Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Стерлинг е подобар од сите наши напаѓачи, тоа е единствената вистина.
Дајва за дајвање, ни прв, ни последен.
И да, Стерлинг > Дембеле. Дембеле не е сериозен фудбалер во споредба со него, затоа што прво не игра, второ не си на чисто.

Желбата да се доведе (и мојата) Дембеле е во однос на тоа што може потенцијално да се добие, односно дали Тухел ќе го врати Дембеле од Дортмунд. И предизвикувачки е тоа што за услугите на Барселона нема денар да му се даде.

Во нападот со Стерлинг/Ричарлисон/Рафиња, двајца од нив, тројца знам е невозможно, јас сум задоволен. Ефективност од овие нема да добиеме, но ќе добиеме непрестан пресинг, многу движења и рокади, брзина во последната третина од теренот. Ужасно ни недостастува тоа, затоа сме и толку предвидливи.

Два-тројца дефанзивци (двајца стопери и барем една замена за Џејмс/Чилвел) и надежно еден нов средњак, би значело одличен трансфер период. Не е невозможно бидејќи многу играчи си отидоа и ќе си одат. Доколку ова се случи, дополнително со освежувања како Мајкл Едвардс во управа, Боели и пријателите за два месеци би завршиле ѓаволски тешка работа и би испратиле силна порака.

Мислам, има назнаки и сега. Клоцата за Лукаку и те како покажува дека клубот стои зад тренерот, во блиска иднина и менаџерот Тухел.
 
Јас искрено се надевам дека Тухел знае што сака бидејќи има поддршка од клубот и ќе ги добие играчите што ги сака.
Во исто време, ова ќе ни се дешава наредните години, така да спремете се уште сега:
Едит: Ама од таа страна ќе биде Џејмс, така да не знам дали ќе смее да солира, може и Џејмс да му вклиза и да ја земе.
 
На сите играчи ќе им смениме позиција ако треба, формацијата не ја даваме :ROFLMAO:
 
Rabiot бил блиску до потишување со Челзи. Аман од овакви испрдоци.
Наредната година ќе се смееме со Рабиот, Стерлинг како напаѓач, Дембеле како лево крило и Рафиња како вингбек.
 
Тоа италијанските медиуми се обидуваат да протнат, нема Рабио да дојде во Челзи.

Исто како што нема и Рафиња да игра вингбек. Орнстајн може да знае дали некој се интересира за него, нема шанси да знае за каква позиција го планира Тухел.

Се засилија за него гласините, за цена до 50 милиони евра - за. Добар играч, ја знае лигата, САКА И ЗНАЕ ДА ШУТНЕ, најважно. Само сепак мислам дека Стерлинг и Дембеле за беспари ќе бидат опциите, а со тие пари ќе сакаат да го земат Ричарлисон.
 
Стерлинг не е за без пари. Од каде ти излезе таа идеја?
 
Ич не ми е сигурен Де Лихт, а и премногу ми делува ова.
 
Проблемот со Де Лихт е што самите фанови создадоа претерани очекувања, дека 19-годишник ќе може да држи сам цела одбрана во топ тим како Јувентус.

Проблемот е што зборуваме за негова стагнација, затоа што тој на 19 години играше како за 32 години и 25 трофеи позади себе. Еден зенит постигнат многу, многу рано. Не е реално пропорционално да му расте кариерата, тогаш би бил најдобар дефанзивец на сите времиња.

Дојде во Јувентус, чуден тим во моментот со многу недефинирани работи, ростер, тренери. Не се снајде којзнае како, но не беше ниту лош. А околностите ич не му одеа во прилог.
Кај Де Лихт се препознава потенцијал, дечкото има само 23 години и знаеш дека може да експлодира.

Мене единствено ме плаши цената и тоа што Челзи за возврат би го понудил (не сакам сепак Вернер да си оди), а и неговата мекост ала Кристенсен. Во Премиер Лига би кенкал многу, би се повредувал можеби.
 
Томори и Гуехи ги изгубија за џабе, а и на страна финансискиот аспект, сега се играчи кои добро би дошле во тимот. Не смеат да го повторат истото со Колвил...
 
И Чех си заминува од функцијата. Штета, но веројатно од корен ќе се менуваат работите и тоа е донекаде добро.

20220627_095025.jpg

Ќе истури периодов, така мислам. Не фаќа нервоза бидејќи нема трансфери, ама штом се заврши Лукаку ќе почне да врне. Нема шанси да не остават на цедило.
 
Ептен се надевав дека ќе остане Чех затоа што неговата функција не претставуваше пречка при поставувањето на нови луѓе, мислам дека само ќе помогнеше. Ќе работеше блиску со новиот спортски директор, имајќи директен пристап до првиот тим и академијата на дневна база, со веќе добро искуство. Знаеше се што и како функционира.

Добро се снајде Чех во овие три години, посебно како прва работа после пензионирање. Имаше голема улога во директните преговори со играчи за трансфери, посебно големото лето со Лампард. И секако, фрноменална работа со идентификување и договарање на Менди.
 
Чех е легенда и добро си ја заврши работата за ова кратко време.

Само:

Патот е овој. Дали тренерот е Тухел или Сколари.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom