Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата dajdo
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Што ке биде попрво хет-трик на Анелка или петарда на Челзи? БРАВООО за АНЕЛКАААА!!!! ГОЛ број 12. Оваа сезона растура!
 
ВБА - Челзи 0-3

Босингва 0-1

Анелка 0-2

Анелка 0-3


И останатите голови ќе ги постирам. Се разбира, доколку се постигнат. Честито до сега. :)

П.С. да не се мачи Фантом да коментира барем за головите.
 
Полувреме WBA 0-3 Chelsea.

Прекрасна игра, е ова е веќе нешто што ми се допаѓа! Перфектни додавања, мал број на грешки и креативна игра која носи многу голови. Босингва и во одбраната и во крилните задачи беше исполнителен, плус постигна и гол, за првото полувреме му давам оценка 10/10. Тери некако нервозно и несигурно делуваше, а Иванович ме воодушеви со стабилноста и разумноста во одбраната... Ќе биде добар во тандем со било кој од тројцава: Тери, Алекс и Карваљо. Деко имаше неколку блескави моменти но и најмногу погрешни додавања, а Лампард игра во најдобра форма и е покреативен од кога било. Калу некако како подзаборавен беше при крајот, изгуби концентрација ли, не знам шо беше... Микел беше доста стабилен, добро се градеше и добро проигра при развивањето на контра и при спречувањето напади на ВБА. Малуда исто како да не беше на терен, од мене добива најниска оценка од сите за првото полувреме, 2/10. Бриџ имаше неколку киксови, ама со оглед на тоа што ретко игра и не е во форма, простено му е. Анелка игра во животна форма, докажа дека игра со памет, а не со сила, постигна два гола, а и двата беа дело на памет и техника, а не на сила... Првата поткопана, втората пласирана на десетина сантиметри до дирекот... Сепак, најубав гол за првото полувреме е оној на Босингва.

Ајде, за 3 минути почнува второто, уште два гола и таман сме. :vozbud:

П.С. Фала зикс, ама мене ми е задоволство да коментирам за головите, не ми е мачење. :back:
 
Инаку, Босингва знаел и да „мавни“ убо, и тоа со лева. Анелка покажува одлично чувство за гол, дури и ме изненадува колку умешно го прај то.
За одбраната, Алекс е подобар од Иванович индивидуално но очигледно двојката Тери - Иванович функционира подобро од двојката Тери - Алекс. Од Бриџ ми се смачи, нема зошто да го напаѓам не згрешил ништо, ама со Ешли не се споредува. Кудичини, фала богу, не дојде во ситуација да покаже што знае (и не знае). Накратко, толку.

За второ, Дрогба очекувам да заигра (дур не е суспедиран). Балак си велам ќе заигра исто, како и конечно еднаш и Синклер. :tv:
 
Супер игра прво полувреме,брзи и точни додавања..одлично.Сеа очекуам уште еден хет-трик на Анелка,па после да влезе Дрогба па да им мавне уште некој гол.
 
Иначе во отсуство на Ди Санто на клупата (малце повреден ни е) очекувам Синклер да влезит на местото на Малуда или Калу, најверојатно првиот.
 
ДА ДА ДА ДА, ова е игра со по 3-4 гола. И порано бевме добри, ама се тепавме со по 1 или најмногу 2 разлика...
Viva la Chelsea..::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Ајдее чекам хет-трик од Анелка :tv:
Само да не го извадат од игра

Едит: Туу го извадија во моментот кога постирав малер сум :tapp:
 
Дрогба ин, Анелка аут. „Соколот“ испратен со овации од армијата на сините на стадионот на ВБА. Ајде сега еден гол за Дрогба за враќање на самодовербата. :vozbud:
 
Ијјјј ... Анелка ме закопа прво полувреме во 45 минута. Второ поголемо ја имав.
Сега Челзи не е заинтересиран многу за голови давање. Си ги шеваат како мали деца:tv: За класа се подобри.


Бтв: Честито победа :smir:
 
Ај нека ни е честита победата и да ни се множат.
Има некој информација кои биле другите две замени на Челзи, освен што влезе Дрогба?
 
Крај WBA 0-3 Chelsea

Веројатно повлечената и незаинтересирана за гол игра се должи на Сколари, кој по солидната предност логично би било да ги посоветува играчите да не даваат се од себе и да избегнуваат остри стартови, стравувајќи од уште повреди. 3-0 е сосем доволно, задоволен сум од играта, освен на Малуда кој денеска само држеше место на теренот. Во второто полувреме и Босингва имаше неколку киксови, што створи шанси за ВБА, но без последици. Дрогба гореше од желба за погодок, ама е далеку од врвната форма и ќе почека на некој од наредните натпревари за гол. Лампард и Деко се совршени плејмејкери за играта што ја постави Сколари, Микел е постабилен и како човек и како играч во последно време, Иванович докажа дека е достојна замена за било кој од централните стопери и очекувам да добие поголема минутажа во иднина. Не заигра Синклер за жал, по се изгледа не смета многу Сколари на него, подобро од јануари до јуни да оди на позајмица...

Се’ на се’, одличен меч со 3 гола за 3 бода и враќање на првото место со позитива од 28 гола. :nesvest:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom