И така и 2007 замина...
Годинава за Челзи не беше баш сјајна, но не и разочарувачка...
Големи внатрешни потреси во клубот, со заминувањето на Мурињо, доста проблеми со повредени играчи, особено страшната повреда на Чех на почетокот на 2007...
Место Хозе, ни дојде Аврам. Иако резултатите се добри, ја мислам дека Аврам не е то шо треба да биди, само тука е Хенк Тен Кате, извонреден тренерски стручњак, а Аврам само ги води административните работи.
Тоа е за 2007...
Во новата 2008 влегуваме со следнава ситуација:
За играчите, шо да кажам, пак доста повредени и казнети...
Повредени се Чех, Кудичини, Тери, Макелеле, Лампард, Малуда, Дрогба...
А казнети се Карваљо и Е. Кол.
За среќа, Шевченко почна малку да ги оправдува милионите платени за него, ама не е тоа шо треба да биди. Позитивно е и шо Балак конечно се опорави, па може да го замени Лампард.
Друго многу битно е шо крајот на јануари и почетокот на февруари, тројца важни играчи за тимот, Дрогба (Б. на слонова коска), Оби Микел (Нигерија) и Есиен (Гана), ќе играат на КАН во Гана, и нема да можат да му помогнат на Челзи.
Затоа, изгледа дека во преодниот рок, газда Абрам пак че го одврезе ќесето за нови играчи.
Тоа е тоа...
Не е се најсјајно, ама Челзи е голем тим, и ќе знае да се справи со сите проблеми. Со повеќе среќа и успех во новата 2008, и да се надеваме дека во мај ќе се радуваме во Москва!:chelsea 2:
GO BLUES!!!!!!!:chelsea 3: