Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Во наредните 5-10 минути мора да биде сменет Кова, со надеж дека Канте е спремен за 20 плус 30
Автоматски споено мислење:

Среќа па за Милнер исто имаше жолт.
 
Последно уредено:
Со што заслужи Пулишиќ продолженија во финалево, само Тухел и ако има Господ, знаат.

Како за инает сите напади ни одат од страната на Алонсо и Пулишиќ, Маунт и Џејмс сами дремат десно.
Тухел денес ме разочара со некои потези. Измените и тајмингот, капак. Додуша ништо ново.
 
Се изнаигра Лофтус...


Баркли го стави за да шутира пенал. Немаше кого да извади од овие на терен.
Автоматски споено мислење:

Капитенот по којзнае којпат ја продава, сега во пенал-серија. Заедно со идниот капитен.

Финале на Тухел и неговиот избор на играчи, замени, избор на шутери. Азпиликуета втор. Први тројца шутери - дефанзивци.

Вернер отседа на клупа, пред него како шпиц влезе Лофтус-Чик. А дуелов врескаше за брзината на Вернер и топки во меѓупростор.
Четири пати играме со нив сезонава, четири пати не сме полоши и четири пати не победуваме.

Нула карактер. Ај ќе пишат сега некој твит, ќе ублажат.
 
Последно уредено:
Што се случува со куповиве...
Пет финалиња ФА Куп во последни шест години, само една победа.
 
Барем некој.



Секоја чест за Ема Хејс и девојките. ФА Купот, освоен.
 
Двојна круна после долга и исцрпувачка сезона и за жените. Кер е феноменална.



20220515_181056.jpg
 


Trivago му посакаа добредојде на Боели, но подоцна го избришале твитот. Избрзаа.
По тој твит, следуваше Мет Лоу и веста дека преземањето на Челзи е во финална фаза (до крајот на оваа седмица).
 
Голема чистка е потребна и тоа уште летово да се започне.
Изградба на тим, прво да се ослободат од непотребни лешинари кои знаат (можеби) да додадат само до најблискиот по страна и не знаат да трчаат на гол.
Па потоа и да се купи/интегрира.

Кога бековите ти се најопасни во тимот, нешто дебело не е во ред. Нападот е трагичен.
 
Пулишиќ веќе не е за коментирање. Катастрофален фудбалер. А само за себичењево денес, Зијеш прв на клоци би го кренал во јули.

Трето место потврдено. Еве скоро две децении со тимов, ниту една сезона ме нема вака исцрпено. Немам ништо во мене веќе. Нека одиграат со Ватфорд во недела и да одмориме сите и ментално и физички.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom