Кварезма: Ќе ги покажам своите квалитети во Челзи Рикардо Кварезма изјави дека е среќен што ќе има можност да игра во тим каков што е Челзи.
Кварезма до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен фудбалер од Интер во Челзи. Денеска тој го имаше првото интервју како ново засилување на Сините.
"Многу сум среќен во Челзи. Најдобарата работа за секој фудбалер е да игра во големи клубови и јас имав многу среќа да отидам во Интер, сега сум многу благодарен на Сколари и сите кои беа вклучени во овој договор" - изјави Кварезма за Chelsea TV.
"Сега сакам да играм најдобро и да му помогнам на Челзи да ги реализира своите цели бидејќи се што сакам е да го покажам мојот квалитет".
Во Челзи веќе има пет фудбалер од Португалија, па Кварезма ќе нема многу проблеми да се адаптира на средината.
"Секогаш е убаво кога имате луѓе кои можат да ви помогнат кога доаѓате во нов клуб".
"Челзи е одличен клуб со многу квалитетни фудбалер и јас сум горд што ќе имам множност да се преставам во вака голем клуб".
"Сигурен сум дека ќе ми биде полесно бидејќи тука се моите колеги од Португалија".
Кварезма беше запрашан да даде споредба помеѓу Премиер лигата и Серија А.
"Се зависи од тимот и од вашата среќа. Јас секогаш се трудам да го дадам најдоброто за тимот за кој настапувам".
"Во Интер немав многу можности да ги покажам квалитетите но верувам и двете лиги се одлични и се што сакам е да го покажам мојот квалитет тука" - изјави Кварезма.