Добро прво полувреме, барем подобро од тоа со Ливерпул во ЛШ.
Малуда беше број еден на теренот од наша страна, голот не го рачунам овде, ама човекот истрча колку шо немаше истрчано месец дена. Есиен се трудеше исто и се враќаше скроз назад во последна линија, а многу ми е мило шо тандемот Анелка-Дрогба добро функционира, не се плеткаат, добро додаваат, имавме и статива, ама ете, не било судено гол да е.
Бане малце блед ми беше, при двајца слободни пробуваше да издрибла сам, а дефанзивец е по вокација, кај одеше со дриблинзи не знам. Во второ да се стегне малце одбраната, и прва измена да е Хиларио на местото на Чех. Реков и порано, подобро послаб голман во форма, него појак во криза.