Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Свесен ли си што збориш, оваа утакмица не ја гледав баш како што треба имав некои гости по дома, ама за цела сезона да кажеш дека Ивановиќ е дупка тогаш најверојатно имаш проблем со видот, човекот игра одлично, игра со срце, игра дури и цело полувреме со крвава копачка, позади е не прооден, дава голови а тоа нему е работа, секој тим во европа би сакал да го има во своите редови, ти констатира дека е најслаба точка во тимот, дури ни за Оскар и Кејхил не се согласувам али ајде ми боде очи ова за Бане, едино можам да сватам да сега со Саутемтон одиграл лошо и мислењево си го пишувал во афект, но доколку сеуште тврдиш дека Бане е дупка, тогаш батали гледање фудбал и фокусирај се на нешто што помалку те нервира.

Играл со срце. Точно. Како игра и како влијае врз играта е друго прашање.

Најслабата сезона во Челзи досега. Во милион наврати очаен во одбрана и малку побрзи играчи, по лева страна професионално го работеле.

Само очигчедно дека ти си пристрасен и дека откако паметам не смеело да се каже лош збор за српските играчи. И гледај си за тебе, не туку ми кажувај дали треба да продолжам или не треба со гледање фудбал.

Играл со срце, каква излитена и патетична фраза.
 
Брату не трескај од Иванович моментално немаш подобар десен бек у премиер лига така да ова не ти држи вода
 
Играл со срце. Точно. Како игра и како влијае врз играта е друго прашање.

Најслабата сезона во Челзи досега. Во милион наврати очаен во одбрана и малку побрзи играчи, по лева страна професионално го работеле.

Само очигчедно дека ти си пристрасен и дека откако паметам не смеело да се каже лош збор за српските играчи. И гледај си за тебе, не туку ми кажувај дали треба да продолжам или не треба со гледање фудбал.

Играл со срце, каква излитена и патетична фраза.
Нема везе што е Србин и он и Матиќ во репрезентацијата се катастрофа па сум прв кој што ги критикува, ама во Челси да кажеш дека е лош тогаш најдругарски ти препорачувам да не гледаш фудбал бидејќи губиш нерви без потреба, така да сконцентрирај се повеќе на балет или ритмичка гимнастика барем ке опуштиш мозак.
 
Нема друг појак,па затоа можеби е најдобар .

За Оскар веќе да не правиме муабет,според мене најслаб во тимот веќе долго време.
 
Фалкао го сакаат? Епа стварно немаат памет
 
Ивановиќ ни е еден од најдобрите за мене, Оскар никад не сум го сакал ама Бане е звер.
 
oscar-chelsea.jpg

Ужас, никогаш не сум го сакал. Се надевам ќе биде продаден на лето.
 
Тоа што Ивановиќ го гледаме сите како иден капитен, не значи дека сезонава е Бог. Со неговите игри стекна статус на одличен играч изминативе години. За волја на вистина и така е. Јас многу го почитувам како играч и го почитувам неговиот придонес за тимот. Но, сезонава Ивановиќ е просечен. Неговите слаби игри ги најави уште од ланскиот полуфинален двобој со Свонси во Капитал Купот, кога испаднавме по негова директна вина, примајќи два голови.

Десната наша страна сезонава е очајна и апсолутно е нашата ахилова пета. Кејхил и Ивановиќ. Натпреварот со Тотенхем навестуваше такво нешто. Ама вас очигледно ве има прифатено синдромот на Мурињо, па затоа ќе прекинам да пишувам на тема Ивановиќ засега.
Се додека не се појави некој нов Мане и го работи како бавча.
 
Ај брат у реду е одмори

Ако те заморува форум кој е наменет за дискусии, тогаш ти си тој што треба да одмори. Брат.

И не ми се обраќај со такви мизерни фори нареден пат.
Брат.
 
Тоа што Ивановиќ го гледаме сите како иден капитен, не значи дека сезонава е Бог. Со неговите игри стекна статус на одличен играч изминативе години. За волја на вистина и така е. Јас многу го почитувам како играч и го почитувам неговиот придонес за тимот. Но, сезонава Ивановиќ е просечен. Неговите слаби игри ги најави уште од ланскиот полуфинален двобој со Свонси во Капитал Купот, кога испаднавме по негова директна вина, примајќи два голови.

Десната наша страна сезонава е очајна и апсолутно е нашата ахилова пета. Кејхил и Ивановиќ. Натпреварот со Тотенхем навестуваше такво нешто. Ама вас очигледно ве има прифатено синдромот на Мурињо, па затоа ќе прекинам да пишувам на тема Ивановиќ засега.
Се додека не се појави некој нов Мане и го работи како бавча.
Залажува ептен и придонесот во напад, па затоа сите го гледаат како одличен сезонава. 6 гола и 6 асистенции има, што е одлично за дефанзивец, ама и 10 нека даде ако сака, жабе му се ако позади не си ја извршува работата како што треба. Се согласувам делумно со тебе, знае да биде изгубен позади сезонава, ама не до толку. Но сепак да, многу често лесно проаѓале противниците од негова страна. Вчера ептен ме нервираше кога се залетуваше напред ко да е напаѓач, а ако изгубиме топка, а на Фабрегас му ја зимаа како на дете, позади нема шанси да стигне да покрие. Така да дефинитивно се согласувам дека сезонава во дефанзива не е тоа тоа, иако не до толку ама сепак се гледа разликата.
 
Не ми е јасно зошто го купија Фелипе. Бане може да ротира на местото на централем, мада формата во дефанзивниве задачи му е никаква, нека не ве лаже повремениот блесок кога ја нема веќе таа константност во дефанзивата ни Бане ни Кејхил. Истрошени се веќе и неможат да играат нон стоп. Тери пак е сосема друг случај. Што повеќе старее, се подобар е. Има уште две добри сезоно, нормално со одреден број на утакмици.
За Фелипе сметам дека е печен за прв тим, Цезар да си заигра на својата позиција. Јеботе Мур, жртвува два играчи само да игра Бане бек.
2 месеци сме во лоша форма. И покрај тоа веќе добивме еден трофеј, и сеуште сме први. Опадна квалитетот на ПЛ.
За со Псж потфрли менталитетот. Немаме биг балс шо би рекол Мурињо, освен Коста кој се бореше никој друг не изигра мотивирано.
Компарацијата помеѓу минатиот Челзи на Мур и сегашниов, говори многу за разликата во менталитетот на играчите. Ејј Ливерпул во гости го газевме со 3-0.

На лето очекувам неколку засилувања. Очекувам некој од Варан, Погба или Фалкао да ги видиме кај нас. Малце субјективни се желбиве :cool:
Оскар би требало да си оди. Мака ми е што Де Бјурн замина наместо Оскар.

И Квардадо нека започне да го игра.
 
Па таа е финтата.
Мора да се освежи одбраната.

Луис - Зума - Тери - Азпи
 
Моментално имаме најслаба игра у последни 5 години, они се фатиле за Иванович.
Ја стварно не знам дали сум единствен на форумов што мисли дека е ова најмизерен и најслаб Челзи изминативе 5 години. Најсериозно не знам како сме у борба за титула со оглед дека играва од НГ, дури од декемвери навака е ала тим за шесто за место.
 
Па така е.
Уште од првата утакмица со ПСЖ после тие 1-1 сите ќефој беа тука. А јас уште од тогаш реков дека играме катастрофа, некои ме демантираја ама еве до кај дојдовме.
Со Мурињо никогаш не играме убав фудбал, само одбрана.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom