Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата dajdo
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Кога Челси има рано водство од два или три гола,секогаш така и завршува натпреварот..Иначе за овој Орландо првпат слушам,ако најдете некои негови клипчиња постирајте.
 
Сега малку прочепкав, работата со Орландо Са е по се изгледа, сериозна.

Еве што вели сајтот на Португалската национална телевизија (RTP):
Играчот на Спортинг Брага со дозвола на клубот се наоѓа во Лондон, и тренира со резерниот тим на Челзи.
20-годишниот Орландо Са не остана незапазен од големите Англиски клубови. По феноменалната претстава за младата репрезентација на Португалија против младата селекција на Шпанија и добивањето се почесто шанса во првиот тим на Брага, младиот шпиц сега има можност да тренира со резервниот тим на Челзи.
Антонио Салвадор, претседателот на Брага, вели: Престојот на Орландо Са во Англија е дозволен и според сите прописи. Имате слушнато за разговорите со неговите агенти за ситуацијава.
http://ww1.rtp.pt/desporto/index.ph...e=173673&visual=5&tm=1&Top=17Futebol+Nacional

s_64535_2008_1.jpg


Значи, играчов е на проба во Челзи и ако задоволи со игрите, останува. Ко Паим, кој патем буквално го снема. :toe:
 
Честитики за победата. Сега го видов голот на Деко :cuc::cuc::cuc:. Ништо повеќе.:smir:
 
И јас малку закаснето да ви честитам, уште не можам да се соземам од ракометот вчера.
Честито, одлично одигравте.
 
8 - 0 - 0 гости оваа сезона

Сколари е император .. ја зголемува империјата секоја втора недела
 
Благодарност до сите за честитките.

Кога веќе зборуваме за шпиц-играч, мене искрено ме импресионира и еден играч од француското првенство, од ПСЖ. Станува збор за 24-годишниот Гилем Оро. Изминативе две години покажува одлични партии во француското првенство, а некое време пред тоа и во втората лига. Пред се, константен е во играта. Висок е 1,91 см, корпулентен шпиц. Сезонава, во 17 натпревари за ПСЖ има постигнато 10 гола, а минатата кога играл за Л`Авр во 38 натпревари постигнал 28 погодоци. Како помлад исто така постигнувал по десетина погодоци во втората лига.

Не знам дали треба да се ангажира тој одма, ама во секој случај е играч кој мислам дека треба да биде следен од страна на Челзи.
 
за челси само јакубу и санта круз за мене идеалнни за падат .
 
Јакубу е добар, ама од Евертон не си ој (има долг договор) + моментално е повреден (и то не за кратко мислам).
Санта Круз ќе биде еднаков на „засилувањето“ од лани, Пизаро.
 
да дорбо мислење за санта круз но јакубу е екстра и најмногу го сакам за во челсеа но тоа што е повреден тоа е друга приказна море само за лето да го чекат
 
Фантомикс, не се согласувам за Оро. Оро е налик на Крауч, само што знае да работи и со нозете за разлика од ветрушкава англиска. Сепак, не е трајно и ефикасно решение за шпиц во тим како Челзи. Едноставно не е доволно добар за да биде трајно решение.

За Јакубу и Санта Круз - Јакубу скоро сигурно е дека ќе си остане во Евертон до крајот на договорот, а ако се реши Абрамович да фрли некоја пара, може Санта Круз да се донесе, на три-четири години. Нема врска дека ќе биде како Пизаро, пошо Пизаро дојде во Англија од друга лига и не се снајде, а Санта Круз е веќе адаптиран на играта и климата, а и е добро решение на неколку години.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom