Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување


Деновиве ќе има преговори и за Де Лихт, а Ди Марцио вика дека може посериозно да пробаат и за Шкриниар.

Не ми се целосно по мерак сите играчи со кои сериозно не поврзуваат, ама ако успее брзо да ги договара, ќе биде позитивна промена.
 
Сите играчи со кои не поврзуваат се подобри од оние кои ги имаме на тие позиции.
Останатото е неважно.

Мене по мерак ми беа Зијеш и Вернер, кога веќе зборуваме. Арно ама...
 
Сите играчи со кои не поврзуваат се подобри од оние кои ги имаме на тие позиции.
Останатото е неважно.

Мене по мерак ми беа Зијеш и Вернер, кога веќе зборуваме. Арно ама...
Нормално тоа, сигурно нема полоши да зимаат :D
Најважно е колку не подобруваат. Дали не подобруваат за 19 бодови.
 
Нормално тоа, сигурно нема полоши да зимаат :D
Најважно е колку не подобруваат. Дали не подобруваат за 19 бодови.

Па, ако ја минимизираме работава, да. Е сега и сам знаеш какви и кои фактори влијаат/влијаеа за тие 19 бодови.

Мене најважно ми е дека Тухел со промениве станува менаџер и сите имиња со кои не поврзуваат можеш лесно да ги поврзеш со неговиот стил на игра.
Неколку трансфер периоди, да си направи тим по мерка (како Пеп и Клоп) и после ќе видиме каде ќе не носи патот.
 


Стерлинг и Рафиња е веќе нешто, ако се случи.
 
Возбудата расте. :icon_lol:


Дембеле, да, како што реков. Но само ако е дополнителен трансфер и нели, поради тоа што нема да чини ништо.
А ако го тргнеме финансискиот дел настрана, Рафиња > Дембеле, секој ден.
Првиов барем игра фудбал. Директен е, има искуство во лига, најубави години.

Стерлинг и Рафиња по страна, pace 9999. Суштинска спротивност на она што сме го имале во последниве години.
Ако успее Боели за 100 милиони максимум, да ги спакува двајцата, секоја чест.
 
Работење на повеќе трансфери во исто време :vozbud:
 


Некој ми ги слушнал молитвите :X3:
Одма би го земал Кулибали пред Де Лихт и би го оставил Колвил.

На Рафиња и Кулибали го додаваш Рајс и се е супер.
 
Изгледа не му се игра вингбек на Рафиња.
 
Само Ромеро има објавено, човек од клубот.

Доколку е точно, тогаш слободно. Кој не сака да игра во Челзи, независно дали е веќе.наш играч или потенцијално наш, не треба да игра во Челзи.
Толку.

Ќе биде штета, но ајде да видиме. Рафиња во последниве 24 часа беше фудбалер на Лидс, Арсенал, Челзи и Барселона.
Циникот во мене си вели нека оди во Барселона, да им истурам една кофа фекалии на т.н. еминентни новинари, а не мислам на Романо.
Ништо не знаат и останува старото - додека не го видам некого со дресот, ништо.
 
Месец и неколку дена до стартот на новата сезона. Им се симна теретот Лукаку и демек требаше поконкретно да делуваат на пазарот. Засега освен медиумски прогнози, не само што немаме потпишано ниту еден играч, туку не верувам дека сме и блиску вистински до некој.

Не е време за паника, но време е да се забрзаат ептен работите. Бидејќи потребен ќе е и период за адаптација, период да увиди Тухел со што располага и каде тоа води. Утре ако не се лажам започнува предсезната. Освен Лукаку, се немаме ослободено од дедвудот, а нели, немаме доведено никого.

Се плашам дека постои можност Боели да биде испален поради наивниот пристап во преговорите и потоа панично да се пуштиме во лов на све и свашта.
 
И понатака сметам дека требаше да ги смени Марина и компанија откако ке почне сезонава, откако сите трансфери ке ви ги комплетираа, не вака.

Ајде, има уште време, ке видиме како ке се покажат околу трансферите до почеток на сезона.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom