Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Е богами за чудење сте луѓе :confused:

Кога Тери ни го вадеше газот константно на не знам колку утакмици кога вадеше топка од сама гол линија , кога даде гол на Наполи . Кога се снаоѓаше во невозможни ситуцации тогаш беше добар .
Ама кога ќе направи кикс одма плукање по него , Да утакмицата е за никаде издание мизерно , никакво изгубено и неконцентрирано делуваше.
Ама стварно нема потреба од типот на леле ауу катастрога е човеков , ќути нема да игра . Како да нема право на лошо издание , на лош ден .
Игра нон стоп човекот ви играше со скршени ребра , ако на него му спорите ако не сте задоволни од него тогаш не знам што понатака . :eek:
Интересно е што не е само тој , пред неколку месеци во сиромашните изданија на 34 годишниот Дрогба сите го бркавте од Челзи (со ретки исклучоци бе ) сега ? !
Сега некако не ви се пушта може зошто ви донесе финале ху ноус :rolleyes: Торес иста приказна , Ешли Кол иста чак некој и се дрзна да го руга Чех ? !
Човекот лета пред голот , се чуди со него цел свет , светски тренерски имиња , коментатори и играчи му се поклонуваат .
Ама тука се најдоа паметни луѓе кои ќе кажат кој колку е добар во Челзи интересно е што мислењето ви се менува побрзо од времево .

Значи кога ќе дадете став останете на тој , ако решите да го смените останете на променетиот вака отсрана кога ве чита некој се гази од смеење ...
И чисто како пример Меси потфрли кога беше најважно , за клучните натпревари . Се чудам како тоа никој не го брка од Капм Ноу да бевте вие ехеее ...

Тери е ИГРАЧИШТЕ КЛАСА играч што секој тим би го посакал во свои редови . Посветен , борбен , амбициозен и упорен КАПИТЕН . Роден лидер среќа за Челзи што го има ! Игра со срце , лојален на сините и легенда на клубот .

Не си плукајте по вашето ... Останете лојални на тоа што го сакате и бодрите
 
asd.jpg
Тери, Дрогба и Лампард се живи легенди на Челзи, тоа се тип на играчи кои се стара школа и кои се едни од ретките денес во фудбалот кои играат со срце за еден тим, кои знаат што е љубов спрема клуб, и заклучно со тоа заслужуваат доживотен договор во Челзи, дали како играч, тренер, скаут или слично, на овие луѓе тече сина крв!
 
Овој Кагава кое играчиште е, а плус и за евтини пари може да се земе.
 
Овој Кагава кое играчиште е, а плус и за евтини пари може да се земе.
Германскиве сите сите се евтини, марин еве 8м, Озил пред 2 години за 20м, а да беше од англиските тим ќе вредеше 40м секако.
 
Утре во 11та минута од натпреварот ќе има огромно скандирање за Дрогба, во негова чест.
По се изгледа дека ќе си оди..:place:
 
Утре во 11та минута од натпреварот ќе има огромно скандирање за Дрогба, во негова чест.
По се изгледа дека ќе си оди..:place:
Ако му фрлиле мерак на Фалкао или било кој супер добар напаѓач од негова бранша ќе си оди... Ако не, ништо од муабетов (y)
 
Овациите се организирани од навивачите, а не од клубот, така да тоа не е никаков индикатор за тоа дали ќе си оди или не.

Јас мислам дека ќе го продолжи договорот.
 
Па божем требаше сега да пробаат пак, ама нема ништо, а прочитав дека изгледа Ди Матео рекол дека ќе му понудат пак нов договор после ЛШ. Неможам да го замислам Челзи без него. А и покажа сезонава колку е битен во големите утакмици. И верувам дека може уште две сезони минимум да игра.
 
Луѓе, доста се потресувате без причина..... муабетот е само изваден од контекст :cautious:

Навивачите си прават бекап планче со организирање на овации во негова чест ВО СЛУЧАЈ АКО си замине (што не значи дека и ќе се случи).Можно е ова да му е последен натпревар на СБ - па сакаат на овој начин да му се оддолжат за се` што има направено за клубот.
Уште ништо не се знае...допрва ќе се одлучува за неговата иднина по завршувањето на сезоната. Мислам дека ако даде решавачи гол за победа во Сабота ќе остане 101%
(y)
 
Слушам Баерн ке не згазеле во сабота:pos:Па не свакам шо мислат ке им биде болје кога у сабота ке играат без двајца клучни играчи од одбраната:)
 
Не гледав вчера, ама штом може од Дортмунд да изгубат 5-2 зошто не би можеле Челзи да тепаат. Друго е финале ЛШ, тотално друг пристап ќе имаат ама сепак, шансите се 50-50. Се може да се случи.
 
да не имаше најава за пренос на спортклуб иако не ми се верува ??
да си бараме стримови со време ?? :)
KTBFFH
да ги испалиме сега овие за крај на сезонава
 
На Sportklub ќе има комбинирано следење на сите последни 10 утакмици од ПЛ.Да си се најде некој стрим најдобро барем да си ги гледаме нашите ко за крај на оваа сезона т.е во Премиер Лига и уште еднаш за ЛШ другата недела , и дај боже да го освоеме трофејот во ЛШ иако тешко е да се верува но game on , ќе биде жешко. Како и да е KTBFFH и ајде да пунеме до врв денес :D . Патем за Дрогба тоа е од страна на навивачите.Сеуште сум сигурен јас дека ќе добие договор сум сигурен мислам дека ќе има нов договор бидејќи кажаа дека преговорите за нов договов ќе продолжат после ЛШ па дај да видеме и тоа чудо , дај боже да се деси :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom