Викендов можи да е и пресуден за титулата во Премиер Лига, ама јас се осврнувам на финалето во Москва. Тоа за мене е многу поважно. За почеток, еден рефрен од познатата навивачка песна за Челзи. Во приликава, малку ќе го поправиме:
Blue flag:
Flying high, up in the sky,
We'll keep the blue flag flying high
From Stamford Bridge to
Luzhniki
We'll keep the blue flag flying high!!!
:chelsea 2::chelsea 2::chelsea 2::chelsea 2::chelsea 2::chelsea 2::chelsea 2::chelsea 4:
Финалето е на 21 мај, од 20:45, пренос на МТВ, ХТВ2 итн, итн...
Во Москва на Лужники ќе се сретнат двата најдобри тима во ЛШ сезонава, коишто стигнаа до самата завршница: Манчестер Јунајтед и Челзи. Истите тимови се и во борба за титулата во Премиер Лига, што ја покажува моќта на англиските клубови, пред се овозможена од страна на моќните газди (Роман Абрамович и Малком Глејзер во случајов.)
Манчестер го има играчот кој е во неверојатна форма годинава, Кристијано Роналдо, кој е предводник на тимот. И Манчестер не ја започна сезонта најсјано, со неколку неочекувани резултати во Премиер Лига, но потоасе врати во форма и почна да бележи одлични резултати.
Челзи лошо стартуваше, а кулминација беше отпуштањето на „special one“ Хозе Мурињо, тренерската легенда на сините, кој во трите сезони на чело на сините освои шест трофеи (2 пати Премиер Лига; 2 пати Лига Куп и по еднаш ФА Куп и Супер Куп (Кумјунити Шилд)) и двапати стигна до полуфинале на ЛШ. Тоа беше голем удар за некои фудбалери, ососбено тоа го покажува(ше) Дидие Дрогба. Мурињо беше заменет од Аврам Грант, не толку познато име на европската фудбалска сцена. Веднаш за него од сите страни пристигнаа критики. Стартуваше со пораз од Манчестер, но понатаму имаше само еден пораз од Арсенал во гости. Одлични резултати за Израелецот.На почетокот и ја го напаѓав, ама и реков ако Челзи влези во финале на ЛШ, Аврам го признавам како најдобро можно решение за менаџер на сините. Човекот успеа во тоа, тивко и од позадина. Како што рече, Џон Оби мислам беше, Челзи е „тивок убиец“.
Сепак, тешко ќе е. Финале на најелитното натпреварување во Европа. До 21 има уште 2 и пол недели, па не се знае како ќе бидат составите дотогаш и во каква форма ќе бидат играчите на двата тима. Затоа ќе речам навивачки, да ја завршиме работата во Москва!!!:chelsea 2:
Малку и за стадионот:
Во летото 2007, беше објавено дека Лужники ќе биде домаќин на финалето на ЛШ 2008. Стадионот е со 5 ѕвезди според стандардите на УЕФА. Вкупно може да собере 85000 луѓе. (заради коментатоски позиции и од безбедносни причини, бројот на гледачи за финалето ќе биде помал.) На овој стадион домаќини се Торпедо и Спартак, а од сезонава го користи и ЦСКА. Бил и домаќин на ЛОИ во Москва 1980. Изграден е во 50-тите години на минатиот век, а последно е реновиран во периодот 1997-1999, кога ог добива денешнито облик.
Се на се, одличен стадион, феноменални екипи, финале на ЛШ!!!
Тоа е се што треба за одличен натпревар.
па нека победи подобриот, т.е. ЧЕЛЗИ!!!:chelsea::chelsea 2::chelsea 3::chelsea 2::chelsea: