неколку продори но немаше кој да го даде завршниот удар:tapp:
Се насе задоволителен бод, кој не остава во игра за шестото место:smir:
 
Очајна станува финансиската состојба на депортиво, и најверојатно играчите зимаат само по 12 000 евра месечно, а остатокот Лендоиро ќе им го исплател на крајот од сеозоната:kesa: Доаѓа и време кога треба да се обновуваат договорите на некои играчи. Па така во 2010, т.е. на крајот од сезонава договорите им истекуваат на Валерон, Серхио, Писку, Жаиро и позајмицата на Ангуло. Преговорите се почнати само со Серхио, а многу веројатно е дека ќе ги изгубиме и двајцата ветерани (Серхио и Валерон). Писку не добивца многу шанса во Депор па затоа е блиску до потпишување на договор со Спортинг Хихон. А договорот на Жаиро нема да се продолжи, како и на Рубен Кастро кој е одамна на позајмица низ другиве клубови. Лендоиро ветил дека ќе се обиде да ја продолжи позајмицата на Ангуло но и тоа е под знак прашалник. Играчите на кои договорите им истекуваат во јули 2011 се: Аранзубиа, ману, Лопо, Колото, Родригез, Адријан, Бодипо, Рики, Мануел Пабло и Миста. Ситуацијата е загрижувачка бидејќи со вакви финансии ќе ни ги лапнат сите играчи. Затиа многу е извесно дека уште летово ќе бидат продадени појаките од овие како Лопо, Рики, Аранзибиа. А тимот ќе се ослободи најверојатно и од Бодипо и Миста. Така да незнам што ќе ни остане за следната сезона бидејќи на праг на трансфер ќе бидат и Фелипе и Гвардадо:kesa:
 
АМАН ВЕЌЕ
Таман се санираа некои повреди, и таман требаше да се врати Серхио, за жал заработил нова повреда од 6-8 недели:tapp::tapp::tapp:
За мечот со Еспаљол, Лотина најверојатно ќе го одмата Гвардадо, а во составот се врати и Миста. Се очекува од старт да почне и Рики, па најверојатно со формацијата
Аранзубиа
Пабло Лопо Колото Лауре
Жука Томас
Родригез Адријан Перез
Рики
ќе атакуваме на трите бода против следниот противник.
Преку курац од очајнава формација, што не си игра без Жука и Томас како DM, туку да ги акне Томас понапред плус Валерон и да играме најнормална 4-4-1-1 формација:duel:
 
Гвардадо негираше дека се стреми да замине од Депортиво, ама знаеме како иде тоа, сите велат не не, и на почетокот од идната сезона Депортивои останува без сите поважни играчи:tapp: Можната почетна линија за денес е повторно очајна со Бодипо во нападот, кој има постигнато дури 0 голови во примера оваа година. Се надевам барем дека ќе влезе Рики во вториот дел заедно со Гвардадо. Затоа мој тип за денес полувреме 0-0, крај 0-1:pipi:

И повтроно лошо, лошо, лошо ...
За разлика од другите мечеви каде што успевавме да ја зачуваме мрежата во првиот дел, денеска тоа не се случи. На полувреме Еспањол-Депортиво 1-0 и тоа со голот на нашиот екс капитен Верду. како можеше овој дрво од играч да ни даде гол:tapp::tapp: Инаку израмнет прв дел, со ниедна шанса на двете страни:), освен акцијата по која падна голот. Одличен пробив на Пареха покрај лауре, ја додаде на кратко вои петерецот на Аранзубиа каде што Верду непречен од 4-те гледачиу во црни дресови ја затресе мрежата. Пак почнавме со очајната тактика 4-2-3-1-1:tapp::tapp: со Бодипо напред, и исто како што беше најавено. Нема топки за Бодипо, само ебени нафрлувања од страна, кои лесно се расчистуваат од страна на домаќините. Се надевам Рики и Гвардадо па и валерон ќе влезат уште на стратот од вториот дел, па ќе тргнеме малку пооптимистички. Со ваква игра далеку е европа, а комотно можам да кажам дека ќе паѓаме дури до зоната за испаѓање:smir:

EDIT: Директен црвен за Томас (немаше врска картонот) и за среќа поништен регуларен гол за еспањол. Може ли да биде полошо:toe: Еве го Гвардадо место Адриан, незнам зашто се чува уште Бодипо, кога го имаме Рики на клупа:pusk:

2:0 убаво голче, на спротивната страна Гвардадо со одличен поас до Бодипо овој сам пред гол, и промашува. Бодипо те моолам пензионирај се:tapp::tapp:

Нема што да додадам на крајот. Загубивме со 2-0, но за среќа Гетафе изигра само 2-2 со Алмерија:tapp: Не ме загрижува тоа што губиме ко пацари, али играта но пред се духот кој го покажуваат играчите е очаен. Немаме шанси немаме акции, се е подредено на Аранзубиа и на одбраната која е многу спора и не стигнува навреме да маркира. Со влегувањето на Гвардадо одма се забележа разлика иако имавме играч помалку. Се надевам со неговото враќање на мечот со Ксерез на домашен терен во идното коло, и со 90 мин на Рики, ќе се сменат некои работи, вака.... не ни бега зоната за опастанок:helou:
За Бодипо, немам зборови, што побрзо го напушти Депортиво, толку подобро за тимот:smir:
 
Братче си водиш ти монолог а?
Се надевам дека ке се извлече депортиво од кризата
Поздрав:smir:
 
Братче си водиш ти монолог а?
Се надевам дека ке се извлече депортиво од кризата
Поздрав:smir:

Има уште неколку фанови, ама се поретко се уклучуваат, ама и монолог не ми пречи веќе:pos2: Му доаѓа ко блог, па кој сака нека си чита, ако има да додаде нешто нека додава, ако не чао пријатно :)
И јас се надевам ќе се извлечеме од кризата, али повредите не укопаа:jaj:
 
Фала што ја опиша накратко утакмицата,јас дури сега се уклучувам на нет по дводневна пауза.Значи ништо ново у тешка криза сме нека си ибе мајката.За Бодипо ништо ново-него и гол од 12 метри ќе му биде мал.Ај после да видам на youtube шо како се дешавало мада не ми се гледа којзнае колку пошто можам да си замислам како се изгледало.Другото коло мораме на победа.Победа или победа.трето нема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom